Кампања за купување на Македонски производи

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Имаше порано кампања„Купувајте македонски производи“, кога Никола Груевски беше министер за економија во владата на Љупчо Георгиевски.
И имаше ефект. Полека, полека почна да има предност она што е македонско,. а не увезено.

Е сега, друго дваесет е, што после излегоа муабети, дека за таа кампања е потрошено многу повеќе отколку што е заработено.:confused:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....ајде да ги погледнеме работите од еден друг агол

цената влијае врз одлуката на потрошувачот но не е секогаш пресудна

главни фактори покрај цената се.....стандардизиран квалитет на производот (производите од различни производствени серии треба да бидат со ист изглед состав и вкус), амбалажа, јасно деклариран состав и предупредувања, редовна снабденост

точно е дека голем дел изворно македонски производи ни се враќаат со странска амбалажа и ние ги преферираме во однос на домашните

само еден пример....кисели краставички Подравка наспроти македонски кисели краставички

краставичките на Подравка кои можеби изворно се македонски се добро селектирани и унифицирани по големина и се со постојан вкус односно купете тегла краставички сега и по две години и пак ќе го имаат истиот вкус

за разлика од нив македонските компании не внимаваат на селекцијата и во иста тегла можете да најдете од минијатурни краставички до краставици кои ја зафаќаат половина тегла и вкусот на маринадата варира во зависност од периодот кога се произведени

ова е последица на тоа што македонските фирми во обид да создадат ценовно поконкурентен производ често ги менуваат добавувачите на суровини а со тоа се менува и квалитетот на финалниот производ

следно...многу македонски фирми не внимаваат на декларацијата...односно не ги пишуваат детално сите состојки и потенцијални алергени
многу луѓе се алергични или преосетливи на одредени состојки (глутен, целер, кикирики, млеко) и овие состојки и во многу мала количина кај овие луѓе може да предизвикаат смртна опасност...а тука се и луѓето кои од различни морални, етички или верски причини не конзумираат одредени намирници кои често се употребуваат во прехранбената индустрија а често не се наведуваат во декларацијата на пример желатин

потоа постојаноста на производството....дали се работи за храна, облека или техничка роба потрошувачот очекува редовно одреден производ да биде достапен без притоа секој пат кога купува одреден производ да го купува со различен состав или изглед

амбалажата е можеби најпресудниот момент во целата приказна....уредно класифициран и спакуван производ побрзо ќе се продаде отколку истиот производ во генерик амбалажа

македонските фирми треба да се пренасочат од квантитативно производство кон градење на бренд....така македонските потрошувачи без никакви кампањи ќе почнат да купуваат македонски производи....добивката на фирмите многукратно ќе се зголеми и парите ќе се вртат во локалната економија....со еден збор подобро за сите

и за крај кампањата купувајте македонски производи е ништо без придружна кампања создавајте квалитетни и препознатливи македонски производи

ќе го следиме примерот Made in Germany или примерот Made in China? (треба да се одлучиме меѓу квалитет и квантитет...бидејќи овие две работи тешко одат заедно)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Нафта да ама тоа е нивен домашен производ. И ние имаме што да извезуваме само не ни чини.

Цитро ќе ја нареди работава има он стил
Алудираш веројатно на земјоделски производи..извезуваме и ние домашен производ,ама како полуфабрикат,непреработен...по многу помала цена..Пример се Подравка и Фруктал,кои купуваат од кај нас краставици,пипер,праски кајсии,за багатела цена за да после неколкукратно поскапо го продаваат во конзерва и тетрапак.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
точно е дека голем дел изворно македонски производи ни се враќаат со странска амбалажа и ние ги преферираме во однос на домашните

само еден пример....кисели краставички Подравка наспроти македонски кисели краставички

краставичките на Подравка кои можеби изворно се македонски се добро селектирани и унифицирани по големина и се со постојан вкус односно купете тегла краставички сега и по две години и пак ќе го имаат истиот вкус

за разлика од нив македонските компании не внимаваат на селекцијата и во иста тегла можете да најдете од минијатурни краставички до краставици кои ја зафаќаат половина тегла и вкусот на маринадата варира во зависност од периодот кога се произведени

ова е последица на тоа што македонските фирми во обид да создадат ценовно поконкурентен производ често ги менуваат добавувачите на суровини а со тоа се менува и квалитетот на финалниот производ
Ништо не е подобра Подравка од овие http://www.maemi.com.mk/index.html на пример.Особено примерот горе, баш тој производ мене ми се гадни од Подравка и ги избегнувам.За разлика од Маеми, кои работат на сопствени површини и оранжерии плус нешто откуп.А факт е дека се со слаба реклама надвор од ЈЗ Македонија и релативно непозната фирма, тука е проблемот кај нив.

