Во одбрана на Иво.
Канал 5 досега организираше убедливо најдобри преноси на лига на шампиони во МКД!
Канал 5 има дефинитивно поголема гледаност од претходниот формат кој го имаше МТВ.
Канал 5 е единствена телевизија која на транспарентен начин во првиот дел од лига на шампиони ви овозможи јавно гласање преку Анкета, и тоа не на свој вебсајт туку на кајгана да гласате која утакмица ќе оди директно на 5 а која на 5+.
Канал 5 организира емисија пред секое коло на ЛШ и во него досега сигурно имаат гостувано над 1000 луѓе.
Канал 5 не исфрла реклами среде фудбалски пренос какви што бевме навикнати да гледаме на МТВ, и тоа со исклучување на фудбалот.
е сега во однос на вчерашниот дуел и одлуката која ќе се пренесува!
во државава нема само луѓе до 30-40 години кои се палат на лига на шампиони, има и постари лица кои сакаат да го гледаат Пандев. Да токму Пандев, нив не ги интересира ни барса,ни арсенал ни мали џокица, они сакаат Пандев да го гледаат оти е наш човек Македонче. Еден мој пријател кој досега не се замарал со фудбал, сака да го гледа Пандев, кејф му било што наш човек игра фудбал во голем клуб.
единствена замерка која ја имам спрема канал 5 е што подлегна на сите провокации и дозволи група дечишта чија фан група постигна 1500 луѓе на фејсбук да им влијае на одлуката. Па така тие што се организиравме една недела однапред бевме приморани да ја гледаме арсенал-барса 7 минути наспрема интер-цска(која беше најавувана) 40 секунди.
И за чудо големо, никој од тие што го чекавме Пандев и Интер не отвори група група на фејсбук, не пцуеше ни по филе, ни по иво ни по канал 5, сите останавме смирени иако бевме 10 пати позаебани од вас.
и за крај, нека ви служи на чест на сите што го вреѓате Иво и Канал 5, ако некогаш се врати ЛШ на МТВ ќе сфатите која е разликата.....