Не беше комунизам туку некојси отпрвин самоуправенсоцијалистичкисистемсо...не знам, некој свој систем си тераа, ниту беше режим, барем не јавно.
За ова е многупати зборено, се успеа со парите од надвор-бесповратни, помош.
Се спомена низ етерот за на времето 2 можни зачленувања во ЕУ, едно 70-тите, едно кога беше Марковиќ шеф сале. Ради што не сме влегле не знам, ама овие 20 години ја плаќаме таа цена, на големо, скоро сите бивши ју држави.
За келнерот, дали на пример тој може да го води ресторанот? Најверојатно е полесно да послужи отколку да организира цел процес на работа.
Истото би било и со рударот, доколку бил способен да заврши соодветно школо, да влезе во шема како пратеник, да покаже и докаже нешто...за сето тоа е потребна способност, колку и да не делува така.
Не е до толку едноставно да се објаснат овие разлики и специјализација во процесите, но сепак постои, дури постоеше и во претходниот систем каде за одредени струки наградите за трудот беа многу потценети (па и сега не се нешто многу исплатливи).
Пратеникот донесува одлуки потешки од милион тони ископана руда. Ќе повторам, зборувам за оптимални услови, а во Македонија ни демократијата ни комунизмот/социјализмот не беа/се доведени до оптимала.
Да, ова е тоа што е доста битно, но навидум од страна гледано делува едноставно.