Кајгана анкета за Парламентарни избори

За која партија би гласале на 15ти јули?

  • 1.ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • 2.Демократи за Македонија

    Гласови: 0 0,0%
  • 3.Коалиција СДСМ+БЕСА+останати

    Гласови: 21 11,0%
  • 4.Левица

    Гласови: 57 29,8%
  • 5.Алијанса+Алтернатива

    Гласови: 0 0,0%
  • 6.Глас за Македонија

    Гласови: 2 1,0%
  • 7.Г Д У

    Гласови: 2 1,0%
  • 8.Интегра

    Гласови: 5 2,6%
  • 9.ДУИ

    Гласови: 0 0,0%
  • 10.СДУ Скопје на Петар Богојески

    Гласови: 1 0,5%
  • 11.Единствена Македонија

    Гласови: 1 0,5%
  • 12.МОРО Работничка П

    Гласови: 0 0,0%
  • 13.Народна партија на Ромите

    Гласови: 3 1,6%
  • 14.ВМРО-ДПМНЕ+останати

    Гласови: 46 24,1%
  • 15.Твоја Партија-Најчевска

    Гласови: 2 1,0%
  • 16.Ќе го поништам

    Гласови: 14 7,3%
  • 17.Бојкотирам

    Гласови: 25 13,1%
  • 18.Сеуште не сум одлучил

    Гласови: 12 6,3%

  • Вкупно гласачи
    191
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Нема такво нешто како ГДУ, тоа е Сдс, лично сум го видел Колев како присуствува на митинзи и трибини на СДС пред да се формира оваа партија.ЗНајголемиот дел од тие "десничарски" партии се направени само да му се земат гласови на ДПМНЕ.

И не си само ти, пред некое време читам многу луѓе паднале на вие лаги ама па среќа има интерент и овие партии ќе ги снема после овие избори.

Добро и Дпмне кога беа на власт, и кога имаше во нивно време превремени парламентарни избори и тие ја користеа истата тактика, помагаа да се формираат левичарски партии со цел да се одземат гласови на тогашната опозиција од СДСМ.
Автоматски споено мислење:

Неговата партија сака да воведе радикализација, комплетно менување на систем. Нивната програма е заснована на еднопартиско владеење, владеење на работникот а не капиталистот.
Еве ти линк од ударните мерки на Левица
EDIT: Една од мерките коишто ги нудат е воведување данок на богатство. Колку си побогат толку повеќе данок ќе плаќаш. Правопропорционално колку си поголем капиталист, толку повеќе над глава ќе ти висат да не се обогатиш премногу.
Така да не се погрешно изразив.

Баш ќе воведат радикализација, нема грешка.
Ако успеат да испаднат како партијата Мост во Хрватска или коалицијата Живи Зид во Хрватска, тоа се партии кои успеаа да влезат во Хрватскиот Сабор на претходните избори но ништо не направија во Саборот си молчеа. Но во Хрватска полесно е на помалите партии да влезат во Саборот, кај нас системот ги гуши малите партии.
Автоматски споено мислење:

Не 50 пратеници. Доволно се 5, од секоја партија по еден. И онака сите од една партија гласаат идентично.

Реално е така, ќе се соберат севкупно неколку души кај претседателот на државата на оние состаноците кои знае претседателот да ги организира под името " лидерски средби" и ќе одлучат 5-6 ликови што ќе се прави во државата.
Петар Колев (претседателот на ГДУ) е поранешен претседател на здружението „Македонско - бугарско пријателство“. Плус има негови изјави низ годиниве кои што се поврзани со вадење бугарски пасоши, а и се има среќавано со Каракачанов во Бугарија.



Еве и некое интервју за бугарски медиум, со крајно тенденциозен наслов:

Еве и еден напис од про-сдсмовскиот „медиум“ Народен Глас:

Еве и напис од про-вмровскиот „медиум“ Инфомакс, каде има и слика на Петар Колев со Каракачанов и компанија:

Ова чисто да си знаеме на што сме и какви ликови го користат моменталниот хаос да ќарат и да влијаат со користење гол популизам, да не биде после чудење за некое време. И да не се разбереме погрешно, не се само ГДУ вакви, сите моментални „трети“ опции се во суштина ликови кои харале со години како дел од секакви партии и здруженија, само сега им се укажала шанса и сами да се пробаат.


И гледаш дека од 2018 година кога дал изјава дека ќе се олесни процедурата за од државава народот полесно по забрзана процедура да добива Бугарски пасош, од сето тоа нема ништо.
Дури и побавно сега луѓето добиваат Бугарски пасоши, не да е забрзано, туку е успорена таа процедура со Бугарските пасоши.

Таа негова изјава од 2018 е чист спин, популизам е во прашање.


Погледни го кај Ефтов ама и обавезно гледај го видеото од вториов линк.
Повеќе од ова мислам дека нема потреба да ти посочувам.

Балоните ги пукал .. абе деца деца ...

Апасиев да имаше образ и тој ќе пукаше балони на двете најголеми партии кои 30 години наназад го пукаат општествово како сакаат, ама Апасиев ја стави Левица во затскриена сервилна служба кон ДПМНЕ и не сака да им се замери на Мицко и ДПМНЕ, што мислиш дека од ДМПНЕ нема Апасиев добиено извесна финансиска подршка за да ја земе Апасиев под своја контрола Левица.
Едноставно Апасиев со туѓи пари подмити дел од членството на Левица да му е верен слуга на Апасиев, а оние како Здравко Савески и останатите кои се побунија Апасиев со пуч ги избрка од Левица.


Кај Ефтов низ годиниве продефилираа секакви гости во емисиите. Што се имаат некои негови гости кажувано во емисиите па ништо не се оствари од тие изјави на гостите.
Чисто пример, имаше еден гостин од Србија, зборуваше кај Ефтов дека СДСМ ќе довеле мигранти кои ќе купувале станови низ центарот на Скопје а Македонците од центарот на Скопје ќе се иселувале низ внатрешноста на државата а од тоа не испадна ништо.

Така и тоа што Колев го кажал кај Ефтов е обичен спин популизам, тоа дека работел за Бугарска кауза можеби, но дека пример Колев имал влијание и моќ да олесни процедура за Бугарски пасоши секако дека не, можеби единствено Колев за негови блиски роднини и пријатели ќе среди да добијат експресно БГ пасоши а за обичната раја ќе си остане голгота од 5-6 години процедури за БГ пасоши.
 
Последно уредено:

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Не добив конкретен одговор, искрено ме интересира.Не ме интересира за вмро и сдсм и не би сакал да се вадите на нив, туку кои се размислувањата на левица по тоа прашање?
Ako мислиш на едношалтерскиот систем, да тоа е една од мерките. Двосменско работење на шалтерите.
106279058_602146010711911_8627218063068718810_o.jpg EcFdYGpXQAEkTzA.jpg 89712812_525736225019557_5016260208154902528_o.jpg
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Ako мислиш на едношалтерскиот систем, да тоа е една од мерките. Двосменско работење на шалтерите.
Прегледај го приврзокот 258016 Прегледај го приврзокот 258018Прегледај го приврзокот 258017

Мислев на генерален став во однос на модернизација на администрацијата.Пример: во косово има банкомати кои штампаат било каков документ (извод за родени, умреница, итн) на лице место за 30сек-1минута за 30 денари.

Или да се направи една централна база со која што ќе се заобиколи употребата од штампање разно-разни документи и рецепти за лекови.Дополнително сите услуги би се извршувале електронски од дома.

Вакви и слични потези би ја заобиколила потребата од луѓето на шалтери.Прашањето ми беше, дали левица како партија на народот, ќе спречи вакво нешто за да нели, има работа?

ПС: Има двосменско работење на шалтерите.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Мислев на генерален став во однос на модернизација на администрацијата.Пример: во косово има банкомати кои штампаат било каков документ (извод за родени, умреница, итн) на лице место за 30сек-1минута за 30 денари.

Или да се направи една централна база со која што ќе се заобиколи употребата од штампање разно-разни документи и рецепти за лекови.Дополнително сите услуги би се извршувале електронски од дома.

Вакви и слични потези би ја заобиколила потребата од луѓето на шалтери.Прашањето ми беше, дали левица како партија на народот, ќе спречи вакво нешто за да нели, има работа?

ПС: Има двосменско работење на шалтерите.
Да сето тоа е во програмата, иди до капитол ако си од ск земи си програмата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom