ФЕЈСБУК ЗЕЗАНЦИЈА ИЛИ ...
Каролина ќе се мажи?!
Каролина Гочева е свршена со Јован Пановски, алијас Хенк Муди, така барем стои на нејзиниот профил на Фејсбук. Атрактивната битолчанка веќе неколку месеци е во врска со Јован, а наводно веќе се запознала и со неговото семејство. Каролина вели дека промената на статусот засега е само на социјалната мрежа Фејсбук и дека се уште нема веренички прстен на раката. "Тоа е мала зезанција, сигурно не би криела доколку ми се случи нешто толку убаво", вели Каролина.
Пејачката вели дека летово нема да замине некаде далеку на одмор, освен некој викенд во Охрид или Грција, затоа што има обврски со новиот албум што треба да се појави во септември. На одмор на некоја егзотична дестинација ќе замине дури во октомври или ноември. Материјалот е снимен е во студиото Лонг плеј" во Сараево и содржи 10 песни. Ова ќе биде шести албум на Каролина, односно петти поп албум, ако се изземе етно-изданието "Македонско девојче". Поради новиот албум Каролина неколку месеци беше на релација Скопје - Сараево, бидејќи таму се снимаа речиси сите песни. Албумот го продуцира Махир Сарихоџиќ, познат продуцент од Сараево, кој работел на албумот и на босанската ѕвезда Дино Мерлин, како и на песната "Успомене на тебе" (српска верзија на "За година две").
Каролина Гочева на 7 август ќе настапи на Медијана фест во Ниш. Битолчанката ќе одржи целовечерен концерт со својот бенд. Медијана фест е традиционален фестивал што се одржува веќе десет години по ред и трае речиси цел месец, односно од 12 јули до 6 август и има богата програма. Годинава покрај Каролина на фестивалот ќе настапат и Легенде, Гоца Тржан, Ана Николиќ, Неда Украден, Зана...