Каролина Гочева

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.352
Поени од реакции
7.489
Една од нашите познати пејачки(мислам дека беше Кристина Арнаудова) кажа еднаш, ако сакаш да те има во весници сам се јавуваш во весниците и они како демек случајно дознале, само нас ни кажуваат вицови за мали деца, кој ги разбрал нема веќе да ги слуша кој не ги разбрал пак ќе ги слуша новите вицови.
Па за ова со веснициве, имаше една колумна, само заборавив да ја зачувам во букмаркс. За тоа како новинарите од истражување ни и не гледаат, и само чекаат да им стигне нешто на мејл, да пополнат простор.

Во тој поглед, акцијава на Каролина е 100% успешна, волку активна темава не била со години. Е сега треба на уште едно поле да се провери ефективноста на целава оваа акција. Конкретно, профитот од продадени дискови, карти за концерти, договори со спонзори, итн.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Викендот се снимаше песната" Мој је живот моја песма" и наскоро ќе биде промовирана квартет со Каролина,Нина Бардиќ,Александра Радовиќ и Маја Сар,инаку песната е со цел подржка на акцијата за подигнување на свеста кај жените за певенција од карцином на грлото на матката.
Ова е втора песна на Каролина снимана за хуманитарна акција, првата беше со Аки Ракимовски за хрватската кампања против дрогата - Бела песна.
Use somebody е баш створена песна за Каролина, преубаво отпеано.

А за весниците, нормално дека нејзината продукција ќе ги информира за работите кои се однесуваат на нејзината кариера, а тоа се голе­ми кон­цер­ти, нов ал­бум, нов бренд со ко­го со­ра­бо­ту­вам и слич­но. Единствена пејачка за која не се пренесуваат сите можни детали од настапи и случувања по весниците.
За приватниот живот убаво си кажува и она, само што тешко е изгледа да се сфати. Наместени фотографии и скандали досега немало, сите слики во весници и снимки на телевизија каде Каролина е фатена со дечко на некоја промоција, настан итн, се сликани од медиуми кои нормално ги посетуваат тие промоции. И Александар Наков, уредник на магазинот Свет кажа дека Каролина е можеби една од ретките која никогаш не се јавувала во нивната редакција да кажува што и како за неа да се пишува и секогаш од други извори, Свет дознавал за нејзините врски и интересни работи. Најтиражен број на Свет з аоваа година како што кажаа бил оној од летово каде е сликана Каролина во бикини.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Па за ова со веснициве, имаше една колумна, само заборавив да ја зачувам во букмаркс. За тоа како новинарите од истражување ни и не гледаат, и само чекаат да им стигне нешто на мејл, да пополнат простор.

Во тој поглед, акцијава на Каролина е 100% успешна, волку активна темава не била со години. Е сега треба на уште едно поле да се провери ефективноста на целава оваа акција. Конкретно, профитот од продадени дискови, карти за концерти, договори со спонзори, итн.
Пејачите се должни кон новинарите да ги информираат за нивните професионални активности(едни на други си се потребни),само проблем претставува кога некои ќе станат препатетични па деноноќно објавуваат се и сешто,па и да прднале ќе објават и од мравка прават слон.
А она што велиш акција на Каролина па не би се сложил дека постои затоа што има многу нејзини професионални активности кои воопшто не ги објавувала во медиумите а кои за нејзините колеги би се отепале од гостување по телевизија за се дообјаснат кај биле и што се направиле. Таа имала бројни настапи по Швајцарија,Италија,Данска, Шведска,Чешка,Ех ЈУ, Бугарија,Холандија и многу други и за нив многу и од т.н новинари кај нас не ни знаат,затоа што Каролина смета дека е непотребно да ја гуши јавноста со тоа дека некаде имала настап и од тој настап да прави како да пеела во Б.Арена како што тоа го прават некои квази ѕвездички кај нас за тоа нема потреба,никогаш не градела кули од карти зашто тие секогаш паѓаат и кратко траат.А за приватноста никогаш не зборувала,ниту потвдува ниту демантира нешто,само кога ќе биде фатена со слика со дечко и го признава тоа и тука завршува нејзиното информирање на јавноста.
А она што била актуелна на форумов е затоа што предизвикала внимание кај некој позитивно и кај некој негативно што е најнормална работа,па се коментира за се и сешто за неа и околу неа.
Она што јас го знам е дека Каролина ги прележа сите детски болести од шоу бизнисот одамна и повеќе не ја тангира она што се пишува за неа,не е битно што е напишано туку кој го напишал.

--- надополнето ---

А во однос на она што го изјавува Кристина Арнаудова и таа имаше неколку интимни исповеди пред јавноста и тоа мошне длабоко интимни кои сама таа ги сподели со јавноста,но тоа е нејзин избор.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Се продадоа фустаните на Каролина


Хуманитарната акција под мотото „Дојди. Подари радост!“, во организација на Центарот за здрав живот „Самосвест“ има за цел од ваквата распродажба да собере пари кои ќе бидат донирани на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле и Универзитетската клиника за детски болести .​
Покрај спомнатите во акцијата учествуваа и Ана Зафирова, Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски, Весна Петрушевска, Маја Панчева, Дарко Панчев, Тони Зен, Влатко Стефановски, Слаткар, Каролина, Дани, Тијана Дапчевиќ, бендот Љубојна и уште 30-тина други.
Нивните предмети беа понудени на продажба преку две посебни аукции кои беа организирани во текот на утрешната распродажба. Првата аукција на предмети донирани од познати јавни личности започна во 12 часот, а втората во 14 часот.
Меѓу предметите кои беа дадени на аукција се и портретот на Кристина Арнаудова изработен во специјална стрип техника од цртач кој сега црта за „Дизни“, специјално шише со орнаменти изработено од актерката Билјана Беличанец, фустани на Каролина Гочева и други.

Акцијата ја подржаа и Градот Скопје, „Хофман – Ла Роше“, Фондацијата „T-Mobile“, „Акрон“ и „MyPrint“.​
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
3
Nesto vidov na Trotoar Mia menajerkata so bese na Hard Rock se spukala so karolina, a isto i helena roza izvadila nekoi pikanterii za Karolina samo ne go izgleav prilogot. Neka kaze nekoj so gleal sto e rabotata
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Aко немаш што да напишеш, подобро не измислувај.
Прилогот беше за некаква си кавга меѓу Миа и Хелена.


ОСТАНАА УШТЕ 5 ДЕНА...
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
3
Slusaj vamu ti da ne si administrator ... ne nareduvaj promoteruuu.. a i ne mi kazuvaj deka ismisluvam ubavo vidov deka dali bese mia ili Helena i imaa napisano na profilot kaj karolina '' so zguzvanata faca '' za karolina se odnesuvase i deka karolina peugeotot go dobila od nekojski tamu
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Не се скарала Каролина со никој,а она за Хелена,во едни интервју Хелена зборуваше за тоа колку малку кај нас пејачите заработуваат во однос на оние од Србија,ништо лошо не кажа,а она за Миа не знам.А и каква пикантерија е тоа не знам.А во однос на теренецот 4007,Каролина е заштитно лице на пежо и нормално дека го добила на подарок исто како и Калиопи и Влатко Лозановски,па и други македонски пејачи возат гратис автомобили и што е тука тоа пикантерија.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Сега го гледав Тротоар. Се работи за препукување меѓу Миа Костова и Хелена Роза. Хелена во некое интервју зборувала за пежото кое го добила Каролина, а пак Миа застанала во одбрана на Каролина и ја нарекла Хелена изгужвана хартиена кеса од Рамстор затоа што се дрзнала да каже нешто за поп принцезата како што ја нарекува Миа.
Кавга меѓу Хелена и Миа, глупости.
Миа е таа што се сликала за следниот број на Плејбој.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
ОД ПОНЕДЕЛНИК ВО ПРОДАЖБА

Од понеделник новиот албум на Каролина во продажба насекаде околу нас, како што се кажува на рекламата
Чекавме 5 години и конечно нов поп албум на најпопуларното македонско девојче:vozbud:
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Српската верзија "Više se ne vraćaš"

 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Српската верзија ми е подобра од македонската. Точно дека текстот се вклопил подобро
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Поубаво ја склопиле српската верзија на песната одошто македонската. Но, како и да е, убави се и двете на свој начин.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Конечно од утре излегува во продажба новиот албум „Капка Под Небото„



 

Kajgana Shop

На врв Bottom