- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086
Конечно во мај излегува албумот
По големиот хит “За година две“, кој за кратко време им стана химна на девојките ширум Балканот, нашата поп-принцеза Каролина Гочева деновиве наголемо го подготвува нејзиниот нов албум. Таа вели дека секој албум го доживува како свое чедо, па ако е така, ова е нејзиното седмо среќно чедо. Албумот треба да се појави на пазарот во почеток на мај. Деновиве поп-принцезата е на релација Скопје-Сараево, бидејќи таму ќе се снимаат сите песни, кои не се снимени досега. Албумот ќе го продуцира Махор Сариходис, познат продуцент во Сараево, кој работел на албумот и на босанската ѕвезда Дино Мерлин, како и на песната “Успомена на тебе“ (српската верзија на “За година две“). Музичкото парче паралелно се работи и за македонскиот и за српскиот пазар. “Многу сум задоволна од песните и со душа го чекам мојот албум, седми по ред да ја здогледа светлината на денот. Бидејќи се работи на два јазика, работите се одвиваат малку потешко, но добро јас сум навикната (се смее)... За овој албум е интересно да се каже дека не се трагаше на звучните имиња кога станува збор за текстописците. Убедена сум дека имам прекрасни текстови и, секако, дека ќе биде одличен албум“, ни изјави Каролина. Ниеден македонски автор, освен Весна Малинова, не е дел од овој проект. За насловот и за носечката нумера се уште не е одлучено, но со сигурност се знае дека ќе има десет песни. За тоа колку чини албумот, никој од претпоставените не сакаше да коментира, но со оглед на тоа дека се работело со врни продуценти, а песните се снимале во добро опремени студија, станува збор за сума која се движи од 50.000 до 70.000 евра. Промоцијата на албумот е закажана за 25 мај, а дотогаш Каролина и “Авалон продукција“ за претстојните празници ве почестуваат со видеозаписот за прекрасната балада “За година-две“. Изненадување плус е текстот на нумерата “Више се не враќаш“, за кој ние имаме ексклузивно право на објавување. На Каролина во последно време (намерно или не) песните некако како да и се поврзани со приватниот живот, да не речеме дека звучат автобиографски, но се надеваме дека оваа балада нема да му ја посвети на нејзиното момче Марко Антиќ. Песната се снимаше во студиото на Бертан Арслани, а преостанатиот дел од тимот се: Весна Малинова, Даниел и Маја Сар - текстописецот на оваа балада за која веруваме дека ќе стане вистински хит.
Текст на песна
Више се не враќаш
Мислила сам да бих могла да
Верујем ти сваку реч
Још се сеќам свега што си рекао
Да сам то што си тражио
Да будеш крај мене
Само то сам желела
Сад те гледам како идеш
И знам...
реф: Више се не враќаш
Више се не враќаш, никада
Ти се не враќаш
Мени се не враќаш, никада...
Мислила сам да бих могла да
Верујем ти сваку реч
Још се сеќам свега што си рекао
Да сам то што си тражио
Да будеш крај мене
Само то сам желела
Сад те гледам како идеш
И знам...
реф: Више се не враќаш
Више се не враќаш, никада
Ти се не враќаш
Мени се не враќаш, никада...