Каролина Гочева

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Конечно во мај излегува албумот


По големиот хит “За година две“, кој за кратко време им стана химна на девојките ширум Балканот, нашата поп-принцеза Каролина Гочева деновиве наголемо го подготвува нејзиниот нов албум. Таа вели дека секој албум го доживува како свое чедо, па ако е така, ова е нејзиното седмо среќно чедо. Албумот треба да се појави на пазарот во почеток на мај. Деновиве поп-принцезата е на релација Скопје-Сараево, бидејќи таму ќе се снимаат сите песни, кои не се снимени досега. Албумот ќе го продуцира Махор Сариходис, познат продуцент во Сараево, кој работел на албумот и на босанската ѕвезда Дино Мерлин, како и на песната “Успомена на тебе“ (српската верзија на “За година две“). Музичкото парче паралелно се работи и за македонскиот и за српскиот пазар. “Многу сум задоволна од песните и со душа го чекам мојот албум, седми по ред да ја здогледа светлината на денот. Бидејќи се работи на два јазика, работите се одвиваат малку потешко, но добро јас сум навикната (се смее)... За овој албум е интересно да се каже дека не се трагаше на звучните имиња кога станува збор за текстописците. Убедена сум дека имам прекрасни текстови и, секако, дека ќе биде одличен албум“, ни изјави Каролина. Ниеден македонски автор, освен Весна Малинова, не е дел од овој проект. За насловот и за носечката нумера се уште не е одлучено, но со сигурност се знае дека ќе има десет песни. За тоа колку чини албумот, никој од претпоставените не сакаше да коментира, но со оглед на тоа дека се работело со врни продуценти, а песните се снимале во добро опремени студија, станува збор за сума која се движи од 50.000 до 70.000 евра. Промоцијата на албумот е закажана за 25 мај, а дотогаш Каролина и “Авалон продукција“ за претстојните празници ве почестуваат со видеозаписот за прекрасната балада “За година-две“. Изненадување плус е текстот на нумерата “Више се не враќаш“, за кој ние имаме ексклузивно право на објавување. На Каролина во последно време (намерно или не) песните некако како да и се поврзани со приватниот живот, да не речеме дека звучат автобиографски, но се надеваме дека оваа балада нема да му ја посвети на нејзиното момче Марко Антиќ. Песната се снимаше во студиото на Бертан Арслани, а преостанатиот дел од тимот се: Весна Малинова, Даниел и Маја Сар - текстописецот на оваа балада за која веруваме дека ќе стане вистински хит.



Текст на песна
Више се не враќаш
Мислила сам да бих могла да
Верујем ти сваку реч
Још се сеќам свега што си рекао
Да сам то што си тражио
Да будеш крај мене
Само то сам желела
Сад те гледам како идеш
И знам...
реф: Више се не враќаш
Више се не враќаш, никада
Ти се не враќаш
Мени се не враќаш, никада...​
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Уште малку време има за гласање за Каролина да настапува на Балканските музички награди.
За да биде претставник од Македонија, гласајте на 141 350 со испраќање на порака Р2.

А исто така Каролина е номинирана и во главната категорија за Најдобар видеоклип на Балканот во иста категорија со Северина, Моранди, Ана Виси.
За оваа категорија глаајте online на www.balkanika.tv



Гласајте за Каролина:
online на www.balkanika.tv
СМС порака со текст P2 на 141 350
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Кратко интервју со Каролина

 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Гласајте за Каролина на www.balkanika.tv



ТВ ПАКЕТ ексклузивно ве информира дека двократната евровизиска претставничка Каролина Гочева е засега единствениот познат и сигурен македонски претставник на "Balkan Music Awards" кои ќе се одржат во Бугарија во мај. И самата Каролина била шокирана кога пред неколку дена дознала дека е номинирана во една од четирите главни категории и тоа за "Најдобар видеоклип на Балканот" со спотот за нејзината песна Крај која ја изведува со српскиот рапер Sky Wikluh. Во таа категорија македонското девојче е номинирано покрај Моранди, Северина, Ана Виси и Алисија. Доколку сакате да ја подржите Каролина и Македонија, бесплатно гласајте online на Балканика ТВ, каде единствено може да се гласа за главните четрии категории.
Поп принцезата е номинирана и во категоријата за Најдобра песна од Македонија, повторно со хитот Крај. Останува неизвесно дали таа ќе биде победник и во оваа категорија. За да ја подржите Каролина и во оваа категорија, гласајте на 141 350 со испраќање на СМС порака која ќе го содржи текстот P2.

Освен настапот на Балканските музички доделувања на награди, периодов е бурен за Гочева затоа што напорно го подготвува нејзниот најнов поп албум кој би требало да излезе во мај. Според првите песни од албумот кои имавме можност да ги слушнеме (Крај, Заборави, За година две), ова дефинитивно ќе биде најдобриот и најскапиот албум на Каролина досега.
Најголемиот успех за Каролина следува.

 
Член од
7 декември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
3
Tie pesnite so gi peese na humanitarniot koncert dobro gi ispea bravos
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
ВЕЌЕ СЕ ЈАСНИ ПОБЕДНИЧКИТЕ ПЕСНИ ОД СЕКОЈА БАЛКАНСКА ДРЖАВА

На 17-ти април во 24.00 ч. заврши гласањето со СМС-и за полуфиналето во категоријата “Песна на Балканот за 2009 г.” на Првите балкански музички награди. Гласачите од сите 11 балкански држави-учеснички ја избраа песната, којашто ќе ја претставува нивната земја на 16 мај за време на Церемонијата за наградувањето. Тогаш линиите повторно ќе бидат отворени за финалното гласање и по тој начин милионите гледачи од Балканот ќе утврдат една од тие 11 песни-победнички – од секоја балканска држава по една - за “Песен на Балканот за 2009 г.”

АЛБАНИЈА PLAY BACK – FLORI
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА MED - DINO MERLIN & EMINA JAHOVIĆ
БУГАРИЈА НИШТО НЕ ЗНАЕШ - ЕМАНУЕЛА И КРУМ
ГРЦИЈА SPASE TO HRONO - SAKIS ROUVAS
МАКЕДОНИЈА КРАЈ - КАРОЛИНА FEAT. SKY WIKLUH
РОМАНИЈА THAT'S MY NAME - AKCENT
СЛОВЕНИЈА S TABO - TANJA ŽAGAR
СРБИЈА ЉУБАВИ – ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЧ
ТУРЦИЈА FAST LIFE - HADISE
ХРВАТСКА LAŽU OČI MOJE - COLONIA
ЦРНА ГОРА СУЗАМА КУПИЧЕШ МЕ – НЕНАД ЧЕРАНИЌ
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Каролина @ Ice Caffe - Штип


На 8-ми мај 2010, Каролина ќе настапи во клубот Ice Caffe во Штип.
Влезница: 80 ден.

www.ice.com.mk

 

Kajgana Shop

На врв Bottom