Како се станува возрасен?

Tea ^^

★ loli pop ★
Член од
15 октомври 2008
Мислења
187
Поени од реакции
8
Мислам дека возрасен стануваш со се големото искуство кое го сознаваш во текот на животот.Сепак има некоја врска со годините, но мислам дека овде станува збор за една ситуација каде што се согледува различен пристап на мислење кон работите.Може некој е возрасен во поглед на годините да кажеме дека е 30 години а работите околу себе што му се случуваат го прифаќа и ги сваќа како некој 15-18-годишец.
Затоа мислам дека возрасен повеќе одговара во однос на размислувањето и во дејствувањето кое го изразуваш во дадени ситации. Возрасен во оваа смисла значи рационално да го прифаќаш работите и реално да гледаш на работите, без некои заблуди (како што се мозоците на недораснатите).
Самиот живот и искуството може да го направи човекот возрасен или не.
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Најмногу зависи од самиот човек...
Но ако не' галат мама и тато цел живот, никогаш нема да пораснеме па да имаме и 40. Знам многу луѓе што имаат на 25 а се однесуваат ко деца...во негативна смисла, се замараат со глупости, се плашат да превземета нешто...итн итн
И јас се однесувам и се чувствувам како дете во одредена доза, но од секогаш сум била одговорна и сум си ги сносела последиците сама
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Животот е тој кој не` прави возрасни. Ако сами го живееме, без раката на мама и тато позади нас да го спречи секој пад, ќе пораснеме правилно и ќе станеме возрасни. Ако не, секогаш ќе се вртиме позади гледајќи дали некој не` придржува во чекорењето.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.864
Поени од реакции
20.423
Возрасен.. незначи дека со самото растење физички можеш да пораснеш, растењето/зрелоста си доаѓа кај секого различно кај некој побрзо( или пребрзо пораснал од мака), некој пак заглавил во детството.. Растеме со сите проблеми, пречки, подеми, падови така добиваме искуство и кога ќе се свртиш веќе си возрасен и назад нема, затоа поуживајте во детството и млдоста.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
По темата: Оној кој го поминал детството под стаклено ѕвоно, нема да порасне никогаш - што е една од полошите грешки кои знаат да ги направат родителите, под изговори како грижа, заштитување и страв, кои ја затскриваат вистинската особина: control freak, поради која ќе се појави Ѕвоното кај младичот, и ќе го прати до крај на живот - фактички претворајќи го во незрел, уплашен и "незаштитен - на улица" човек.
Да, но дали може детето да го помине цело детство, пубертет, адолесценција и понатамошен живот во стаклено ѕвоно? Не, мора кога-тогаш да се сврти наоколу и да ги забележи хиените и страшните улички и тогаш ќе мора сам да застане на своите нозе, без да ја бара мама. Така да, мислам дека ќе порасне и оној кој имал детство под стаклено ѕвоно.

Но, ајде да ја гледаме темата од другата страна, превртено. Што кога тие тешкотии од детството изградат еден плашлив човек неподготвен да застане цврсто на тлото, да презема ризици, да го искаже своето мислење?

Сепак, стакленото ѕвоно од една страна и траумите од друга, се крајности. Идеално би било кога детето би ја запознало и уличната школа, но и би ги задржало и правите вредности што ги научило од домашното воспитување. Ама идеалното е тешко остварливо, па така како родител, никогаш не можеш да бидеш сигурен што се одвива во главчето на потомецот, што точно му е потребно.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Најголема грешка(но не и единствена) кај несозреаните личности е кај родителите,а најголем проблем што тие им ги решавале сите проблеми на децата,оставете ги малку и тие да се испотат и да се изборат за нешто да го заслужат...Искуството игра многу голема улога во животот,но треба и тука да се внимава,ако тоа те натера да остариш малку пред време,тоа е лошо,зошто сепак возрасен човек е оној кој успеал да го задржи детето во себе....
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
:shok:
Што збориш бе сине? Практично 18 години се многу години. Децата ширум светот учат да бидат возрасни од својта 13 година кога почнуваат да подработуваат тука или таму. На 18 веќе се спремни да се одделат од семејството и да живеат одговорно. Паралелно да студираат и работат. За кога ќе ја поминат 21вата и официјално во некои земји смеат да конзумираат алкохол, да не се мисли општеството дали се зрели или не зрели.

Тоа што кај нас нема услови за возрасните да работат а не па децата е друг проблем.
A be znajsh deka lugevo i na mesechina se kachija? Nie mozeme? A be praam muabet za kaj nas ne za vo Japonija.Ti si ili beshe sposoben da napravish raboti shto gi navedov vo prethodniot post na svoi 18god.? :smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас мислам дека голем дел од работите се спомнати во претходните постови, но еве и јас да кажам свое мислење. Според мене голем дел од “заслугата“ да се стане возрасен е искуството и грешките од минатото.
Искуството што човек го стекнува, му овозможува да созрева и да се оформува како личност. Како што кажува Џон Лок, човекот кога ќе се роди е “табула раса“ односно неговиот мозок е празен лист, кој се испишува со знаења со помош на искуството. Грешките кои ги правиме се многу битни, бидејќи секоја грешка која ќе ја направиме, со себе носи некоја порака. Сега, зависи и од човекот. Некој побрзо ги согледува наравоученијата и пораките од грешките, некој подоцна.
Како што човек се здобива со повеќе животно искуство, така се повеќе и повеќе созрева.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
234
Поени од реакции
9
Постојат 2 вида на возрасни луѓе и тоа :
..
Прво да дефинирам возрасен :)
возрасен ти е нешо како.. ограничување..
1. Невозрасен шо мисле дека е возрасен (кај и да е ќе стане возрасен и после ќе мисле дека е невозрасен :) )
2. Возрасен у години, под 21 не признавам возрасно :)
3. Возрасен шо има големо искуство од живото и сето тоа го применува за разумно и логично размислување
не знам да бројам :X

иначе ја сум ти батка мешавина од овие 3 типа на возрасни луѓе.. иам 22, знам дека не сум возрасен :S, а кажувам дека сум возрасен и размислувам разумно и логично...
п.с. ногу фаци тука ја знаат мојта логика :)))))) ghk гхгхгхгхгх

И сеа објаснување... додека си млад (невозрасен) ти си батка живееш у една твоја реалност и за тебе баш се е возможно и праеш се шо сакаш.
Но со теко на времето од сите тие кој живеат околу тебе (наводно возрасни фаци) ти праат бед филм и ти наметнуват некоја нивна ограничена реалност, со која ти си преморан да вршеш едни исти работи секој ден... имено живото да ти се состое само од 1 ден... или на нашки кажано секој ден да праеш се тоа па тоа.. работа, студирање, јадење, спање..

За жал ногу од тие младите (99% некаде) ги прифаќат тие инфлуенци од "возрасните" и живото и станува ШИТ.... имено они "созреват" и стануват "возрасни"

Уствари тоа они шо го праат е, стануват како тие околу нив... живеат ја нивната реалност.. ретко денешно време (некој како мене, сеа да не се фалам, ама обожавам да си се фалам оти иам голема самодоверба... п.с. кој завидува комотно нека пише контра :) ) да си има сопствена реалност и да си живее живот различен од другите..

Имено авторо со се ова сака да каже дека.. созревањето на една личност е ограничување на истата..

Ретко кој може да осете и да виде дека нема граници.

Значи како да станеш возрасен ??

Многу едноставно..
ОГРАНИЧИ СЕ...

Кој не верува нека проба :)

p.s. :eek:ftopic: на Кире тракторо нема фарови, од ова логично е дека... Кире дома живее у куќа со 4 соби + ВЦ и ходник
кој ќе ја најде логиката од кај ми иде рака му давам и БФФ ќе ми биде :):zver:
 

МургоДШит

Чаршиска џукела
Член од
3 ноември 2008
Мислења
128
Поени од реакции
19
Да цитирам еден алкохоличар од извесен филм (да, јак авторитет по животни прашања. Гајле ми е. Закон е.)

Adults are just children with debts.

Тоа е тоа. Крај на дискусијата.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Dve strani ste napisale a ni O od ODGOVORNOST ne uspeav da procitam.Nejse,mozda sum preskoknal nekoj post.
Edinstvena razlika pomegu vozrasnite i decata e cuvstvoto na odgovornost vo realniot svet.
Ima polnoletni luge koi nikogas nema da stanat vozrasni.Nikogas nema da bidat svateni seriozno od okolinata bas zaradi nivnata apsolutna neodgovornost.
Iako e mnogu sirok poim terminot "pod stakleno zvono",nekoi luge uspevaat da gi izrasnat svoite deca vo rozov svet a pritoa da gi naucat na odgovornost.Toa se uspesni prikazni.Onie koi sozreale bez staklenoto zvono se bestseleri.
Pozdrav.
 
С

Сатори

Гостин
Да, но дали може детето да го помине цело детство, пубертет, адолесценција и понатамошен живот во стаклено ѕвоно? Не, мора кога-тогаш да се сврти наоколу и да ги забележи хиените и страшните улички и тогаш ќе мора сам да застане на своите нозе, без да ја бара мама. Така да, мислам дека ќе порасне и оној кој имал детство под стаклено ѕвоно.

Но, ајде да ја гледаме темата од другата страна, превртено. Што кога тие тешкотии од детството изградат еден плашлив човек неподготвен да застане цврсто на тлото, да презема ризици, да го искаже своето мислење?

Сепак, стакленото ѕвоно од една страна и траумите од друга, се крајности. Идеално би било кога детето би ја запознало и уличната школа, но и би ги задржало и правите вредности што ги научило од домашното воспитување. Ама идеалното е тешко остварливо, па така како родител, никогаш не можеш да бидеш сигурен што се одвива во главчето на потомецот, што точно му е потребно.
И јас комплетно се сложувам, посебно со првиот дел, стакленото ѕвоно како такво ја врши својата улога се додека не се појави некој или не се западне во одредена ситуација која што од тоа ѕвоно ќе направи партали.
Дека е тешко, тешко е.Ама ако така не научиш да пораснеш и ако така не ги спознаеш сите грозни, парталави човечки особини и гадни места, поинаку влијанието нема да биде толку големо.

Знам, затоа што зборувам од искуство, некои работи се претеризам, посебно кај моите родители, ама тоа што јас го видов на 17, не само што ме порасна, туку ми стави и 4 слоја челик врз мене.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали мислите дека е ова точно? Факт е дека некои луѓе едноставно никогаш не пораснуваат, но дали тешкотиите низ детството, тинејџерството, допринесуваат или не? Дали е сосема обратно? Мирното детство да ни овозможи подлога за спознавање на светот и со тоа да влеземе лесно во светот на возрасните... М?
Секој со својата судбина.Некој има нормално детство,без грижи и удобен живот,некое дете гледа беда,врзување крај со крај,бесконечни расправии.Ако е дилемата помеѓу овие две состојби,би ги поврзала родителите со созревањето на личноста.Ако се му донесеш пред нос,ако го штитиш од сите можни влијаниа и дразби,таа личност тешко ќе се снајде сама во реалноста.Во спротивниот случај,другата личност исто така тешко ќе се снаоѓа во релациите со луѓето,тргнувајќи од својот аспект на гледање на работите.
За да станеш возрасен,потребно е да добиеш самостојност во одлуките и да стоиш позади нив.Кога ќе ја прифатиш одлуката,ќе станеш одговорен за своите постапки и размислувања.Кој од овие два случаеви полесно ќе ја преземе одговорноста е тешко да одлучиме.Ако тргнам од стојалиштето дека проблемите го градат човекот и го прават посилен,веројатно би се залетала на таа варијанта,но тоа немора да значи дека личноста со помирен живот потешко би созреала.
Е ај сеа да те виидам:)
 
D

drle

Гостин
Кажано метафорички во однос на темата дете кога проодува ако родителите стојат позади него и постојано го држат не оставајќи го да падне подолго време ќе му треба да прооди, а доколку го насочат и го остават само да се труди да прооди побрзо ке прооди.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Возрасни сме кога самите себе и повеќето луѓе околу нас ќе не сметаат за созреани . Мое мислење ... вие ?
Како можеш така да кажеш? Епа не ќе чекам некој друг да ми каже - да ти си возрасен. Прво со секој различно разговараш и неможеш да чекаш да ти каже такво нешто, зборам за озбилно не за онака муабет.

Инаку, првиот пост има точност. Зашто во детството ако си оставен сам на себе да одлучуваш што е добро, а што не и ако за сите работи не ти ги врши тато или мама тогаш сакаш или не ќе созрееш. Некои луѓе и на 30 години се уште се деца, зашто живееле во стаклено ѕвоно како помали и сега нивните кога ги испуштиле незнаат што да прават со себе и со животот. А уште па ако треба да мислат за други околу нив ауу лошо. За себе знам дека прерано пораснав, првин така животот ми скрои план, после сама сакав така. За се сама донесувам одлуки, стојам позади секој кажан збор и доволно премислувам. Она што не ме уби ме направи посилна. Животот задава препреки и ако совесно и со внимание ги поминеш, ти можеш да кажеш дека си возрасен. Созревањето е битен сегмент од животот, тогаш и се запознаваш всушност кој си и што сакаш да направиш со себе. Некои и не сакаат да созреат, едноставно убаво им е некој друг да се грижи се за нив, тие никогаш нема да го имаат епитетот возрасен и животот ќе им помине само така. Човекот сам си одлучува дали е доволно силен внатрешно да стане возрасен и да ги сноси одговорностите и да се воочува свесно со обврските.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom