Како форумот влијае на вас?

H

HoT IcE

Гостин
Форумов нема никакво влијание врз мене. Порано седев многу на форумов, по цели денови, но веќе форумов го изгуби сјајот од детишта, и ретко веќе да направиш асална дискусија, се што беше позитивно за кајгана форум сега е минато, за жал.
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Колку време сте активни на форум(и)?
На кајгана сум активен приближно една година(уште малку ќе правам еднагодина поточно), а на други форуми сум бил доста активен а тоа биле форуми за информатичка технологија и од разни области.
Кајгана ја посетувам една година но на форумот се зачленив во Јули и приближно еден месец бев активен многу бидејки неможев да му одолеам и со текот на времето почнав се почесто да го користам па потоа едно време ретко бев активен на форумот( дали 20 минути во денот се уклучував да видам само што има ново).





Повеќе сакате да читате или да пишувате?


Па зависи од распололожението понегогаш ме мрзи да демнам на тестатурата и само читам, а пак понекогаш и читам и пишувам.
Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?

Позитивно да има за негативно нема и се надевам дека ќе нема бидејки форумите се наменети за дружење, дискутирање и стекнивање нови пријателства.

Сте стекнале ли пријатели на форум?
Сега за сега не ама во иднина се надевам дека ќе стекнам нови пријателства и ќе дојдам на некоја собиранка која се одржува.

Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?
Сега за сега немам никого запознаено на форумот ама сметам дека форумџиите имаат различен став на форум и во живо.

Сте помогнале некому?
Зависи каква помош имам донирано неколку пати во Хуманитарни акции ако го сметате тоа за помош тогаш да

Ви било ли помогнато?
Не сега за сега но кога ќе ми затреба некаква помош ќе побарам но повеќе сакам сам да се справувам со одредени работи.

Какво мислење имате за интернет форумите?
Високо мислење кое е поголемо од социјалните мрежи бидејки на форумите има дискусија за разлика од социјалните мрежи и сметам дека во македонија треба да има повеќе форуми кој ќе бидат корисни.

Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?

Не ги сваќам бидејки животот на форумот е поразличен од реалниот живот.

Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?
Не се нервирам и се трудам да излезам од теснотијата и да ја свртам дискусијата во моја корист

Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?
Не, јас не прифаќам порази, секогаш се трудам да победам и да ја ставам дискусијата во моја корист
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Колку време сте активни на форум(и)?
Повеќе сакате да читате или да пишувате?
Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?
Сте стекнале ли пријатели на форум?
Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?
Сте помогнале некому?
Ви било ли помогнато?
Какво мислење имате за интернет форумите?
Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?
Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?
Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?
итн.

Правам проектна за матура на тема „Интернет-форумите и нивното влијание“ и би сакала во склоп да ставам неколку постови од форумџиите за нивното лично искуство со интернет-форумите. Не мора на сите прашања по ред да одговарате, ги поставив само како патоказ.. па, секое онтопик мислење е добредојдено. И мислам дека сепак е добра тема за дискусија.

1 Скоро по цел ден.
2 И двете :icon_lol:
3 Позитивно
4 Да
5 Немам запознато во живо.
6 Да
7 ДА!
8 Форумов ми беше потребен поради некои информации и ги добив,но не мислив дека ќе ми биде зависност :)))
9 Понекогаш
10Никогаш не сум бил :)
11 Никој не ме победил :)
12 Ви одговорив на претходното прашање :)
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Колку време сте активни на форум(и)?
Активен сум од двеиљаде и девета. И тоа доста активен. Можда и превише.
Повеќе сакате да читате или да пишувате?
Сакам да дискутирам, за читање прочитав све. Арно ама во последно време ми се случува да сакам да пишам нешто и таман кога ке завршам да пратам, си викам “абе ајде“ и гасам. И читам стално за дешавки, трачеви... зашто ТВ приемник немам вклучено 8 години а можда и повеќе. Така да ако не видам нешто на форум или на фејсбук, у чаршија нема да можам да се уклопам у друштво, а камоли па да водам разговор со некоја девојка.
Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?
Има негативно има и позитивно. Пример негативно е што читам свашта, сакам да читам свашта а знам дека влијае негативно врз мене. Ме прља (валка) а бев чист. Не само форум, него општо интернет. Знаењето не ми се свиѓа на таков начин. Прмер читаш за некоја си секс поза што ја излудува девојката, и у сред секс тебе ти текнува на таа тема или што и да е од нет прочитано и си викаш лееј да пробам да ја излудам девојка ми, а уствари везе нема. Што сакаат жените, па нешто девојками ке ми се скара и си враќам филм од онтернет прочитани дали сум според 10-те правила “што сакаат жените“.
А порано бев навидум глуп, ама чист и оргинален, тоа што јас го знаев не го кажував на никој, не го ледев на интернет, и имав свои квалитети. Верувале или не можев и да летам, се до денот кога у школо не ми кажаа дека постои гравитација и блабла...бла... тамо она настојува да не влече и затоа неможеме да лебдиме, заковани сме. И после ме научија уште многу работи од кои сега ги знам и ми сметаат. Рипав од дрво на дрво како дива мачка се додека не видов на јутуб нај фејл акробации како паѓаат и кршат вратови и рбети и коски. И вируси, болести, незнаев ништо за тоа. Ме научија од интернет и сега сум свесен дека тоа е околу мене и може да ме повреди. А прашај ме пред 5 години, боли ме уво, јадев од земја дирекно, јадев од дрво дирекно, немиено со валкани раце.
И така јас научив многу од форуми и тракатанци.
Сте стекнале ли пријатели на форум?Сеуште не.
Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?/
Сте помогнале некому?На форум? поима немам, мислам дека не, никој ми нема кажано дека сум помогнал. А баш би сакал да помогнам онака, бесплатно е. :)
Ви било ли помогнато?ммм Да. Информација да.
Какво мислење имате за интернет форумите?Незнам многу форуми, бев на еден форум пред да се зачленам овде, тамо имаше активни 50 супер беше. Дојдов овде, ОК е, и чат пат идам на ИТ.мк форум.
Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?штознам, лично. Не. Може некад со некои сум се испцувал онака уличарски, ама немаше повредени. :)
Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?Невозможно.
Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?Невозможно некој да ме победи. :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Колку време сте активни на форум(и)?
Од 2006 година пред потопот на форумов. Заведено ми е 2007 година.

Повеќе сакате да читате или да пишувате?
Читам онаму каде незнам и таму не пишувам.

Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?
Неможе да има негативно, бидејќи целиот концепт на модерирање е совршено поставен да се трга се што може да предизвика тензија, навредување и заканување.

Сте стекнале ли пријатели на форум?
Имам многу добри пријатели од форум. Последно се запознав со Гораст, требаше едно кафе да пиеме, останавме да муабетиме 5 саати во кафана. Е тоа се вика пријателство :))

Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?
Налетувам на личности кој во живо немаат допирна точка со постовите и ставовите. Или кога ќе го видиш и ќе споредиш се што напишал не ти се верува на сопствените очи. Но повеќе преовладуваат луѓе кој се супер позитивни, исти 100% на форум и во живо, прави ѕверки. Може некои на прва средба се срамат па не се покажуваат во правилно светло, но после 2/3 средби доаѓаат до израз. Така да првиот впечаток и може да се измени.

Сте помогнале некому?
Помагам колку можам, но дали им помогнало они нека кажат.

Ви било ли помогнато?
Пред да преземам било каков конкретен чекор во еден сегмент прво се консултирам со еден постар член на форумов за совет. Многу ми помага неговото искуство.

Какво мислење имате за интернет форумите?
Само за Кајгана имам мислење бидејќи не учествувам на никој друг форум. А Кајгана е неспоредлива.

Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?
За да се навредам треба многу да ме познава човек и да знае како да ме навреди. Досега таква близина не сум создала и нема потреба. Најинтересни ми се забелешките и навредите кога ќе „исклучи“ некој во дискусија тогаш најмногу се смеам. Или забелешките на Цитро, он цело време ми наоѓа забелешки :)


Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?
Тоа му недостига на форумов, „тесни“ дискусии, порано со ноќи не спиевме за да се објасниме, додека не извергламе десет страни. Сега помалку ги има и ми недостигаат, јас сум еден од иницијаторите на ваков тип дискусии, не се нервирам, настојувам другата страна да ја изнервирам :)

Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?
Влијае, ставам мокра крпа на чело и болна легнувам. Се шалам, неможе секој на сите теми да „победува“ на една ќе падне. Признавам пораз со аргументи и факти или се откажувам само ако се зборуваат приказни или од ракав тресени информации. Нека ме „победи“ слободно некој боље одколку да читам глупости.
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Колку време сте активни на форум(и)?
Повеќе сакате да читате или да пишувате?
Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?
Сте стекнале ли пријатели на форум?
Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?
Сте помогнале некому?
Ви било ли помогнато?
Какво мислење имате за интернет форумите?
Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?
Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?
Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?
итн.

Правам проектна за матура на тема „Интернет-форумите и нивното влијание“ и би сакала во склоп да ставам неколку постови од форумџиите за нивното лично искуство со интернет-форумите. Не мора на сите прашања по ред да одговарате, ги поставив само како патоказ.. па, секое онтопик мислење е добредојдено. И мислам дека сепак е добра тема за дискусија.
1.Уште малце ке биднат две години.
2.Повеќе сакам да читам, занимливо е.
3.Позитивно сигурно. Колку само книги прочитав препорачани од членовите. Највеќе ми има помогнато за религиските ствари, многу научив.
4.Пријатели? Па не баш. Али се надевам ќе стекнам. Има некои со кои иаме заеднички мислења..
5.///
6.Сигурно ма да не се сеќавам многу многу. Му кажав на ексДонМетадон(сега el bandito) дека е агностик по верувања(кога праша). :P
7.Да да, за факултет, за авионски карти, за програмата WORK&TRAVEL, телефони..
8.Не мислам на други форуми, само на кајгана! :love: Добра ствар се, пред се за екстра едуцирање, знаење или што год било.
9.Не.
10.Па можда у тој момент да, али ќе си се произнесам.
11.Не, никако.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Стај го мојов пост, после твојот.
Пошо сум легенда.
Таман ќе ја насмееш.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
Колку време сте активни на форум(и)?

Околу 4 години безмалку секојдневно по македонски и странски форуми нечесто и по 20 сати на ден онлајн...

Повеќе сакате да читате или да пишувате?

За да знаеш што да пишиш мора да имаш прочитано што има напишано. Ако некој сака да се фклучи во некоја дискусија фер е и да ја има прочитано истата. Нема белки со трол фразата TL/DR да тресам глупости на кои не е ни време ни место.

Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?

Освем закаснувањата на работа или на договорени средби поради дочитување или доискажување на своето мислења во некоја тема на некој форум лично не сум видел ништо негативно. Форумите се поголема енциклопедина и од тетка Вики.

Сте стекнале ли пријатели на форум?

Премногу, од секаде и да неречам а ќе речам се надевам и засекогаш. Преубаво е чувството кога некој со кој си имал муабет на форум го запознаеш и во живо потоа. Лично не сум сретнал некој кој на форум е едно а во живо друго. Можебу тоа е само мое мислење но повеќе од 100 нови запознавања на личности кои првично сум ги читал и ме читале на форуми никогаш досега не ми го дале спротивниот одговор.

Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?

Засега не сум запознал некој копј е различен од форум. Можеби дволичните ме избегнуваат или јас се сум толку несреќен да ги запознаам но не велам дека мож=еби такви постојат али за среќа јас такви лично не познавам...

Сте помогнале некому?

Лично не би се фалел со тоа дека сум помогнал, доволно ми е што бар некои ценат тоа што сум оставил преку можебеи повеќе од 30.000 мислења по форуми...

Ви било ли помогнато?

Секоко дека ДА. Онај кој не признава дека некое прочитано мислења за нешто што го интересирало не му било совет како да сработи или како да постапи тој е бескран лицемер кој нема ни трошка чести.

Какво мислење имате за интернет форумите?

Прекрасен начин за интернет дружење, забава, релаксација, место за ширења познанства и ширење поглед кон работите во животот... се најпозитивно...

Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?

Не постои забелешка која ме погодила лично (исвем еден кретен кој се смееше на мој пост посветен на мојата тогаш почината баба :( ) Никогаш друг пат не сум реагирал за нешто насочено кон мене што не значи дека не сум реагирал на нешто насочено кон моите пријатели за кои знам дека не е така како што тој (навредувачот) сака или верува дека е.

Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?

Не постои дискусија која некој кој сака да дискутира ќе го одведе во тесно. Сите можеби грешиме но не постои ситуација која прав форумџија ќе го остави без зборови а при то ада се изнервира дека нема што да каже. Секогаш има што да се каже. Доволни се само две-три двабоки вдишувања и помислата на народната два пати мери еднаш сечи и се ќе излезе искажано како што сакаме ние. Невозможно е некој да остани без зборови може само да ако сака да напушти дискусија од некои други причини а не дка немал што да каже. Ако треба и нека напише “извинете што пишав но не би продолжил понатака поради тоа и тоа“ само не да избега како ...

Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?

Реторичко прашање. А ви се полни ли егото ако некој го оставите без зборови. Форумите немаат никава улога во состојбата на некој кога дискутира со друг форумџија. Сите “деца“ имаат пристап до компутери, за жал нечесто некои не знаат да го користат сите благодети што компјутерите и интернетот ги имаат во себе. Да с енадеваме дека оние вистинските ќе останат тука а тие другите ќе заминат на фб или било каде на друго место само не по форумите и да тролуваат на нив...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Колку време сте активни на форум(и)?

Па од 2008ма, лето Господово сум член на форумов а читач скоро 1 година пред тоа.

Повеќе сакате да читате или да пишувате?

Од кога се регистрирав, почнав да пишувам. И многу пишував. Во последно време намалив со пишување и повеќе време читам, иако искрено и се намалија корисните работи за читање.

Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?

Па има влијание. Цело време. Од кога се регистрирав па до сеа, сменив начин на размислување, став за некои работи, начин на пишување. Едноставно ме направија малце подобар и малце полош човек од што бев.

Сте стекнале ли пријатели на форум?

И тоа многу. Пријатели, пријателки, другари и другарки. И неколку специјални форумџики али не е прашањето за тоа, нели? :P

Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?

Сум запознал неколкумина такви со две лица. На интернет - алапачи а во живо - бубачки. Па и обратно, некои многу ме изненадија дека се многу поинтересни во живо отколку на форумов.

Сте помогнале некому?

Па ваљда. Не знам. Не мислам на тоа дур пишувам. Ако не сум помогнал на некому после овие 10 000 мислења, мислам дека е подобро да се откажам.

Ви било ли помогнато?

Секако. (читај како ми влијаел форумот)

Какво мислење имате за интернет форумите?

Позитивно и негативно. Позитивно зашто гласот на граѓаните конечно може да биде слушнат и да се води дискусија на некои теми за прв пат во толкав број и без физичко ограничување според тоа каде се наоѓаат. Негативно, зашто некои го користат форумот за свое хранење на егото врз телата на други форумџии.

Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?

Секако. Се е лично, И позитивна и негативна забелешка е лична. А тоа интернетот не го менува. Колку и да не си на интернет како што си во животот, сепак и лажното претставување ако е подложно на забелешки, значи мора некаде да грешиш и во глумата, што значи не си ни доволно способен да изградиш нешто.

Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?

Порано се нервирав. Сеа сум модератор и ги бришам другите кои не мислат како мене. :D
Секако дека има нервоза ама позитивна. Нервоза дека не можеш да смислиш нешто контра другиот и со тоа да докажеш дека си во право, кога знаеш дека си во право.

Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?

Секако дека не влијае, зашто ги бришам :D
Па не баш. Не сме сите во право. Ама нема ни криво ни право. Не постои апсолутна вистина, туку само различни гледишта на нештата. Симболично кажано - нема две планини, туку е само една а зависи на кого му е погледот на планината од повисоко место.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
јас сум веле подугачко време на форумов и на поише други и многу ми помогна и ми извијаеа на мене да се усовршам како возрасен и пишувам многу подобро и се изразувам политературно и употренувам големи и мали бкви и интерпуцкиски знаци правилно
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.916
Музички ме изведе на правилен правец, за другото не е битно.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Темава ми е енормен его-буст. :X3: Голема работа ако сум регистриран уште од 2и8ма. Или сум помогнал некому.
Ако сум, извини. Те мразам. Како и сите овде.

Туку фино што се соберавме сите на едно место, од “Дали со форумот созревате", "Првото ваше матење на Кајгана", "Kolku casa sedete na forumot" et cetera, et cetera..

Будалчиња. :X3:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Колку време сте активни на форум(и)?
Пишува под сликата,аватарот..за наше добро..бдв станав прокламиран борец за поголема потрошувачка на Македонски производи во нашите маркети.. Купувајте Македонско! За наше добро!

Повеќе сакате да читате или да пишувате?
И двете..кога ме мрзи само читам,а кога не ме мрзи ги правам и двете работи..

Сметате ли дека форумот има некакво влијание врз вас? Позитивно/негативно?
Има влијание,ни големо,ни мало.. Добро е за разработка на мозочните вијуги,и тепање на досадно време..

Сте стекнале ли пријатели на форум?
Само он-лајн до сега (n)

Од досегашното искуство на форум и запознавање форумџии, колку мислите дека се различни во комуникацијата во живо?
Мислам дека 90% се различни,многу луѓе имаат проблеми со комуникација ин ливе.. На тастатура се појаки,ама сигурно има и исти и тука и во живо..Леандра мислам..:giggle:

Сте помогнале некому?
Ај хоуп соу.

Ви било ли помогнато?
Да,за доста работи.. Пред се околу компјутери и други општи работи..пример,еднаш изгубив уплатница од факс,и немаше да ми текне да отидам у пошта да барам потврда..ако не ми кажеа на форум :pos:

Какво мислење имате за интернет форумите?
И позитивно и негативно..воглавно првото.. Само штета е што многу луѓе имаат пристап до компјутер...

Дали забелешките кои ги добивате ги сфаќате лично?
Да понекогаш,почесто не..ама посебно Леандрините забелешки у срце ме погаѓаат како аморова стрела.. после следи депресија најчесто...


Дали се нервирате кога сте „во тесно“ во дискусија?
Нема тесни дискусии..има само инатење од некои членови,по секоја цена да се докажат дека се најпаметни!

Дали влијае на вашата самодоверба доколку некој „ве победи“ во дискусија?
Може да се каже,а може и не..ама гледам да останам непоразен во секој двомеч..или барем да извадам нерешено..:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom