Види, не е финтата дали некој свршува на Тарантино или не, зборуваме за Бастердс и 2012. Прво велиш дека 2012 има подобра приказна од Бастердите, подолу во постот велиш дека нема никаква приказна
Зборувам за филмот како целина, од сценарио, актерска екипа, па се до костимографија Бастердите се далеку пред 2012 бар за мене. Лично мене 2012 ми е нешто како продолжување на филмовите Independece Day и Day After Tommorow, всушност станува збор за истиот режисер, додека Тарантино воведе еден филм со поинаква и уникатна приказна, многу покреативна од онаа на 2012 каде што се прикажуваат на дело како се остваруваат слепите верувања на луѓето што немаат попаметна работа па се занимаваат со календарот на Маите и предвидуваат апокалипса во 2012.
На крајот на краиштата ѕирнете имдб и оценки, бар истите се поклопуваат со моето мислење.