Мене не ми е тоа што си номинирал сопствени филмови, и онака немаше да заприметиме. Мене ми е што ни срам ни перде кажа дека не го испочитува правилото, па изгледа нефер спрема другите кои сакале да си гласаат за свои филмови.
Не гледам како ќе го направиме изборот поквалитетен со ова.
Бев искрен и го образложив истото, ако мислиш дека искреноста е за срамење тогаш не знам што да ти кажам.
Види, знам дека имаш малце personal grudge према мене од претходни дискусии, али размисли еве и кажи ми, зошто не би можел некој да даде поени за филмовите кои тој ги номинирал? Таквиот начин на гласење работи кога секој пријавува нешто
свое, со цел да се натпреварува
против останатите натпреварувачи. Евровизија на пример. Во овој натпревар очигледно е дека не пријавуваме ништо свое, секој си пријавува филмчиња, не ги направил тој па за нив да се бори, туку собираме купишта филмови и колективно пробуваме да ги подредиме, не се натпреваруваме едни против други. По ниедна основа нема логика тоа да не може да се даваат поени на сопствените номинации, само би се изгубило од квалитетот. Верувам дека ова е лесно да се согледа.
Не го кажувам ова пошто водам инат, не правам никого морон, ниту од досада влагам со клизачи. Ако не би го ни го согледал моето размислување само од тие причини, еве ти го давам мојот збор дека не е така, какво мислење и да имаш за мене. Едноставно давам конструктивна критика со која би можел и јас да помогнам. Што ако си организирал, тоа не значи дека се е совршено, нели? Но некад треба да се потпреш и на туѓо размислување. Сепак сите сме еднакви, нели? Јас го почитувам тоа што си се потрудил да организираш, но зошто мислиш дека ако го прифатиш мојот предлог тоа е како да ти правам undermining на работата? Не е ко да пробувам да ти одземам од правото на организирање или да ти загрозам ингеренции. Не. Ова сега ти го кажувам ова пошто очигледно е дека така гледаш на работите, наместо со аргументи да ми кажеш која е логиката во правилово, ти по мене напаѓаш. Како и да е, ако не го прифатиш моето мислење само поради лични причини, а го одбиеш покрај објективни, квалитетни аргументи, тогаш сам себе си штетиш. Па сега постапи како сакаш, дисквалификувај ме, банирај ме од темата, не ми ги брои гласовите, сеедно. Само знај дека не губиш ништо ако се согласиш со мене, стварно не сфаќам зашто не би го направил тоа.