точно е дека голем дел изворно македонски производи ни се враќаат со странска амбалажа и ние ги преферираме во однос на домашните
само еден пример....кисели краставички Подравка наспроти македонски кисели краставички
краставичките на Подравка кои можеби изворно се македонски се добро селектирани и унифицирани по големина и се со постојан вкус односно купете тегла краставички сега и по две години и пак ќе го имаат истиот вкус
за разлика од нив македонските компании не внимаваат на селекцијата и во иста тегла можете да најдете од минијатурни краставички до краставици кои ја зафаќаат половина тегла и вкусот на маринадата варира во зависност од периодот кога се произведени
ова е последица на тоа што македонските фирми во обид да создадат ценовно поконкурентен производ често ги менуваат добавувачите на суровини а со тоа се менува и квалитетот на финалниот производ
Ништо не е подобра Подравка од овие
http://www.maemi.com.mk/index.html на пример.Особено примерот горе, баш тој производ мене ми се гадни од Подравка и ги избегнувам.За разлика од Маеми, кои работат на сопствени површини и оранжерии плус нешто откуп.А факт е дека се со слаба реклама надвор од ЈЗ Македонија и релативно непозната фирма, тука е проблемот кај нив.
Купувајте македонско млеко
„Здравје Радово“ одбележува 10 години постоење - Состојбата во млекопроизводството се подобра
09.03.2012 - 19:04 |
Квалитетот на македонското млеко постојано расте наспроти различните тврдења дека не задоволува, а генерално се подобрува и состојбата во млекопроизводството иако секторот се уште се соочува со голем број проблеми, оцени Јован Дабевски, генерален менаџер на „Здравје Радово“.
Дабевски денеска, на прес-конференција по повод 10-годишниот јубилеј од постоењето на млекарницата, рече дека не очекува драматични промени во цената на млекото и млечните производи или ако има евентуално поскапување, тоа ќе биде минимално.
- Со оглед дека стандардот кај нас и во регионот е многу низок, млекото и млечните производи незначително поскапеа поради поскапувањето на добиточната храна што, како светски тренд, особено ескалираше лани. Се обидовме да ги заштитиме потрошувачите и тој удар да го амортизираме преку употреба на нови технологии, намалување на профитабилноста и штедење. Во претстојниот период се можни извесни корекции на цената, но во многу мал процент, истакна Дабевски.
„Здравје Радово“ почна со работа како гринфилд инвестиција на 9 март 2002 година. По една деценија прерасна во најголема млекарница со македонски капитал.
Денес брои 250 вработени, а дневниот капацитет на преработка е 100.000 литри од кои над четвртина се извезуваат во регионот.
Освен фабрика во Радово, има уште три, во Скопје, Куманово и Василево во кои се произведуваат над 50 различни производи.
- Со гордост можам да кажам дека нашата визија се остварува, се реализираат зацртаните планови и амбиции. Станавме препознатлив македонски бренд и најголем извозник на млечни производи. Потврда за тоа се бројните признанија, но најмногу купувачите кои го препознаа квалитетот на нашите производи, рече Дабевски.
Тој најави нова производна линија - на сокови, кои ќе може да се најдат на пазарот за најдоцна еден месец.( ја купиле МиА бевериџис, бивши Ино Спектар)
Средствата наменети за прослава на десетгодишниот јубилеј „Здравје Радово“ ќе ги донира за хуманитарни цели.
Во текот на годината постојано ќе доставува млеко, јогурт и сирења во СОС Детското село, Македонски Херитас, невладината организација ЕНСАР и до ѓаконијата на црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.
Турски "Суташ" ќе ја купи "Сведмилк"?!
Против!
Само да не е работава како со ИМБ (Данјуб фудс) и Идеал Шипка (Дукат).Да не добиеме и турско млеко со сонценце?
И дали ќе се исплатат млекарите од Сведмилк, ако Сведмилк е со нов газда (не знам како изведоа со долгот)?
Вторник, 13 Март 2012, 13:44
Реконструирани и пуштени во погон новите капацитети на Пивара Битола
По двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Пивара Битола повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе м
есеци поминуваше низ процес на производство.
Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство согласно европските стандарди.
Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Пивара Битола поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа. Исто така беше извршена замена на постоечката стара амонијачна и алкохолна цевоводна инсталација, а заради високо ниво на хигиената, заменети се и водоводната и пивоводната инсталација, односно цевоводите се комплетно заменети со 10.000 метри нови иноксни цевки и 3.000 метри хигиенски вар.
Моментално во Пивара Битола се вработени 80 луѓе, меѓу кои и двајца врвни технолози со 35 годишно работно искуство, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија, како и во соседните земји. Изградбата на Пивара Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година кога беше во сопственост на ЗИК Пелагонија, која потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше превземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра.
Еве уште избор домашно пиво + комплетно домашна инвестиција.Да одбегнуваме од јужното домашно пиво.
http://www.youtube.com/watch?v=4X2e4jwr9q4