Нема да гласам како не би ги повредила правата на останатите кандидати, ама ќе си се искажам овде.
Александар Блажевски и Иван Смирчевски ми се мртва трка, некако исти тип на сељак ми се. Остали бар знаат дека си се сељаци, не се праат “човек који је скужио космос“ како горенаведениве наслови.
Орце Стефковски и Жаре Берберот според критериумот -турбофолк тезга- такоџе се дружат во иста група, каде друштво им прави His Excellency Драган Доктор по турбофолк науки и емисии за ситната раја Вучич поради, се разбира неговата наклонетост кон истиот тип музика.
Остатокот од баграта, т.е. ЈЈ, Елвир Носич, Врчак итн., нема да ги коментираме, само на нивниот воџа ЈЈ би му порачале да седи мирен на задникот.
И на крај во посебната категорија Ultimate Сељачиште на годината се наоѓа the one and only Маријан Стојановски. Во посебна категорија го ставаме поради неговата уникатност, како и поради тоа што отскокнува од другите.
Маријан Стојановски како појава плени, дали со веѓите во форма на лак, а богами и стрела, или пак со солидната количина на пудра на неговото лице, нека кажат експертите. Она што ни е на нас познато е дека Маријан со своите хитови “Ненаситен“, “Подарок“, “Андреа“ и така натаму создаде култ и и‘ помогна на Македонија да влезе во редот на музички најразвиените народи во Европа, светот па и Пошироко. Затоа штована публико, наградата за “Сељак на годината 2008“ вечерва ќе му ја врачиме на НЕГО!
-режија, громогласен аплауз-
И сега некој нека ја земе обврската да напише acceptance speech.