Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.185
- Поени од реакции
- 34.414
Депресијата се лекува со прошетка.
Само 30 минути брзо одење може за кус период да го поправи расположението на депресивните луѓе, покажало новото истражување на научниците од Универзитетот во Тексас.
Тие велат дека прошетката има многу подобар ефект врз депресијата отколку вообичаените лекарства кон кои се наклонети депресивните луѓе, како што се цигарите, кофеионот или претераното консумирање храна.
Во нивната студија учестувале 40 испитаници на возраст од 18 до 55 години кај кои била дијагностицирана тешка депресија.
И поранешните истражувања покажаа дека вежбите помагаат против депресијата, но ова е прво во кое е утврдено дека таквите активности можат да имаат моментален ефект.