Каролина Гочева

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Народов се изначуди зошто се разголила, а наводно неконзервативните ликови на форумот плус Бени и судат зошто не се сликала гола. Што ќе беше да се сликаше гола не сакам да знам. Абе тоа ми беше поентата, не глумете неконзервативност, кога и самите знаете како би реагирале тоа да се случи со било кој.
Она сигурно немала да си дозволи да се слика гола за било која сума, а сликање како за на плажа и плус за тоа да се добие толкава бројка на пари на кој нормален не би му било супер.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Прво, Каролина е певачица или старлета (модерен израз за к*ветина)? Знаеме дека е певачица, па што мајка бара тогаш на Playboy, или не може да се пробие како певачица, па ајде сега проверен рецепт од Северина. Мислам во последната декада, толку се промени начинот на комзумација на музика, па самата музика што се прави е на последно место, на прво место е колку е она секси, како демек кога јас ја слушам нејзината музика си фантазирам како јас правам ојле-дојле во кревет со неа, тешки глупости се тоа што ги прават не само Каролина, туку и скоро цела музичка поп индустрија, каролина само копира од нив демек е тоа добро. И како нема да и судат на каролина, кога она се декларира поп певачица а не турбо фолк, и тие што и судат не се конзервативни едноставно се паметни, затоа што знаат дека музичар во медиумите треба да го има со неговата музика, не оваа вечер со кога завршила или дали се опила оваа вечер, тоа е сосема ирелевантно. Ако сега некој ти наметнува дека најмодерно како музичар да имаш и порно филм и си конзервативен ако немаш, ти ќе направиш порно филм само за на некој да му покажеш дека си модерна, b*shit. Поентата е музичар прави музика, порно актер/ка прави порничи и оставите ги порно актерите да си ја работат нивната работа оти и онака не ги бива музичарите за порничи, како што и порно актерите не ги бива за музичари.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
А значи убаво и било да прифати да се слика за Плејбој, каде и мало дете знае каква треба да изгледа насловната страница? Што не рекла тогаш, не сакам да се сликам гола ова она или убаво и дојдоа 10.000 евра? Нека трпи сега коментари од јавноста, што се лутите тогаш.
Ова е исто како некој газда од мене да побара да му направам вебсајт со сопствен CMS а јас да му направам некој темплејт од Joomla и да му кажам абе шефе парите ок се што ми ги дадовте ама народов е затуцан, нејќе убави и нови работи, доста му е Joomla.
И кој би рекол дека она е курва ако се сликала гола за Плејбој? И така ова списание го чита машката популација од некаде 15,6-40, кои веќе знаат што е Плејбој всушност.
Искрено ,не ми е јасно кој е тој родител кој своето мало дете го воспитува каква треба да биде насловната на Плејбој,за тоа каква треба да биде си знаат сопствениците,а за сите останати првин купете прочитајте,па после коментирајте и ако веќе не ви се даваат пари веќе остаре тој број може веќе го има на Битпазар за 50ден. купете видете што пишува и што се има во Плејбој,Плејбој е магазин кој го читаат современи луѓе(и машки и женски),не е порно часопис,па и во Вест во секој број има гола девојка и што сега треба да мислиме за Вест каков весник е тоа.

А она што тука го спомнувате Кафанската певаљка Бени,не знам па кој воопшто него и го слуша, истиот тој кој деноноќно плукаше по Тоше и зборуваше како Марјан С. е подобар,а денес се колне во нешто трето,такви луѓе не коментирам.

--- надополнето ---

На регионалната MTVAdria започнува нов проект насловен Хиторама во кој изведувачите и бендовите од регионот ќе имаат можност во живо да се претстават пред публиката во студиото на Кошутњак во Белград,водител на ова шоу е популарниот српски глумец Сергеј Трифуновиќ.Честа прва да настапи од Македонија и припадна на Каролина,таа ќе настапи со "Више се не врачаш" и со "Use somebody" од американскиот рок бенд "Kings of leon" инаку разговорот пред настап што ќе го има Каролина со Сергеј ќе седат на трева.
Проектот започнува на 26 ноември на MTVAdria.

--- надополнето ---

Следната недела во Белград, Каролина ќе снима спот за "Не се враќаш".Инаку мене лично српската верзија ми се повеќе допаѓа,некако текстот повеќе легнал на музиката и покрај тоа што досегашниве песни на македонски ми звучеа подобро.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Благодарам, очигледно и ти спаѓаш во таа група штом упорно влегуваш во темата, читаш и коментираш се што е поврзано со неа.​

karamanot,
мене ми се доаѓа Не се враќаш, но мене повеќе ми легнаа Крај и За година две отколку новава. Српската верзија ја немам слушнато, не можам да ја најдам на youtube. не се враќаш мене малку ме потсетува на Заборави.
A муабетот на Бени беше дека требало целосно гола да се соблече, што било ова, 21 век. Човекот продава некои модерни сфаќања, го критикува народот колку бил заостанат, а истовремено зема пари од тој народ и шири негативна енергија во сите интервјуа на што му забележаа и водителките.​

Не се враќаш - текст

Мислев можам да ти верувам, нема лаги нема зид меѓу нас
и се сеќавам на секој збор по ред, ми рече ти си ми се,
да бидеш со мене, за секогаш, до крај сега гледам, како одиш, и знам...​

Ти не се враќаш, не...
не се враќаш, кај мене не се враќаш,
не, не се враќаш, кај мене...​

Никој не ме ранил како ти, во срцево, во крило, во лет.
И тешко ми е да се погледнам, да се видам без тебе.
Ми требаш до мене, ми требаш ти до крај, сега гледам како одиш, и знам...​

Ти не се враќаш, не...
не се враќаш, кај мене не се враќаш,
не, не се враќаш, кај мене...​

Се што било некогаш, сакам да заборавам,
ко да не си ни бил, од мене, дел!​

Ти не се враќаш, не... не се враќаш, кај мене не се враќаш, не, не се враќаш, кај мене...​
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Плејбој е магазин кој го читаат современи луѓе(и машки и женски),не е порно часопистрето,такви луѓе не коментирам.
Некој не ги знае предвесниците на сексуалната револуција во 60 и 70-тите, тоа е Playboy, Hustler(познат по тоа што ги има објавено голите слики на Џеки Кенеди) и добро познатиот
Длабоко Грло(Deep throat), и да Playboy не е порнографско списание, тоа е еротско, првото што се објавило и после него почнува сексуалната револуција и за сите луѓе
Playboy претставува списание на еротиката и што е нормално каролина не е стриптизета, топлес модел или порно ѕвезда па да ја има таму, треба да ја има во музички часописи или емисии
Е сега ако не и се свиѓа тоа што е певачица може да смени професија во старлета или мулти-талентирана девојка што ја бива во се како музика, глума(мада у порно глума е смешно) или да биде маникенка, стриптизета, топлес модел како Дрита и после да ја има во Playboy како некоја заслужена награда за нејзините достигнувања во шоу-бизнисот, ама да им го кради лебот на луѓето што се соблекуваат за пари стварно нема смисла.
 
Има смисла се што се случува со Каролина инаку не би опстоила 20 години на македонската музичка сцена и не би имало луѓе кои немаат попаметна работа освен да го следат и критикуваат секој нејзин потег. Самото тоа говори дека не останале рамнодушни ни оние кои не ја слушаат нејзината музика, па затоа Каролина успеа да приблече внимание и кај тие.
Браво Каролинче
 
Што е така, така си е не може да опстои на сцената 20 години само со музика не е она Леб и Сол
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
232
Поени од реакции
41
Каролина не се сликала гола, не дека нема адути или нешто, како што вика, туку не се сликала оти и е срам и мисли на тоа што ќе го речат соседите и луѓето околу неа. Конзервативни сме премногу, а и она спаѓа во таквите!
 
jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Интервју во Вест

Ново интервју со Каролина во Вест

"Цврсто стојам зад секоја песна од новиот албум 'Капка под небото'. Секоја е дел од мене. Си дадов доста време внимателно да ги изберам и да ги испеам како што се секоја го бараше тоа од мене. "

http://vest.com.mk/?ItemID=F7C0EE20980F7D4D92F5C9763C8A2A5A&arc=1

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Ќе иоздвојам најинтересни делови од интервјуто со кои Каролина ги гази сите негативни коментари, браво Каролина
Интервјуто може да ги затвори устите на сите оние кои имаат било какви дилеми за Каролина

Ни­ко­гаш не сум са­ка­ла да ек­спо­ни­рам де­та­ли од сво­ја­та вр­ска во јав­нос­та. Ко­га имам деч­ко, ни­ко­гаш не кри­јам, а ко­га сум са­ма, ми из­мис­лу­ва­ат вр­ски.Јас сум таа што не и доз­во­лу­ва на "Ава­лон про­дук­ци­ја" да об­ја­ву­ва ин­фор­ма­ции за се­кое по­ја­ву­ва­ње во стран­ство, за­тоа што сме­там де­ка е па­те­тич­но да се гра­ди ка­ри­е­ра на та­ков на­чин. Ние пла­си­ра­ме са­мо ин­фор­ма­ции за го­ле­ми кон­цер­ти, нов ал­бум, нов бренд со ко­го со­ра­бо­ту­вам и слич­но. Ни­ко­гаш на­ши­от прин­цип на ра­бо­та не е се­кој­днев­но бом­бар­ди­ра­ње во јав­нос­та со се­как­ви ин­фор­ма­ции.

Воз­др­жа­на и кул­тур­на си и во јав­нос­та во­оп­што. Од те­бе не сме слуш­на­ле лош збор или кри­ти­ка за не­кој твој ко­ле­га или ко­леш­ка. Са­каш ли да оз­бо­ру­ваш со нај­блис­ки­те дру­гар­ки?
- При­ват­но да, со нај­блис­ки­те дру­гар­ки или со сес­тра ми. Се­кој оној што ќе ре­че де­ка ба­рем мал­ку не оз­бо­ру­вал - ќе из­ла­же. Ама мно­гу рет­ко во му­а­бет ќе се нај­де не­кој мој ко­ле­га или ко­леш­ка. Со мо­и­те бли­ски јас не збо­ру­вам за ра­бо­та­та, не са­кам да ги оп­то­ва­ру­вам, не са­кам да се на­мет­ну­вам. Мо­же­би тоа по­не­ко­гаш е ло­шо, ама та­ков тип сум.

Би­тол­чан­ки­те се се­ко­гаш до­те­ра­ни и наш­мин­ка­ни, на ви­со­ки пот­пе­ти­ци. Как­ва си ти ко­га ше­таш по Ши­рок со­как?
- Ни­ко­гаш на штик­ли. Спорт­ски об­ле­че­на, во па­ти­ки, так­ва сум и пре­ку­ден во Скоп­је. Јас до вто­ра го­ди­на сред­но не­мав ста­ве­но шмин­ка на ли­це­то.

Бе­ше пр­ва ко­ја се сли­ка­ше за ма­ке­дон­ски­от "Плеј­бој", но во дол­на об­ле­ка. Сме­таш ли де­ка со тоа го ме­ну­ваш кон­цеп­тот на ма­га­зи­нот, за чии нас­лов­ни се сли­ка­ле по­лу­го­ли де­вој­ки?
- Ко­га за "Плеј­бој" се сли­ка­ат поз­на­ти лич­нос­ти, не се об­вр­за­ни да се соб­ле­чат го­ли. Да са­кав да се соб­ле­чам, нор­мал­но де­ка ни­кој не­ма­ше да ми го заб­ра­ни тоа. Ми да­доа пра­во на из­бор и јас из­брав до ка­де да се оди. Сли­ки­те тре­ба­ше да би­дат дел од мо­јот стил, мо­јот имиџ, од она што го ра­бо­там.
Ед­нос­тав­но мис­лев де­ка не­ма пот­ре­ба. А јас не­мам так­ви ат­ри­бу­ти кои би ба­ра­ле од ме­не да се сли­кам го­ла.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ќе иоздвојам најинтересни делови од интервјуто со кои Каролина ги гази сите негативни коментари, браво Каролина
Интервјуто може да ги затвори устите на сите оние кои имаат било какви дилеми за Каролина

Ни­ко­гаш не сум са­ка­ла да ек­спо­ни­рам де­та­ли од сво­ја­та вр­ска во јав­нос­та. Ко­га имам деч­ко, ни­ко­гаш не кри­јам, а ко­га сум са­ма, ми из­мис­лу­ва­ат вр­ски.Јас сум таа што не и доз­во­лу­ва на "Ава­лон про­дук­ци­ја" да об­ја­ву­ва ин­фор­ма­ции за се­кое по­ја­ву­ва­ње во стран­ство, за­тоа што сме­там де­ка е па­те­тич­но да се гра­ди ка­ри­е­ра на та­ков на­чин. Ние пла­си­ра­ме са­мо ин­фор­ма­ции за го­ле­ми кон­цер­ти, нов ал­бум, нов бренд со ко­го со­ра­бо­ту­вам и слич­но. Ни­ко­гаш на­ши­от прин­цип на ра­бо­та не е се­кој­днев­но бом­бар­ди­ра­ње во јав­нос­та со се­как­ви ин­фор­ма­ции.
Една од нашите познати пејачки(мислам дека беше Кристина Арнаудова) кажа еднаш, ако сакаш да те има во весници сам се јавуваш во весниците и они како демек случајно дознале, само нас ни кажуваат вицови за мали деца, кој ги разбрал нема веќе да ги слуша кој не ги разбрал пак ќе ги слуша новите вицови.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Викендот се снимаше песната" Мој је живот моја песма" и наскоро ќе биде промовирана квартет со Каролина,Нина Бардиќ,Александра Радовиќ и Маја Сар,инаку песната е со цел подржка на акцијата за подигнување на свеста кај жените за певенција од карцином на грлото на матката.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom