Кампања за купување на Македонски производи

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Кога пазарам прво ја читам декларацијата,дали производот е Македонски произведен во Македонија тогаш оди во кошничката.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Кога пазарам прво ја читам декларацијата,дали производот е Македонски произведен во Македонија тогаш оди во кошничката.

i jas......iako izbegavam bitolsko mleko oti uvezuvat surovo od vojvodina................tepam na zdravje radovo........isto i jogurt........

mnogu malku proizvodi iame....a i poskapi se od stranskite za zal.....
--- надополнето: 13 март 2012 во 00:52 ---
Кога пазарам прво ја читам декларацијата,дали производот е Македонски произведен во Македонија тогаш оди во кошничката.

i jas......iako izbegavam bitolsko mleko oti uvezuvat surovo od vojvodina................tepam na zdravje radovo........isto i jogurt........

mnogu malku proizvodi iame....a i poskapi se od stranskite za zal.....
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Леб јадеме наш....смоки,кикиритки,и останати грицки јадеме од наше потекло....пијалоците се наши.....цигари 80% се пушат од наше потекло.

Значи проблемот е во другите работи кои ги увезуваме,бидејќи не ги произведуваме,а сепак не се евтини....како електориниката,телевизори,пегли,па се до ноќни ламби.

Вака гледано,не сме лоши...си трошиме производи од наше потекло....но многу малку извезуваме.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
А што мислиш,зашто тоа српскомлеко е 40 а битолско е 48 ?
Како може таа српска фабрика во странство да продава поевтино од домашен а..башка да плати царини,транспорти,дистрибутери и сл. и пак да биде поевтино од битолско ?
Ке го прашаш влиделот зошто е тоа така, и нема консапираси теорија србите ја купиле битолска за да можат да продаваат поевтино млеко во мк:pos: По тешка глупост немам прочитано.
Кога ја спомна цената одиш да пазаруваш минимум ке купиш 50 артикли на сите тие стави им просек 5 денари разлика,оп 250 денарчиња оп 2 литри бензин за да одиш со кола да пазариш,гледаш како ВЛИДЕЛОТ јебе работа а а а а виде ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Леб јадеме наш....смоки,кикиритки,и останати грицки јадеме од наше потекло....пијалоците се наши.....цигари 80% се пушат од наше потекло.

Значи проблемот е во другите работи кои ги увезуваме,бидејќи не ги произведуваме,а сепак не се евтини....како електориниката,телевизори,пегли,па се до ноќни ламби.

Вака гледано,не сме лоши...си трошиме производи од наше потекло....но многу малку извезуваме.
Леб да..е смоки има многу српски ,премногу..кикирики незнам струмички дали има по маркетиве..грицки исто доминираат српско-хрватски...пијалоците да воглавно, ама густите сокови 90% се странски...цигари точно.

Од електроника едино Леов нешто има ,бољери,правосмукалки.. други фирми незнам..а за телевизори муабет нема..за пегли и слични куќни апарати нема (n)
--- надополнето: 13 март 2012 во 01:01 ---
Ке го прашаш влиделот зошто е тоа така, и нема консапираси теорија србите ја купиле битолска за да можат да продаваат поевтино млеко во мк:pos: По тешка глупост немам прочитано.
Кога ја спомна цената одиш да пазаруваш минимум ке купиш 50 артикли на сите тие стави им просек 5 денари разлика,оп 250 денарчиња оп 2 литри бензин за да одиш со кола да пазариш,гледаш како ВЛИДЕЛОТ јебе работа а а а а виде ?
:facepalm:
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Ајде сега нашето не чинело, увезеното чинело. А сите пазаревте hedis производи само заради што беа 2 денари поефтини. Тогаш нашето беше најубаво ... Се фативте за млекото...да го направат 39 денари секој ден на маса ќе го гледате од Битолска млекара.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Kaмпањата купувајте Македонски производи може да успее само доколку цените се намалат за едно 25%.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

Немаме чувство за сопствените економски интереси

Нашите економски интереси ги загрозува и психолошкиот хендикеп, кој неспорно го носиме: секогаш ни импонира туѓото. Од своето како да се срамиме

Колку од нас кога купуваме што било помислуваме дека предност треба да му дадеме на домашниот производ? Доколку е приближно конкурентен, се разбира. Со рака на срце, ретко кој го прави тоа. Од друга страна, и обичен поглед во која било наша самопослуга покажува дека македонските производи не само што не се изложени на истакнати места туку речиси по правило, некаде се стуткани. Или на највисоките полици или на најниските. Далеку од очите. Дури и ако се ставени на оптимална висина, како корнишоните, на пример, најмногу тегли ќе видите од „Подравка“. Тие ни ги продаваат вложениот труд, стаклото, водата, етикетите..., а самите корнишони, многу веројатно, за мали пари ги увезле од кај нас.
Горе-долу таква ни е целата трговија. Проблемот го заокружуваат самите трговци, кои воопшто не се едуцирани да ги нудат домашните производи. Немаат никаков осет за нив. Ако побарате што било, ретко ќе ви понудат македонско, та и да е тоа најквалитетно и најевтино.

Во најблискиот маркет на „Скопски пазар“ (СП) млеко од земјава не може да се купи. Нема. Производите на „Бимилк“ од Битола воопшто не ги нудат, а нередовно ги има на „Витаминка“, „Виталиа“...
Многубројните обиди да се добие информација зошто е така, се безуспешни. Телефонот на централата постојано им е зафатен. Забелешките пренесени на вработените, остануваат во продавницата.
Свеста на граѓаните дека со купувањето наши производи парите остануваат да се вртат дома, да стимулираат развој и нови работни места, е на крајно ниско ниво. Никој не размислува така.

Во поразвиените држави, на еден или на друг начин, и тоа како се води сметка за сопственото производство. Трговијата му дава предност секаде каде што е тоа можно и рационално. Политиката и политичарите го прават истото, на разни начини. Одамна е така. Економскиот патриотизам е дел од воспитувањето и едукацијата на сите.

Пред некое време, Обама јавно повика да се купуваат американски производи, доколку се сака излез од кризата. Нашите уставни судии, сигурно беа згрозени. Тие категорично забранија на фискалните сметки одвоено да се прикажуваат купените македонски производи. Скраја да е. Зарем ќе ги браниме сопствените интереси? Та ние сме глобалисти. Обама не е, ама има среќа. Со ваков Уставен суд можеби ќе беше под истрага за ширење нееднаквост.

Пред 50 години, за време на завршните студентски денови во Загреб, продолжени по земјотресот во Скопје и срушениот Економски факултет, еден од другарите, Данчо, беше кирајџија на Максимир, зад стадионот. Неговиот газда купи радио на РИЗ, Загреб, иако за (речиси) истите пари можеше да земе радио со грамофон, од нишки ЕИ. Ни објасни дека РИЗ е километар од нив, што отворало можности еден ден неговиот син да се вработи таму! Мора да се гледа долгорочно, заклучи. Не беше националист, иако во Загреб ги имаше доста. Беше свесен за потесните економски интереси, што мора високо да се почитува.

Некоја година подоцна, анализата покажа дека само околу 31 отсто од вкупно продадените детергенти во Македонија, беа од ОХИС. Доминираа хрватските и словенечките. И тогаш, нашите трговци ги форсираа „туѓите“ производи, на сметка на сопствените.

Такво нешто во Словенија беше незамисливо. Иако „екстра-билјана“ беше најдобар рачен детергент во државата, во дежелата не се продаваше. Беше направена голема промотивна кампања, со легендарниот „Мањифико“. Во релаксирана атмосфера, отворено ни објаснија: нивниот „Златорог“ покрива 80-85 отсто од пазарот, а за да има избор, 15-20 отсто се од блиската хрватска „Сапониа“. Други не им требале.
Кога француските дипломати патуваа(т) на служба во странство, МНР им ги плаќа(ше) транспортните трошоци за автомобилите. Целта беше тие да бидат - домашни.

Трговијата е политика и тоа една од најважните. Кога Саркози отиде во Пекинг, финализирани беа договори за милијарди евра француски извоз. Неодамна, престојот на кинескиот претседател на Вашингтон заврши со потписи за размена на стоки вредни меѓу 50 и 60 милијарди долари. Тоа е круната на секоја политика.

Нашите економски интереси ги загрозува и психолошкиот хендикеп, кој неспорно го носиме: секогаш ни импонира туѓото. Од своето како да се срамиме. Тој е резултат на нашите историски синдроми, кои мораме да ги елиминираме. Со векови игнорирани и непризнати, присвојувани и неприфатени, окупирани и асимилирани, браќата регрутирани во туѓи војски, со испрани мозоци, борејќи се еден против друг...
Македонците предолго беа жртви на надворешни интереси. Соседите безмислосно го делеа македонското национално ткиво, сееја недоверба и раздор, со цел да нé снема како народ. Сето тоа ни го разбиваше самочувството за себе и своето. Помладите генерации веројатно не го носат овој вирус, ама мора сериозно да се работи за надминување на комплексот. Економската зрелост се постигнува постепено.

Квалитетот на домашните производи секако е петтата страна на медалот. Иако имаме и производи со светски стандарди, многу што мора да се направи да им бидеме рамни на развиените. Тој процес мора да оди паралелно, бидејќи време за чекање - нема. Ако сакаме да опстоиме и да се развиваме, ако сме заинтересирани да ни се намали невработеноста и да живееме подобро, предност во купувањето мораат да имаат домашните производи. Секаде каде што е тоа можно и оправдано.

Домашната потрошувачка и извозот се генераторите на развојот. Зголемувањето на извозот е комплексен процес, кој не зависи само од нас. Кому ќе му ги дадеме парите, одлучуваме самите.
Купувањето е врвна политика.

Авторот е поранешен амбасадор
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.492
Друже се согласувам до негде добро е да се купуваат македонски производи - парите во Македонија ќе се вртат Јанко на Стојко и сите ќе имаат повеќе.
Само не ми е јасно владата зошто ништо не превзема?(јасно ми е ама од правни причини мора да биде формулирано како прашање;))
Ако покачат данок на увоз нормално ќе испадне дека нашите производи ќе бидат поевтини, но секако за готов производ обичниот граѓанин може сепак да се одлучи за странски производ со докажан квалитет.
Но, што е со увоз на пченка и пченица?(пример)
Која логика со обработлива земја како Пелагонија и останатите да се увезува суровина?
Или денес ако не се лажам на вести слушав увоз на сончоглед и поскапо масло?
Увозот на горенаведените треба да е 0%, да имаме и извоз.(второво малку потешко изводливо)
Ако не се средат прво овие работи џабе се дискутира тука за готови производи кога увезуваме суровини ,а може се да биде од домашно производство.
Како и за се друго во животот јас тука мислам дека одговорот е едукација и свест кај народот.
Простата маса не знае дека ако парите не излегуваат надвор од државата сите ќе имаме повеќе дури и цените да се повисоки.
Ако сватат како се вртат парите дури тогаш ќе почнат и да купуваат македонски производи.
Не за џабе сите странски фирми за време на криза повлекуваат пари во матичната држава ,џабе кај нас се лупаат во гради за странски инвестиции ако немаме домашна конкуренција.
Зошто владата упорно бара странски големи инвестиции?(и ова го знам ;)),а не прави ништо да ги поддржи домашните фирми.
Секоја голема економија подвижен мотор и се малите и средните бизниси ,а кај нас управата за јавна пљачка ги опљачка.
То е то - Не кажав ништо ново.:свиркам:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ова се работи за кои владата треба да интервенира, не народот.
Нека се зголемат царините и давачките за увоз, нека се субвенционираат домашните производители повеќе, нека се олесни отворањето и одржувањето на помали и средни бизниси.
Според мене, токму владата е виновна за умирањето на малите и средни прет-пријатија, голем монопол се водиво државава и често го држат странски компании.
Не можеш ти да очекуваш од обичниот граѓанин да купува поскапо само затоа што е македонско кога ионака едвај крај со крај врзува.
Национализам на гладен стомак не бидува.
 
Проблемот е во луѓето.Сите сакаат малку работа,многу пари,а бизнисмените го користат тоа,прават закони по нивна мерка и увезуваат џабе и го дотепуваат и така малото домашно производство

Што убави домашни кикирики има во Струмичкиот и Гевгелискиот регион,ама некој бизнисмен нашол и увезол поефтини радиоактивни кикирики од Кина
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Во последниве два поста читам да се зголемат царините за странските производи..
И ја би играл така..
ама... прашањето е дали може и смее...зошто?
Имаме потпишано договор за слободна трговија, и уште многу други договори и акти..кои сепак обврзуваат и неможе тек така да се прекршат...веројатно..незнам баш,слабо сум запознаен..
А идеално би било лупни голема царина на сите странски производи и сите задоволни..нашите производи би биле многу поевтини и сигурно многу повеќе би се купувале;)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ова се работи за кои владата треба да интервенира, не народот.
Нека се зголемат царините и давачките за увоз, нека се субвенционираат домашните производители повеќе, нека се олесни отворањето и одржувањето на помали и средни бизниси.
Според мене, токму владата е виновна за умирањето на малите и средни прет-пријатија, голем монопол се водиво државава и често го држат странски компании.
Не можеш ти да очекуваш од обичниот граѓанин да купува поскапо само затоа што е македонско кога ионака едвај крај со крај врзува.
Национализам на гладен стомак не бидува.
Бизнисмените го користат тоа,прават закони по нивна мерка и увезуваат џабе и го дотепуваат и така малото домашно производство
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Бизнисмените го користат тоа,прават закони по нивна мерка и увезуваат џабе и го дотепуваат и така малото домашно производство
Какви бизнисмени..за мене се тоа обични трговци-препродавачи,апла на кванташки.. Увези од Кина еден тон роба,за багатела цена и продавај го после тука..јака муда..секој го може тоа,само треба троа повише кеш..Правите бизнисмени се оние кои почнале од нула, вработиле работници и секој месец мислат како да им исплатат плата, и се борат со конкуренцијата..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom