Секогаш албумите биле едни од најпродаваните затоа што таа има публика од 7 до 77години, не е ограничена,како некои тин ѕвезди.Во 2000г. албумот Јас имам песна беше попродаван и од албумот на Тоше-Синот божји.
Тоа зборуваме за онаа иста куќа со која Тоше ја раскина соработката, веднаш после издавањето на тој албум?? Онаа куќа што за неколку години што го имаше не успеа да го промовира достојно?? После овој коментар, не ме ни чуди зошто.
Каролина, се надевам дека читаш (или барем ти пренесуваат), ама ПР тимот што стои позади тебе е
КАТАСТРОФА!
Џабе лафиме Луртз, ушите им се полни само со нивните говори. Сите коментари (освен оние кои ја величаат и фалат) од нивна страна се априори обоени за негативни. Ниту ги интересира, ниту сакаат да го слушнат јавно мислење. Според она како се поставени на темава постојано, за нив е важно да се блаботи и да се збори, било што, небитно, само да се има во устата нивниот пулен. И после ќе биде озборувачи, душебрижници, лаат кучињата бла, бла...
И на сето тоа уште и нас, публиката, се обидуваат да не` прават будали. Спомнав еднаш погоре, ама никој не ми одговори, ќе се навратам пак. Зошто за спотот на "Заборави", за голите девојки во позадина Каролина изјави дека немала поим дека се тие позади неа?? Таа изјава е третирање на публиката како малоумна, како ние да сме слепи и мутави.
И уште нешто. Ниту ме интересира, ниту се замарам со нејзиниот приватен живот. Ова го кажувам однапред за да не добијам некој малограѓански коментар. Само изложувам факт. Конкретно, за онаа "афера" што ја имаше со Хрватот. Колку месеци лажеше? Да, точно дека ништо не изјави по тој повод, меѓутоа од авион се гледаше дека лажгата беше однапред наместена, таа само уживаше во истата.
Публиката не е мутава, тоа нека ви стане јасно, и не се однесувајте кон истата како да е глупава багра. Без разлика дали ја сакаат или не. Она што го направи, и што остави (или ја советувавте да остави) лагата да си тече толку месеци низ весниците, па уште и тука постиравте текстови за да ја подгреете, е во најмала рака дволично и подло. И таквиот ваш однос предизвикува лош имиџ. Или ако сакате остава лош метален вкус во устата, кој после ниту најдобриот албум не може да го избрише.
Има разлика помеѓу слатко закачање со публиката и надмено однесување кон публиката. Жал ми е, меѓутоа од неа досега немаме слушнато ниту едно искрено и чесно "Ви благодарам".
И не е само кон публиката, од вашите коментари и кон другите музичари се гледа препотентност и арогантност. Понекогаш дури и презир. А знаете, има добри момци и девојки на естрадата, без разлика што вам тоа не ве бендисува. Па погледнете што пишувате, само нашата е најбоља, сите други имаат двајца без тројца фанови, и тоа по 13-14 години. Се` тоа се враќа на овој или оној начин.
А она за тиражот што го спомнавте ми е просто кажано - неверно. Можно е само ако се делеле гратис дискови - купиш еден, добиеш три.