Купувајте македонско млеко
„Здравје Радово“ одбележува 10 години постоење - Состојбата во млекопроизводството се подобра

09.03.2012 - 19:04 |
Квалитетот на македонското млеко постојано расте наспроти различните тврдења дека не задоволува, а генерално се подобрува и состојбата во млекопроизводството иако секторот се уште се соочува со голем број проблеми, оцени Јован Дабевски, генерален менаџер на „Здравје Радово“.
Дабевски денеска, на прес-конференција по повод 10-годишниот јубилеј од постоењето на млекарницата, рече дека не очекува драматични промени во цената на млекото и млечните производи или ако има евентуално поскапување, тоа ќе биде минимално.
- Со оглед дека стандардот кај нас и во регионот е многу низок, млекото и млечните производи незначително поскапеа поради поскапувањето на добиточната храна што, како светски тренд, особено ескалираше лани. Се обидовме да ги заштитиме потрошувачите и тој удар да го амортизираме преку употреба на нови технологии, намалување на профитабилноста и штедење. Во претстојниот период се можни извесни корекции на цената, но во многу мал процент, истакна Дабевски.
„Здравје Радово“ почна со работа како гринфилд инвестиција на 9 март 2002 година. По една деценија прерасна во најголема млекарница со македонски капитал.
Денес брои 250 вработени, а дневниот капацитет на преработка е 100.000 литри од кои над четвртина се извезуваат во регионот.
Освен фабрика во Радово, има уште три, во Скопје, Куманово и Василево во кои се произведуваат над 50 различни производи.
- Со гордост можам да кажам дека нашата визија се остварува, се реализираат зацртаните планови и амбиции. Станавме препознатлив македонски бренд и најголем извозник на млечни производи. Потврда за тоа се бројните признанија, но најмногу купувачите кои го препознаа квалитетот на нашите производи, рече Дабевски.
Тој најави нова производна линија - на сокови, кои ќе може да се најдат на пазарот за најдоцна еден месец.( ја купиле МиА бевериџис, бивши Ино Спектар)
Средствата наменети за прослава на десетгодишниот јубилеј „Здравје Радово“ ќе ги донира за хуманитарни цели.
Во текот на годината постојано ќе доставува млеко, јогурт и сирења во СОС Детското село, Македонски Херитас, невладината организација ЕНСАР и до ѓаконијата на црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.
Турски "Суташ" ќе ја купи "Сведмилк"?!
Против!
Само да не е работава како со ИМБ (Данјуб фудс) и Идеал Шипка (Дукат).Да не добиеме и турско млеко со сонценце? :D
И дали ќе се исплатат млекарите од Сведмилк, ако Сведмилк е со нов газда (не знам како изведоа со долгот)?
Вторник, 13 Март 2012, 13:44
Реконструирани и пуштени во погон новите капацитети на Пивара Битола

По двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Пивара Битола повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе м
есеци поминуваше низ процес на производство.

Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство согласно европските стандарди.

Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Пивара Битола поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа. Исто така беше извршена замена на постоечката стара амонијачна и алкохолна цевоводна инсталација, а заради високо ниво на хигиената, заменети се и водоводната и пивоводната инсталација, односно цевоводите се комплетно заменети со 10.000 метри нови иноксни цевки и 3.000 метри хигиенски вар.

Моментално во Пивара Битола се вработени 80 луѓе, меѓу кои и двајца врвни технолози со 35 годишно работно искуство, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија, како и во соседните земји. Изградбата на Пивара Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година кога беше во сопственост на ЗИК Пелагонија, која потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше превземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра.
Еве уште избор домашно пиво + комплетно домашна инвестиција.Да одбегнуваме од јужното домашно пиво.http://www.youtube.com/watch?v=4X2e4jwr9q4
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ќе се уредуваат 275 автобуски стојалишта

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, потпиша договор за јавно приватно партнерство со грчката компанија „Ремеди Адвертајзинг“ за поставување и доведување во функционална состојба на автобуски стојалишта и електронски информациски дисплеи на подрачјето на Град Скопје.

Грчката компанија за осум месеци треба да постави и доведе во функционална состојба 275 автобуски стојалишта, а до крајот на годинава 80 електронски информациски дисплеи, соопшти ЈСП Скопје.
Автобуските постојки ќе бидат со антрацит сива боја, опремени со клупа за седење, канта за отпадоци и табла со информации за возниот ред на ЈСП Скопје.
Договорот за јавно-приватно партнерство на ЈСП со Меди Адвертајзинг е со времетраење од 15 години.

Извор

Па добро бе нормални ли се овие!?!?!?!?!?!?!?!??!!!!!!!!!!!!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Купувам наши производи ама не по секоја цена, на пример никогаш не сум купил странски кечап, секогаш го купувам Виталминка кечапот, ама зашто не купувам мајонез од витаминка? Зашо е грд. Си земам Томи.

Сакам да кажам, ако има квалитет сите радо би купувале, ама не по секоја цена, да јадам некоја шкљ прозивод затоа што само е мејд ин мк. Нека понудат квалитет ќе купувам
 
Витанез грд o_O хм..за мене си е ОК,никаква разлика ми нема со тој на Томи или Хелманз.. Секој со свој вкус,а си го пробал ли на КИМ мајонезот,мене ми се свиѓа има некој посебен вкус и шмек , а е значително поевтин од Томи на пр..
--- надополнето: 13 март 2012 во 19:08 ---
Извор

Па добро бе нормални ли се овие!?!?!?!?!?!?!?!??!!!!!!!!!!!!

Не се ! Како да нема домашна што може да ги направи постројките..абе нека се гонат у пм!
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Купувам тоа што ми се свиѓа,без разлика чиво е....а од Македонските производи? не се ми се свиѓа!
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Купувам наши производи ама не по секоја цена, на пример никогаш не сум купил странски кечап, секогаш го купувам Виталминка кечапот, ама зашто не купувам мајонез од витаминка? Зашо е грд. Си земам Томи.

Сакам да кажам, ако има квалитет сите радо би купувале, ама не по секоја цена, да јадам некоја шкљ прозивод затоа што само е мејд ин мк. Нека понудат квалитет ќе купувам
Мене па ми е проблем со нивниот мајонез амбалажата, само тегли и мали паковања.Ич не ги разбирам тука, сигурно не се толку отепани да не можат во иста амбалажа како кечапот, многу попрактично.
Витанез грд o_O хм..за мене си е ОК,никаква разлика ми нема со тој на Томи или Хелманз.. Секој со свој вкус,а си го пробал ли на КИМ мајонезот,мене ми се свиѓа има некој посебен вкус и шмек , а е значително поевтин од Томи на пр..
--- надополнето: 13 март 2012 во 19:08 ---

Не се ! Како да нема домашна што може да ги направи постројките..абе нека се гонат у пм!
А од друга страна Металец - Прилеп работеше вакви конструкции низ Солун (стадионот на Арис и слични објекти) и таму по Атина нешто.
Ама добро, за Солун ги сфаќам, домашен производ си форсирале луѓето :icon_lol:
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Кој Македонски Производи? Само смоки, леб, јогурт и сирење се друго е увозно. Дури и млекото. Макс 20% од парите ги трошиме на Македонски производи.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Кој Македонски Производи? Само смоки, леб, јогурт и сирење се друго е увозно. Дури и млекото. Макс 20% од парите ги трошиме на Македонски производи.
Па тоа е ебаниот проблем.. годишно по маркетите се троши 1 милијарда евра,удри математика..800 милиони завршуваат надвор.
--- надополнето: 13 март 2012 во 19:36 ---
Купувам тоа што ми се свиѓа,без разлика чиво е....а од Македонските производи? не се ми се свиѓа!
Што на пример не ти се свиѓа?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Во моментов не ми текнува,ама ако има разлика во амбалажата,сигурно ќе го земам тоа што ми фаќа око.
Како за пример преферирам производи од Megle....
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
па да има АЛПИ 40 денари ама не го купувам пошто е тетовско (тоа ти е исто како од албанија :D), други незнам што македонски има пошто у кам тие ги имаат
Имаш Млекара Здравје Радово бре,и руши цена за разлика од Битолското млеко.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Па тоа е ебаниот проблем.. годишно по маркетите се троши 1 милијарда евра,удри математика..800 милиони завршуваат надвор.
Стефус е во право, 20-30% од трошоците на просечно домаќинство може да отпаѓаат на македонски производи, за останатите или нема соодветен македонски производ или тој што го има е доста поскап или со помал квалитет.

Не знам зошто сите се фаќаат за прехрамбени производи кога најмногу од домашниот буџет се издвојува за енергенси, возила, електрични/електронски апарати и слични производи кои ги нема во нашето производство. Само погледни што најмногу се увезува и ќе ти стане јасно дека ние најчесто немаме соодветен домашен супститут (замена) за увезеното.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Па тоа е ебаниот проблем.. годишно по маркетите се троши 1 милијарда евра,удри математика..800 милиони завршуваат надвор.
Дека е проблем е проблем. Очигледно има преголема потрошувачка на сметка на производство. Ама која влада сака да дестимулира потрошувачка а стимулира производство веднаш животниот стандарт ќе падне. Вака живееме на дознаки од странство и најдобриот извоз ни се образовани кадри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom