- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Муабетот не држи вода. Јас сиот свој живот не плаќам влез во Универзална сала зашто чичко ми цел живот работи како вратар таму. Само затоа што јас и уште 5 мои братучеди ја имаме таа можност треба да дозволиме сите да не плаќаат карти за влез во Универзална? :uvo:Виктор не е работата до исклучувањето, само што кој досега не плаќал казни нема да си плаќа и од сега, simple as. Има татко ми пациенти полицајци, имам и комшија, повеќе од јасно е дека само ние „послабите“ си плаќаме казни редовно. Законот нема да биде еднаков за сите а ќе ни мачкаат очи на ТВ дека се намалиле и прекршоците. За тоа нема потреба да се трошат пари за камери.
Нормално дека секогаш ќе има вагабонти, кога би немало, би биле Катар. Ама редот колку може да се спроведе, треба да се спроведе.
Ги болдирав деловите кои ми беа битни. На нив пред сè ќе обрнам внимание.Ќе платиш парична казна и ако си нагазил 2 цм на полна линија...зависи од потребите за полнење на буџетот...
А тој што е со свест на амеба ќе остане со свест на амеба и ќе вози 100 и 150 км на час без и со камери.
Јас не ќе да сум од тие синко...со или без камери...
Тие што во нашава прекрасна земјичка не плаќаат казни иако постојано прават инциденти - ќе продолжат да не плаќаат.
Лондон синко, како специфичен мегалополис има една работа која Скопје ја нема и нема да ја има а тоа е - The Tube или во превод Метро.
Покриеноста на градот е одлична и тоа го растеретува сообраќајот и го намалува ризикот од сообраќајки а не камерите.
Има и заобиколници кои исто играат улога а не служат само за избегнување на градот во транзит него и за поврзување на поодалечени квартови.
Автобускиот и такси превозот се исто така едни од симболите на тој град и тие играат помала но битна улога.
Доколку Лондон ги немал овие работи тогаш сообраќајот ќе беше на ниво на Кабул и Карачи...без разлика дали имало камери или не.
Камерите?
Служат за пополнување на буџетите секаде, а имаат и друга улога која започнува со “грижата на власта за доброто на граѓаните“ а завршува со камера во секој дом,нешто што во Англија како пионер во областа на CCTV системите веќе е реалност.
20.000 домови се назначени како почетна цифра...
Ефективност нема.
Но време е и РМ да се приклучи кон европските трендови...
Нема да постирам за случаите на тотална злоупотреба на видео надзорот во Англија...
Нема потреба од параноја...
Власта ќе направи подобри и посовесни граѓани од сите нас.:pos2:
Бидејќи општеството - те сака...![]()
Правилото вели не смееш да нагазиш полна линија? Зошто би ја газел? Ќе ти даде некое од циганчињата јаболко за тој твој успех? Многу јасно е нагласено дека за кршење на правилата следува казна, никој не го принудува обичниот граѓанин да прави прекршоци, сам треба да се труди да не ги прави, а оние кои ги прават и не ги плаќаат не е наш проблем. Тоа е као да се жалиш зошто синот на газдата у приватна фирма зема голема плата а не ни доаѓа на работа за разлика од тебе кој работиш осум саата дневно и земаш фиксна плата. Што имаш ти да се мешаш во нешто кое не те засега? Гледај си го својот живот.
Друго, пак ти верувам дека метрото е тоа кое го оправа сообраќајот во Лондон. Среќа што имаат совршен градски превоз. Не ме заебавај, цела ебана Европа, секое ебано село има метро и совршен градски превоз? Си бил во некоја земја во централна Европа да видиш како се вози? Да видиш дека почитуваат правила до ситници ко онаа на Лурц шо ја спомна, да даваат жмигавец на секоја падната цигла на пат за да ја заобиколат. Знаеш зашо? Пошто имаат ебано заебани казни кои ќе им го поебат џебот. Тоа ја прави сообраќајната култура. Нормално, коа ќе се начукаат у некое австриско село и сакаат да праат глупости, ќе напраат и може нема да ги фатат, ама генерално системот функционира.
Трето, фала богу дека служат за пополнување на буџет, али за разлика од ситуациите као до сеа коа се пунеше буџет со изговор “пет илјади евра казна пошто немаш две ролни тоалет хартија во Веце според законот донесен пред 15 минути“ сега ќе се пуни според правила донесени пред ја и ти да бидеме родени и со цврст доказ дека си го напраил прекршокот. Нема зборот на џандарот е посилен, зборот на видеото е најсилен. Win-win ситуација е, буџетот да кипи, граѓаните да знаат дека ако не почитуваат правила ќе ги поебат. Така и треба.
За теориите за масовна контрола кои ги форсираш може да дискутираме на ниво на “што би било кога би било“. Дај боже секое ебано ќоше да го контролираат и да ме гледаат кога имам секс со девојка ми на секое можно место кај мене дома, ама да бидеме Англија. Ич не ми смета. Али, прво мислам дека работата со камерите никад нема да отиде до таму да има потреба некој да не контролира, зашо сме никој и нишо. А кај Фрчко дома веќе имаат инсталирано, па не му се мисли толку. :wink:
Чекај бе дечко, како тоа тебе ти е побитно да стигнеш таму кај шо си тргнал на сметка на безбедноста?Види вака , прво , имаш право тоа горе да го сакаш , тоа така и треба да функционира , но ....
Разликата , просто кажано е во начинот на тоа како ти и јас ја перцепцираме целата ситуација .
Имаш двајца полицајци и една полициска кола ( не повеке , толкав е буџетот ), јас би ги ставил на раскрсница да го регулираат сообрќајот кога има гужва , ти истите би ги постави да наплатуваат казни , во истиот ден , на истата локација , казна за тој што нема врзано појас , нема запалено светло , нема регистрирано кола .... затоа што безбедноста во сообракајот тебе ти е поважна , а мене ми е поважно да стигнам на време онаму каде што сум тргнал .
Тоа е целата разлика .
Затоа и се прашувам (кога другиот дел од сообраќајот не е среден) за што би служеле овие камери.
[/B]Па напишав , служат за полнење на буџетот , полицијата станува “профитабилна фирма “ на владата , а не орган кој би требало да биде сервис на граганите.
Јас со таквата филозофија за функционирање на системот не се согласувам
