Кога одам на шопинг со цел да купам определена гардароба најчесто се нервирам и ме измачува тоа. Најчесто си имам во глава што сакам да купам и барам додека не најдам
Често тоа што посакувам го нема тука кај нас, па чекам година дена да стигне таа гардароба. Лоши се страните на интернет за гардароба
Најубаво ми е кога одам да шетам и божем случајно ќе влезам во неколку продавници и ќе си купам некое интересно парче непланирано.
Шетам најчесто со другарки или сестра ми, а некогаш и сама сум си шопингувала.
Секогаш пробувам, никогаш не сум купила нешто без да пробам. Си прашувам за совет нормално и во глава си размислувам со што би го комбинирала тоа.
Купувам од разни продавници, но си имам омилени во кои си влегувам секогаш кога ќе поминам покрај нив и често влегувам во продавници со убав излог