Каролина Гочева

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Насловна "Lepota i Zdravje"

 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
КАРОЛИНА - "НЕ СОНУВАМ ЗА ГОЛЕМА СВАДБА"

ТАА Е ХАРИЗМАТИЧНА, АТРАКТИВНА, ИНТЕЛЕГЕНТНА... 5 МИНУТЕН РАЗГОВОР СО НЕА И БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА ВЕ ОСВОИЛА ЗАСЕКОГАШ. СТРОГО ПРОФЕСИОНАЛНА, НО СЕПАК ЕМОТИВНА ЛИЧНОСТ. КАРОЛИНА Е ВИСТИНСКА БАЛКАНСКА ДИВА.


ЗА БРАКОТ, СЕМЕЈСТВОTO, ДЕЦА...

1. Дали присуството на сцената како пејачка ти одмага во врските и љубовта? Сметаш ли дека ако не беше позната личност и ако живееше друг тип на живот, веќе ќе беше во брак?

-Можеби. Многу е тешко да се одржи врска стабилна доколку си јавна личност, составен дел од мојот живот се патувањата, постојано запознавам нови личности, излегуваат разно разни озборувања и трачеви. Личноста која ќе биде со мене треба да има разбирање за сите тие работи. Можеби затоа кај многу мои колеги, врските бргу завршуваат.


2. Дали од твој аспект гледајќи ги другите луѓе, кои не се јавни личности и нивниот начин на живеење, некогаш би сакала да можеш да го вратиш времето и да го живееш нивниот тип на живот?

-Да, тоа се случува само на моменти, тогаш кога приватниот живот ми е на тапет и тоа не по моја желба. Јас никогаш не сум давалa изјави во врска со мојот приватен живот, меѓутоа новинарите секогаш тоа најмногу ги интересира и во такви моменти посакувам да имам нормален живот. Особено е тешко затоа што живееме во мала средина, полесно е во поголемите земји каде што јавните личности не се толку измешани со оние што не работат јавна професија. Кај нас секој знае за секого, и не може да се сокриеш или изолираш.

3. Во едно интервју имаш изјавено дека сакаш да имаш две деца? Мислиш дека е полесно да се воспитува машко или женско?

-Мислам дека е подеднакво тешко и едното и другото, затоа што воопшто е тешко правилно да се воспита дете во ваква средина. Голем број работи се поинакви кога јас сум била дете, кога јас сум растела. Сега поинаку се разбира поимот авторитет, без разлика дали се работи за авторитет од родител, професор или некој друг. Можеби брзиот начин на живот ги тера родителите да бидат помалку строги со своите деца, да ги разгалуваат и да им даваат што ќе посакаат. Многу е тешко да се најде вистинската мерка до која треба да го разгалите вашето дете, а и понатаму да го задржите авторитетот.

3. Која земја би ја избрала, освен Македонија, во која си родена, за место во кое би основала семејство?

-Мислам дека не би се чувствувала како дома во ниту едно друго место, освен на Балканот. Освен во Mакедонија би можела да живеам и во Србија, бидејќи имаме сличен менталитет, кога сум таму не се чувствувам како странец.

4. Сметаш ли дека ќе бидеш строг родител?

-Не знам дали ќе бидам строга, но знам дека ќе бидам паничар. Тоа го заклучив по односот што го имам со сестра ми, помала е од мене 2 години и веќе е омажена, а јас неможам да не се грижам за неа додека патува. Се тресам и чекам да ми се јави, да бидам сигурна дека безбедно стигнала до дестинацијата. Мислам дека би била таква и кон моите деца.

5. Во интервјуто за бугарскиот магазин Макс, изјави дека за 10 години од сега сакаш да бидеш во брак веќе 8 години. Тогаш беше во врска, претпоставувам. Како размислуваш денес за тоа?

-Би сакала да се омажам тогаш кога ќе дојде време, секогаш така сум размислувала. Бракот никогаш не ми бил императив во мојот живот, да било така досега ќе сум била омажена. Брачната заедница треба да се основа само на љубов, и не треба да се избрзува, бидејќи изборот на брачен партнер е најважната одлука во животот. Одлучувате со кого ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе основате семејство, со кого ќе имате деца...

6. Колку сметаш дека најкратко треба да бидеш во врска пред да стапиш во брак? Некои го прават тоа и после неколку месеци, некои чекаат и по 10 години па и повеќе. Јасно дека секој сам си одредува кога е подготвен, но која временска рамка ја сметаш како апсолутна граница под која секако не можеш доволно да запознаеш некого за да стапиш во брак?

-Немам никакви правила. Постојат примери кога двајца луѓе се во врска десет години, се венчаат па се разведуваат по три месеци, а исто така знам и примери кога само по еден месец врска, како една моја пријателка, се решваат на таков чекор. Нејзиното момче ја запроси по само еден месец и половина, сега се во брак, чекаат дете, среќни се и дај Боже да бидат цел живот заедно. Претходно имаше долги врски, меѓутоа, ете, ништо не се случи. Заклучокот е дека не постојат правила.

7. Дали сметаш дека доколку сме позрели потешко се решаваме на брак, бидејќи во врските бараме се повеќе? Кога сме помлади сме во занес, позаљубени и можeби не ги забележуваме толку негативните знаци?

-Точно е дека со текот на годините сме покритични, и дека повеќе бараме од партнерот, барем кај мене тоа е така. Појасно ги гледаме оние работи кои што ни одговараат, кога сме млади само го следиме срцето, но некогаш треба да се послуша и разумот. Точно е и дека можеби потешко се носи одлуката за брак во позрели години, меѓутоа со самото тоа што сме позрели донесуваме и подобри одлуки.

8. Дали сонуваш за голема свадба со многу гости или помала со поблиските? Класичен тип на свадба како кај нас, или сонуваш за нешто поинакво?

-Воопшто не сонувам ниту за свадба, ниту за венчаници. Никогаш не сум била девојка која мечтае за тоа како ќе се омажи и како ќе изгледа сето тоа. Не ги осудувам тие што си осмислиле свадбите од 10-годишна возраст, туку едноставно не сум таков тип. Да се прашувам јас, би го избегнала чинот на свадба и сите тие традиции затоа што некој ти станува сопруг, тогаш ќе го ставиш потписот во матично. Веселбата потоа е индивидуална одлука, а за мене е тотално неважна. Повеќето млади што ги познавам се одлучуваат на голема свадба поради почит кон постарите, се грижат за тоа што ќе каже околината. Да го нема тој притисок, мислам дека повеќето би се одлучиле за нешто поинтимно.

ЗА ВРСКИТЕ ЉУБОВТА...

9. Бидејќи често патуваш веројатно дел од врските во одреден момент ти фукционирале како врски на далечина. Ако е така, на кој начин најмногу успеваше да ја релативизираш далечината? Каков совет би им дала на читателките кои имаат такви врски во моментов?

-Од мое искуство, кога јас сум во еден град, моето момче од друг, не ми одговара. Кога сум во врска сакам тој што е со мене да биде секогаш тука, да може да го гледам секој ден, да одиме на кафе, на ручек, во кино. Во врските на далечина малку е комплицирано. Заедно сте неколку дена, потоа не се гледате неколку месеци и навикнувате на тоа што тој не е тука. Но, мене повеќе ми одговара врска со некој од мојот град, а кога патувам се работи за неколку дена или недели што брзо поминуваат, затоа што е убаво да знаеш дека некој те чека кога ќе се вратиш.

10. Дали мислиш дека врска на далечина може да создаде илузија за заљубеноста и за партнерот?

-Во моите случаи, во врските на далечина, на почетокот постоела заљубеност, но по многу кратко време поминува, бидејќи на тој начин не може да се изгради блискоста што е потребна за врската да успее. Партнерот треба да биде пријател со кого ќе ги делам сите работи што ми се случуваат во животот, а ако не е до мене не верувам дека некогаш ќе го почувствувам толку близок.

11. Ако ги споредиш своите поранешни момчиња, можеш ли да извлечеш некои заеднички нивни особини, дали има некоја сличност и заедничка карактеристика кај нив, која те привлекува кај мажите?

-Нема ниту една заедничка карактеристика. Еден мој пријател ме задеваше токму за тоа, дека не може да се утврди еден тип на маж кој мене ми се допаѓа. Од врските што до сега сум ги имала, а тоа се пар подолги врски, може да заклучам дека покрај себе сакам човек на кој ќе може да се потпрам, со кој ќе можам да разговарам, некој што нема да ме гуши во работата што ја работам. Имав врска што ме гушеше во тој поглед, врска со некој кој е пољубоморен, а имав и врска со некој кој воопшто не ми пречеше во тоа. Не секој маж може да ја разбере оваа и останатите јавни професии. Особено балканските мажи се специфични во таа смисла, не им е сеедно ако сите те гледаат по гаќички на фотографија. Така што потребен ми е некој што нема да се опседнува со глупости како, зошто те сликале така, зошто си го облекла тоа... Сакам да бидам ослободена од тие работи.

12. Дали во некоја од врските во одреден период практични си живеела заедно со своето момче? Дали сметаш дека е добро да се живее заедно со партнерот пред стапување во брак?

-Некако спонтано се наметнува тоа да живеам со тој со кој сум, поради тоа што живеам сама. Моментално сум во врска што почна да се одвива сериозно, а заедничкиот живот со мојот партнер е добар од страна што се учат сите навики. Сите сме добри кога ќе излеземе час или два на кафе, но дома сите го покажуваме вистинското лице. Во моментот кога ќе сфатиш дека сакаш да се будиш покрај некој човек, значи дека од таа врска може да биде нешто поголемо.

13. Дали би го сменила презимето кога ќе стапиш во брак? Некои од познатите пејачки најчесто на нивното презиме го додаваат тоа на сопругот. Што би избрала ти?

-И јас би го направила истото бидејќи сум препознатлива по тоа. И ова е нешто што балканските мажи тешко го прифаќаат, но во мојот случај, ќе мора да го прифати.

14. Дали врските ги завршуваш пријателски? Дали си контактирала со поранешни момчиња одреден период по завршувањето на врската?

-Не сметам дека има место за пријателство после сериозна врска, бидејќи за да се раскине сериозна врска треба да има длабока причина. Далеку од тоа дека им посакувам лошо, но непотребно е да се слушаме или да се гледаме. Истото го очекувам и од другата страна, односно од мојот партнер и односот со неговите поранешни девојки. Ако некогаш му притребам баш јас, нормално дека би помогнмала, но дружењето е апсолутно непотребно.

15. Колку најдолго си била во една врска?

-Мојата најдолга врска траеше 5 и пол години.

16. Си била ли во врска со помлад дечко? Која била разликата во години помеѓу тебе и твој дечко?

-Не сум била во врска со помлад дечко, обично ми се врсници или една година постари од мене. Најстариот дечко со кој сум била беше 7 години постар од мене.

ЗА ОБЛЕКУВАЊЕ И ШМИНКАЊЕ, ФРИЗУРИ, ПАТУВАЊА...

17. Од кој производител најчесто користиш шминка? Која ти е омилена пудра, омилена маскара и омилен парфем?

-Може да зборувам само за мојот омилен парфем што го користам 5 - 6 години, ESCADA SENTIMENT. Секогаш кога шишенцето ми е при крај си велам дека ќе отидам да си купам некој друг, но тоа никогаш не го правам, ниту еден друг парфем не ми личи на мене и веќе ме препознаваат по Escada.

18. Каков тип на музика слушаш?

-Пред неколку дена се подновив со нови цедеа, моментално го слушам Daniel Merriweather, австралиски пејач, Cheryl Cole исто така многу ми се допаѓа, и го купив албумот на David Guetta. Toa e што го слушам во последно време.

19.Кога најчесто легнуваш - заспиваш навечер?

-Рано легнувам, ако сум дома заспивам пред телевизор околу 23 часот, а потоа се префрлувам во спална. Не станувам многу доцна , затоа што рано одам во кревет, па околу 9 часот наутро сум веќе на нозе.

20. Дали во некоја песна се проанѓаш себе си? Има ли некоја која баш те опишува?

- Нема песна која била направена специјално за мене, но во одредени ситуации се пронаоѓам во одредени песни. и јас сум обичен човек како и сите други, сум дожевеала најразлични искуства, сум била и среќна и разочарана, насмеана и расплакана, како и секој друг од крв и месо. Има песни што опишуваат среќна љубов има и такви кои опишуваат несреќна љубов. Секој од нас го доживеал сето тоа барем еднаш.

21.Бидејќи си јавна линост, дали почесто излегуваш или се собирате со пријателки во домашна атмосфера и друштво?

-Повеќе сакам интимни дружби кај мене дома или кај некој од моите пријатели, а кога излеувам, одам на места каде што ги познавам луѓето и сакам да сум во поголемо друштво бидејќи така се чувствувам посиурно.

22. Што најчесто избираш за подарок за пријателка?

-Зависи од интересите на пријателката, од тоа што и е потребно во моментот. Некое парче гардероба, можеби книга... Секогаш одбирам нешто што јас би сакала да го добијам, никогаш не купувам подарок само колку да купам.

23. Кои се најважни женски ликови во твојот живот? Од каде ти се најблиските пријателки?

-Мајка ми и сестра ми ми се секогаш на прво место. Секако, по нив најважни ми се пријателките, а имам цврсти, стабилни пријателства кои траат со години, уште од училишна возраст. Сестра ми ми е посебна слабост.

24. На кого прво се јавуваш кога си тажна, кога плачеш?

-И се јавувам на мајка ми, иако во последно време се трудам да ја штедам, да не ја плашам. Инаку таа секогаш има утешен збор за се што ми се случува, секогаш знае да ме расположи. Секако и сестра ми ми е тука кога ми е потребна.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
ЗА ИСХРАНА, ВЕЖБАЊЕ, ТЕЖИНА...

25. Што обично појадуваш?

-Појадувам овошје, а најмногу сакам јаболка, ананас или јагоди. Тоа е моето омилено овошје.

26. Дали обично ручаш надвор во ресторани или си готвиш?

-Ручам и во ресторани, но најмногу сакам да ручам дома. Сакам да си готвам месо со пире или рижито, тестенини, салати. Кога јадам во ресторани, има периоди кога постојано го нарачувам истото, на пример 5 - 6 пати потоа тоа јадење го заменувам со некое друго, што го јадам следните 5 - 6 пати, кога ќе седнам во ресторан, но брзо ми се смачуваат, а и повеќе уживам да јадам дома.

27. Дали си готвела за момче за вечера и што обично подготвуваш во такви прилики?

-Сум готвела, и тоа секогаш биле тестенини со сос, или некоја интересна салата.

28. Дали редовно вежбаш и кои типови на вежби? Аеробични или фитнес вежби? Дали имаш пробано пилатес?

-Не сум пробала пилатес, вистинска мрза сум кога се работи за вежбање. сега сакам да почнам да возам велосипед, и го терам моето момче да почне за да почнам и јас. Секогаш е тешко додека решам дека ќе станам и ќе возам ипостојано си велам дека ќе почнам од понеделник. А тој понеделник никако да дојде...

29. Од наша гледна точка, постојано изгледаш одлично, немаш проблеми со тежината. Но, кажи ни дали имаш такви проблеми, дали тежината ти варира?

-Тежината ми варира 2 - 3 килограми, како кај секој нормален човек. Во лето ми пречат жештините и неможам многу да јадам, па тежината ми се намалува некаде до околу 53 килограми, но во зима надоместувам и се враќам на 55 - 56 килограми.

30. Која дестинација ти е во план за летово?

-Сеуште немам никаков план, секогаш одлучувам во последен момент. Не одбирам многу и би сакала и овој пат тоа да биде некоја европска дестинација. Минатата година бев во Хрватска. и си поминав одлично, а пред тоа ја посетив Франција... Оваа година можеби би се одлучила за Италија, Сицилија, но не се знае, можеби во последен момент ќе се сетам на нешто сосем друго.

31. Дали сметаш дека би направила некој тип на естетска корекција на лицето по десетина - петнаесет години за да изгледаш помлада?

-Којзнае каква ќе биде понудата дотогаш но генерално не сум против тие работи. Да се работело за нешто лошо сигурно не би се развивало со толку голема брзина. Се додека е во нормални димензии е во ред.





 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Турнеја

Откажани настапите на Каролина во Австралија

Македонската поп дива Каролина Гочева го одржа првиот од планираните концерти на нејзината турнеја по Австралија. Таа настапи во Рогдеил пред околу 200 Македонци, меѓутоа менаџерот на пејачката и придружниот бенд се жалат на непрофесионалниот однос на организаторот на концертите кој не ги извршил обврските од договорот. Пред почетокот на концертот немало озвучување, па музичарите морале сами да се снаоѓаат, а по концертот морале да се погрижат за тоа да ја вратат салата во првобитна состојба.

По концертот тие морале сами да го платат превозот и хотелот, а менаџерот одлучил да ги откаже следните два концерти кои требаше да се одржат во Мелбурн и Перт.

 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Откажани настапите на Каролина во Австралија

Македонската поп дива Каролина Гочева го одржа првиот од планираните концерти на нејзината турнеја по Австралија. Таа настапи во Рогдеил пред околу 200 Македонци, меѓутоа менаџерот на пејачката и придружниот бенд се жалат на непрофесионалниот однос на организаторот на концертите кој не ги извршил обврските од договорот. Пред почетокот на концертот немало озвучување, па музичарите морале сами да се снаоѓаат, а по концертот морале да се погрижат за тоа да ја вратат салата во првобитна состојба.

По концертот тие морале сами да го платат превозот и хотелот, а менаџерот одлучил да ги откаже следните два концерти кои требаше да се одржат во Мелбурн и Перт.

Па вака не се работи за откажување на концертите,туку поради непрофесионалност на организаторот од Австралија пред се кон бендот којшто требало да ја прати Каролина,бендот ги откажал настапите,па Каролина морала да пее на матрица и покрај се Каролина одлично се снашла во света оваа ситуација,а и публиката била задоволна од нејзиниот настап.Инаку ова не првпат да одредени организатори го прават на наши пејачи кои поминуваат толку километри за да имаат свој настап пред нашите иселеници,за на крај некои непрофесионалци уништат се.ова им се има случувано на многу наши пејачи.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Албумот на Каролина дефинтиивно излегува во октомври
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Бракот никогаш не ми бил императив

Таа е харизматична, атрактивна, интелигентна ... 5 - минутен разговор со неа и бидете сигурни дека ве освоила засекогаш. Строго професионална, но сепак емотивна личност; Каролина е вистинска балканска дива. Стоиме на ветеното и ви откриваме дел од интервјуто. Бидејќи ќе ви направиме проблем со тоа што несомнено ќе ве заинтересираме, ве советуваме да го купите најновиот број на Unique. Внатре ве очекуваат повеќе од 30 прашања каде пејачката отворено зборува за бракот, семејството, врските, љубовта...



Дали сонуваш за голема свадба со многу гости или помала со поблиските?

Воопшто не сонувам за голема свадба, ниту за венчаници. Никогаш не сум била девојка која мечтае за тоа како ќе се омажи и како ќе изгледа сето тоа. Не ги осудувам тие што си ги смислиле свадбите од 10-годишна возраст, туку едноставно не сум таков тип. Да се прашувам јас, би го избегнала чинот на свадбата и сите тие традиции затоа што некој ти станува сопруг тогаш ќе го ставиш потписот во матично...



Дали врските ги завршуваш пријателски?

Не сметам дека има место за пријателство после сериозна врска, бидејќи за да се раскине сериозна врска треба да има длабока причина. Далеку од тоа дека им посакувам лошо, но не е потребно да се слушаме или да се гледаме. Истото го очекувам и од другата страна, односно од мојот партнер и односот со неговите поранешни девојки. Ако некогаш му притребам баш јас, нормално би му помогнала, но дружењето е непотребно.



Каков тип на музика слушаш приватно?

Пред неколку дена се подновив со нови цедеа, моментално го слушам Daniel Merriweather, австралиски пејач; Cheryl Cole исто така многу ми се допаѓа, а го купив и албумот на David Guetta. Тое е тоа што го слушам во последно време.



Мојата најголема маана е...

тоа што секогаш се си земам при срце.



Никогаш не би облекла...

анимал принт.



Бев заљубена:

повеќе пати.



Никогаш не би била во врска:

без обврска.



Песната што секогаш ме расположува е...

When love takes over.



Во лето најмногу сакам да...

се дружам и забавувам.

 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
КАРЛОНА ГОЧЕВА
Сакам активен одмор навечер, а пасивен преку ден.



Новиот албум ќе излезе на есен. Ќе откријам дека е снимен во
студиото „Long play" во Сараево и содржи 10 песни


Речиси
две децении е присутна на естрадната сцена. Десет години за нејзината
професионална кариера е задолжена „Авалон" продукција. Од богатото
музичко досие на Каролина Гочева ќе ги издвоиме двата настапа како
претставник на Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Талин,
Естонија и Хелсинки, Финска со песните: „Од нас зависи", односно „Мојот
свет". Досега има издадено шест албума: „Мамо пушти ме", „Јас имам
песна", „Зошто сонот има крај", „Знаеш колку вредам", „Вo заборав" и
„Македонско девојче". Пред промоцијата на новиот албум и пред летните
одмори актуелна е со баладата „За година две".






Се сретнавме за да испиеме ладно нес кафе и за да
одговори на прашањата кои ИДИВИДИ и ги постави.


Пред
неколку дена се вративте од турнеја во Австралија. Какви впечатоци
носите од третото Ваше гостување таму?

Да, добро сте
информирани. Носам одлични впечатоци од третото гостување таму. Ми се
допаѓа Австралија и најголем впечаток ми остави Сиднеј. Тој е еден од
најубавите градови што воопшто сум ги посетила.

На чија
покана беше реализираше гостувањето?

Како и претходните
две и ова гостување се реализираше по иницијатива на македонската
заедница во Австралија. Ги посетив нашите сонародници со кои се дружевме
и секако им пеев и ги забавував.

Каде се одржуваа
настапите и концертите?

Настапите најчесто се одржуваат
во сали каде се прават речиси сите македонски забави. Секако дека се
одржуваат и концерти. За мене ќе остане запаметен гламурозниот концерт
кој го одржав на брод на пристаништето „Darling Harbour" во Сиднеј. Тоа
се случи на претходното гостување во 2008 година.

Во мај бевте во Софија каде настапивте на првите Балкански
музички награди. Како поминавте и колку сте задоволни од пласманот во
категоријата Песна на годината во која ја преставувавте Македонија со
песната „Крај"?


Во Софија поминав одлично. За тоа
придонесоа атмосферата и реакциите од публиката. Тоа го потврдија и
гласовите од сите земји. Пласманот не ми беше многу важен. За мене беше
поважно самото учество и привилегијата да бидам дел од најголемите
ѕвезди во регионов. Секоја чест на телевизија „Балканика" која навистина
успеа да организира шоу како никој досега на Балканот. Се беше на многу
високо ниво и сите се чувствувавме како вистински ѕвезди.

Што
Ви носат летните месеци во однос на настапите?

Стандардно
и ова лето за мене ќе биде исполнето со настапи. Дел од нив ќе ги
реализирам во повеќе градови низ Македонија, а дел од настапите се
планирани за надвор од државава.

Дали тоа значи дека нема
да имате време за одмор?


Не, никако. Секако дека ќе се
одморам. Се уште не знам кога и каде. Она што е важно е дека знам со
кого ќе одам на одмор, хаха.







Дали преферирате активен или пасивен одмор?

Кога
сум на одмор најмногу сакам да лежам на плажа и да уживам. Навечер
сакам да посетувам динамични места каде има добар ноќен живот. Тоа значи
пасивен одмор преку ден, а активен одмор навечер, хаха.

Дали
сакате и зимски одмор?


Задолжително. Јас сум
Битолчанка, родена под Пелистер, љубител на чист воздух. Сакам и зимски
одмор. Тогаш сум максимално активна, зашто скијањето ми е омилен спорт.
Секоја година одвојувам десетина дена за некоја убава зимска
дестинација.

Дали во Македонија наоѓате место за одмор?

Како
што споменав, не ми е важно каде сум, туку поважно ми е друштвото.
Голем дел од одморот во лето го минувам во Македонија. Најчесто сум во
Охрид и во мојот роден град Битола каде одлично поминувам, зашто се
дружам со луѓето кои ги сакам.

На есен Ве очекува
промоција на новиот студиски албум. Откријте ни кој музички стил ќе го
карактеризира и колку песни ќе содржи?


Само за
читателите на ИДИВИДИ ќе откријам дека стилски се работи за поп албум.
Снимен е во студиото „Long play" во Сараево и содржи 10 песни. Мислам
дека овие детали се доволни..За останатите ќе треба сите да бидат уште
малку трпеливи до излегувањето на албумот.

 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
КАРОЛИНА ГОЧЕВА: На пазар купувам се' што ќе ми фати око

Поп-пејачката Каролина зборува за својата страст кон храната, за уживањето во салати и дека не може без сладолед.


ИСХРАНАТА ВО ЛЕТО... Не се разликува многу од она што го консумирам во зима. Оние работи што ги сакам ги јадам без разлика на временските услови.



ДЕНОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ГО ПОЧНУВАМ... Со кафе, сок од портокал и овошје.



ВО ИЗБОРОТ НА ЗДРАВА ХРАНА... Внимавам колку што можам. Генерално, сметам дека се хранам здраво, ама не можам без некои нездрави работи како што се чипсот и бејкролсот, ха, ха, ха!



НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ... Мислам дека имаме одлична понуда. Многу сакам да одам на пазар, тоа неверојатно ме релаксира, а купувам се' што ќе ми фати око или поточно, купувам колку што можам да понесам со себе...



ВО ЛЕТО... Не одбегнувам ништо од храна, освен што не поднесувам мрсна храна кога е многу топло.



КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА САЛАТИ... Ги обожавам и јадам секојдневно. Зелена салата ми е вечен фаворит, а сакам да ја помешам со рукола, спанаќ и најчесто ја зачинувам со лимон и маслиново масло.



ОМИЛЕНА КУЈНА... Сакам лута и зачинета храна, па затоа уживам во мексиканска и во арапска кујна, а, исто така, ги обожавам и специјалитетите што ги нуди италијанската кујна.



ОД ТЕЧНОСТИ... Пијам многу вода и сок од портокал. Најчесто наздравувам со бело вино или пиво, а летни или какви било други коктели не сакам и не пијам затоа што не ми се допаѓаат.



ЦЕДЕНИ СОКОВИ ИЛИ ПАКУВАНИ ВАРИЈАНТИ... Цедени сокови.



ОД СЕЗОНСКО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК... Сакам јагоди, праски и лубеница, а од зеленчук: домати, зелена салата и брокула.



МЕЃУ ОВОШНА САЛАТА И КУП СЛАДОЛЕД... Сладоледот ми е најомиленото слатко задоволство што го консумирам и лето и зима, а овошна салата сакам, ама исклучиво од природно овошје.



КОГА СУМ ВО КУЈНА... Најчесто подготвувам тестенини со различни сосови, но знам и да направам некои македонски специјалитети кои, признавам, поретко ги приготвувам затоа што не ми е многу практично, бидејќи живеам сама.



ИДЕЈА ЗА БРЗ ЛЕТЕН РУЧЕК... Тестенини со некој лесен сос базиран на домати или тестенини со песто, кои се мој фаворит во последно време.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
KAРОЛИНА ќе ни се мажи ?

ПОП ЅВЕЗДАТА НА ВЕЧЕРА СО РОДИТЕЛИТЕ НА НОВИОТ ДЕЧКО
Свекорот ја бендиса Каролина
Родителите на Јован го бендисале шармот и непосредноста на Каролина, па вечерата се претворила во забава до рано наутро со кафеанска музика, па дури и мешање на маса



Родителите на Јован Пановски, новиот дечко на Каролина Гочева се воодушевни од изборот на нивниот син. Од блиски на поп ѕвездата и на младиот бизнисмен дознаваме дека Каролина била на заедничка вечера со родителите на Јован во еден од познатите скопски ресторани. Семејството Пановски го бендисале шармот и непосредноста на Каролина, па вечерата се претворила во забава до рано наутро со кафеанска музика, па дури и мешање на маса.​
Средбата се случила по концертот на Боб Дилан во Скопје, откако таткото на Јован изразил желба лично да ја запознае Каролина и ги поканил на вечера.
Од тогаш низ скопската чаршија почнаа муабетите дека поп ѕвездата добила благослов од семејството, и се свршила со синот на Златко Пановски, сопственик на веледрогерија. Каролина само ги демантираше гласините, и рече дека и е рано да мажи, но одби да дава изјави за нејзината врска. Во телефонскиот разговор ни рече дека не е нејзин стил да зборува во јавноста за приватниот живот. Кусо ни раскажа дека со Јован се заедно три месеци, дека им е многу убаво, и постојано се заедно. Каролина и Јован ќе одат заедно на одмор, на некоја далечна егзотична дестинација, подалеку од очите на македонската јавност. Поп ѕвездата вели дека ќе биде работно ангажирана цело лето, па затоа и е жал што одморот ќе биде кус.
Каролина и Јован заедно се појавија на гала забавата за десетиот роденден на "Вест" минатата среда во хотелот "Александар палас" во Скопје.
Каролина претходно беше во врска со бизнисменот Дино Балиќ, а Јован со водителката Ивана Хаџиевска.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086

Поп- пејачката Каролина Гочева одржа концерт на плажата Кадмо во Охрид на 20 јули со почеток во 22 часот.Еве што кажала Каролина пред настапот„Репертоарот ќе го сочинуваат мои хитови, стари песни добро-познати на публиката. Ќе исполнам и неколку нумери од „Македонско девојче“, последниот албум кој го работев со Златко Ориѓански. Со мојот бенд на сцената предвидено е да настапиме час и половина, но сè зависи од расположението на публиката. По овој настап уште еднаш ќе имам концерт на плажата Кадмо, потоа ќе настапам во Антички театар, ме очекува концерт во Ниш, така што ќе бидам активна до 10 август, а потоа заминувам на одмор“, изјави за „Макфакс“ Каролина Гочева.




На 8 август повторно концерт на Каролина на плажата КАДМО
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Каролина на фестивал во Ниш

Каролина на 7 август 2010 г. ќе настапи на фестивалот „Медијана фест“ во Ниш, Србија. Каролина на публиката ќе и' се претстави со целовечерен концерт со својот бенд. „Медијана фест“ е традиционален фестивал што се одржува десет години по ред, а годинава, покрај Каролина, на манифестацијата ќе настапат и „Легенде“, Гоца Тржан, Ана Николиќ, Неда Украден, Зана и уште неколку регионални музичари.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Концерт во Преспа

Мега спектакуларен концерт, ќе одржи поп пејачката Каролина Гочева на песочната плажа X-otic Beach во Претор овој четврток на 5 август 2010 во 21 часот.

Концертот ќе биде отворен за сите и нема да се наплаќа било каква влезница, со тоа што ќе може да присуствуваат сите.

Каролина Гочева во Преспа доаѓа редовно, последно таа настапи на деновите на Јаболкоберот во 2008-та година, кога се одржа и последното квалитетно издание на јаболкоберот.

Претходно таа исто така во 2007 настапи и на Доделувањето на дипломите на матурантите.

Каролина Гочева доаѓа во Преспа на само еден месец пред промоцијата на нејзиниот најнов албум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom