Како се станува возрасен?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Најголема грешка(но не и единствена) кај несозреаните личности е кај родителите,а најголем проблем што тие им ги решавале сите проблеми на децата,оставете ги малку и тие да се испотат и да се изборат за нешто да го заслужат...Искуството игра многу голема улога во животот,но треба и тука да се внимава,ако тоа те натера да остариш малку пред време,тоа е лошо,зошто сепак возрасен човек е оној кој успеал да го задржи детето во себе....
Потполно се согласувам. Родителите се тие кои ќе го заробат детето на една возраст од која не може да мрдне и тие кои ќе го направат зрел и стабилен човек.
Доколку го држат во стаклено ѕвоно, тоа никогаш само нема да се снајде и да може да живее. Ќе зависи од другите, ќе моли за се` од мама и тато, ќе се лигави насекаде со што ќе е одвратно и отфрлено, за еден ден кога ќе остане само, да не знае што со себе и да пропадне скроз.
Од друга страна, родителите доколку не го држат никако своето дете, тоа може да фати два правци. Да се погоди паметно и да сфати колку тие грешат, па од желба да не е како нив да порасне самото во прекрасна возрасна личност или па да се погоди некое послабо, кое ќе пати поради тоа и ќе се претвори во лоша и злобна личност, која далеку од тоа дека еден ден би пораснала.
А од трета страна, ако се погодат таман родители, кои знаат правилно да го воспитуваат и издигнуваат своето дете, да му даваат што треба и да му забрануваат што не мора (тука не мислам само на материјални работи, иако тие се доста важни), скоро сигурно тоа дете на време ќе стане возрасна, стабилна и независна личност, која би можела само да се гордее на себе.:pipi:
 
Mind In Motion

Smirking Revenge
Член од
29 мај 2007
Мислења
816
Поени од реакции
46
Возрасен си кога си способен да сносиш последици за своите постапки.
Тоа значи после 18? Не зезај. Се дешава детето да си расте да си расте и наеднаш да секне во раст. Џабе има 18 години кога растото му секнал во 5то одд...Мислев во акалот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Тоа шо го пишав нема врска со годините. Никаде не спомнав години. Тоа е твоја перцепција дека со 18 години некои си замишљаат дека коа ќе напунат 18 ќе можат шо сакаат да праат. Уреду е, грешно си ме разбрал.
 
С

Сатори

Гостин
Зошто наеднаш на темава сите се фатија за родителите?
Како тоа да е е единствениот и најбитниот фактор за растењето на една личност, детето не се гради бре само дома.:toe:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зошто наеднаш на темава сите се фатија за родителите?
Како тоа да е е единствениот и најбитниот фактор за растењето на една личност, детето не се гради бре само дома.:toe:
Не е единствена причина.Но некои не му дозволуваат на детето да се гради и надвор од дома.
Друштвото исто така има големо влијание во тинејџерските години,каде личноста е најосетлива на дразби.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Зошто наеднаш на темава сите се фатија за родителите?
Како тоа да е е единствениот и најбитниот фактор за растењето на една личност, детето не се гради бре само дома.:toe:
Основите се поставуваат дома, од родителите, а на улица се надградуваат. Иако, пак се` е релативно. Има луѓе кои вечно остануваат зависни од нивните родители, дури и кога ќе стапат во брак. Има луѓе кои се осамостојуваат порано, на помлада возраст.
Родителите ги врзуваме во оној момент кога треба да се постават основи, што е и нивна генерална обврска. Ако те направат зависен од нив, а тебе ти одговара така ќе тераш се` додека се живи. Ако те направат зависен од нив, ама тебе повеќе не ти одговара, односно сакаш да си самостоен си одиш по сопствен пат понатака, свесен дека понатаму одговорноста за исходот од постапките е твоја.
Битно е родителот да го препознае моментот кога сакаш да се одлепиш од нив и уште побитно е да те пуштат. :)
 
Не го негирав влијанието на родителите во ниту една прилика, но едноставно е премногу ограничено да се претпостави само дека они се најбитниот фактор или да се замине до таму и да се каже дека се единствениот.
Една личност се гради со многу сегменти во себе, детенце од прво одделение кога ќе замине на училиште почнува да прима влијанија и да се подложува себеси под истите, дали тоа ќе бидат наставнички, соученици или нови полиња на интерес, исто е, се тоа ќе ја гради личноста.Родителот може да ги постави темелите до некоја 4/5 година, но потоа кога ќе почнат да се мешаат сите останати фактори, тогаш веќе доаѓа интересниот дел полн со контрадикции.

Со оваа перцепција тргам од себеси, што можеби не е правилно, но родителите се само 30% од што личноста може да биде и е, се друго е фактор сам по себе надвор од домот.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Претпоставката е на место. Сепак, родителите од старт, од првиот ден поставуваат авторитет врз детето кој не се отфрла така лесно. Децата им веруваат исклучиво на своите родители до тинејџерството, па и понатаму. Па така влијанијата од страна во тие “предетески“ години е непостоечко, бидејќи родителот е филтер на сите муабети понудени на детето. Ако родителот е незаинтересиран и не го сослушува своето дете, тогаш улицата, градинката, школото ќе биде во улога на родител.

Она второто болдирано. Родителот вечно ќе биде авторитет. И родителот најлесно ќе може да ги тргне влијанијата врз своето дете. А со оглед на тоа дека таму е единствената безусловна љубов, вројатно е тоа и добро. Проблем настанува, особено во раните тинејџерски години, каде партнерот, или улицата наеднаш добиваат повеќе внимание од детето, па настануваат и проблеми. Ама да не терам офтопик. Поентата ми е дека родителот ги поставува темелите додека се гради личноста, значи до бајаги доцна, до +20.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Возрасен си кога си способен да сносиш последици за своите постапки.
Кратко, јасно, во сржта на темата. Браво.
И да е детето растено под стаклено ѕвоно по дигањето на тоа ѕвоно и неговото соочување со реалноста (ако успееа да се справи со неа и да преживе во неа) тоа ќе созрее. Тоа е моето мислење.
А под возрасен или не јас подразбирам, не под или над 18, туку разлика меѓу дете и маж, девојче и жена. А таа разлика е како што кажа Лука.
 
С

Сатори

Гостин
Претпоставката е на место. Сепак, родителите од старт, од првиот ден поставуваат авторитет врз детето кој не се отфрла така лесно. Децата им веруваат исклучиво на своите родители до тинејџерството, па и понатаму. Па така влијанијата од страна во тие “предетески“ години е непостоечко, бидејќи родителот е филтер на сите муабети понудени на детето. Ако родителот е незаинтересиран и не го сослушува своето дете, тогаш улицата, градинката, школото ќе биде во улога на родител.

Она второто болдирано. Родителот вечно ќе биде авторитет. И родителот најлесно ќе може да ги тргне влијанијата врз своето дете. А со оглед на тоа дека таму е единствената безусловна љубов, вројатно е тоа и добро. Проблем настанува, особено во раните тинејџерски години, каде партнерот, или улицата наеднаш добиваат повеќе внимание од детето, па настануваат и проблеми. Ама да не терам офтопик. Поентата ми е дека родителот ги поставува темелите додека се гради личноста, значи до бајаги доцна, до +20.
Не велам дека не си во право, ама не можам да се согласам со тоа дека до 20 година родителите се највлијателни, зошто не се, јас во животот најголемото влијание што го претрпив беше она на една моја пребитна личност во животот, каде каде постара и поискусна која што до ден денес ми втерува повеќе страв во коски од било кој, и тоа од мои 12 години.
Значи не може да се земе генерално дека едно дете ќе ги трпи промените само преку дозволата на своите родители.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не велам дека не си во право, ама не можам да се согласам со тоа дека до 20 година родителите се највлијателни, зошто не се, јас во животот најголемото влијание што го претрпив беше она на една моја пребитна личност во животот, каде каде постара и поискусна која што до ден денес ми втерува повеќе страв во коски од било кој, и тоа од мои 12 години.
Значи не може да се земе генерално дека едно дете ќе ги трпи промените само преку дозволата на своите родители.
Те разбирам што сакаш да кажеш и сосема е точно тоа што го кажуваш. Сепак, твојот случај кој што го користиш како пример, е исклучок кој ретко се случува на други деца, односно друга возрасна личност да има влијание дури и поголемо од она на родителот. Е сега, тоа се случило, бидејќи родителот директно или индиректно дозволил тоа “туѓо“ влијание да биде присутно. Доколку родителот смета дека таа личност не е добра за тебе, многу полесно (заради авторитетот стекнат од 0 години) ќе те убеди во неговото мислење и став, и ти (како и секое дете) нема да ги земеш зборовите на таа личност како релевантни, туку оние на родителот.

Кога се работи за “улицата“, момче, другари/ки веќе улогата на родителот е комплицирана и ја имаме дскутирано на една друга тема, но во главном, тоа е мојот став.
 
Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
родеителите од мали ги врзуваат децата за себе и поставуваат критериум како треба а како не треба...ги чуваат децата во стаклено ѕвоно...тука е грешката нивна. Треб детето да се остави само да ги свати и прифати предизвиците во животот и ќе порасно кога ќе му дојде време. Секако, треба насока...но оставете го да падне, ќе стане, а не на 25 години трауми да има порадни некои работи што не ги надминало. Родителите од мали ги насочуваат во насока во која тие ги гледаат во иднина...значи ги ограничуваат и не ги оставаат да си одлучат сами што ќе бидат и што ќе прават со својот живот.
Секоја чест на исклучоците, кои се мнооогу ретки
 
ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Ова што го зборувате у преѕходниве постови ти е кога созрева човекот не кога станува возрасен.Кога дете кое поминува низ тешкотии ги баталува игрите и мора да донесе одлуки како и секој постар човек тоа е веке СОЗРЕВАЊЕ.Возрасен ти е веке над 18 а после тоа си иаме будали возрасни кои се однесуваат како мали деца и до 18 си биле мамини синчиња па немале некој тешки проблеми, и мудри возрасни тоа ке ти бидат овие деца што созреале порано од другите на нивна возраст бидејки животот ги натерал..
 
Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
А зошто да се стане возрасен, многу е досадно да си возрасен.
Бидете деца засекогаш, полесно ќе го живеете животот и подобро ќе го сватите.:baeh:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom