Како се одвиваше комунистичкиот режим во Македонија

Член од
12 јануари 2010
Мислења
87
Поени од реакции
23
Како се одвиваше комунистичкио режим во Македонија?Како се постигна толку голем успех и подобар стандард за многу краток период.Дали е тоа клучот што ќе ги отвори нашите врати кон подобар животен стандард?
 
H

^HITMAN^

Гостин
Види вака брат, за да отвориш тема според правилата на форумов мораш да дадеш објаснение на насловот од темава под претпоставка дека сите не знаат за комунистичкиот период во Македонија и за животниот стандард тогаш.

Инаку,комунистичкиот режим во Макединија како што кажа и самиот беше "режим" и се постигна со убивање или затварање на повеќе од 50,000 неистомисленици со самопрогласениот диктатор Тито, кои искрено се бореа и залагаа за независна Македонија. За животниот стандард на сите им е јасно дека пазар од 22,000,000 и пазар од 2,000,000 жители не е исто, така?
А за во денешно време комунизмот нема да ни отвори никакви врати туку ќе не изолира на Балканот и ќе не зафрли во таква беда и сиромаштија што и луѓето од Кенија ќе ни се смеат.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782
Постирав и во една тема за филмови. Има еден добар германски филм, Das Leben der Anderen, посветен на тајните служби во Источна Германија. Изгледај го и после зборувај за комунизмот. Можеби овде таквите притисоци и шпиунажи не биле во толкав обем, но дефинитивно ги имало и дефинитивно страдале луѓе. И мене старите ми зборат ко мед и млеко да течело, ама можеби за нив. За некои други комунизмот носел не толку добри работи.
 
Tака е, мед и млеко течело кога претходно пиеле само вода. И тоа мед и млеко течело за оние кои претходно немале ништо. Прашајте ги оние кој настрадаа со реформата за Национализација, Експропријација и Аграрна реформа од 1952 год. кога луѓето имале дуќани, овци, говеда, па и фабрики мали и доаѓа Тито и им вика- "Од денес ова не е повеќе ваше, ова е наше", им одзема се што имале и ги присилува да работат во нивнуот дуќан како работници за плата. E тоа ти е комунизмот, каде чистачка во болница и лекар зимаат плата со разлика од 2,000 денари, каде трудот не се вреднува и цени, каде корупцијата беше на максимално високо ниво и каде 50 години луѓето од 6 држави го дрвеа иако знаеја дека ќе дојде крајот, кога ќе дојде ред да се сведат рачуните и тоа на најкрвав начин.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782
Нашиот народ може да зборува дека комунизмот бил многу подобар од капитализмот, но што всушност имаме ние, капитализам? Незнам каде на друго место има таков капитализам, со грабење на фирми и срамна приватизација. Најголемите комунисти ни го воведоа капитализмот и не доведоа до ова ниво на кое што сме денес. И истите тие кои профитираа, големите газди во поранешниот систем си останаа газди и после менувањето на системот. Како е можно сеуште да немаме лустрација? Сигурен сум дека 90% од функционерите кои минаа низ фотелјите во државава се поранешни шпиони и што ли не. Заради нив старите денес го величат комунизмот и имаме Титови Леви Сили...
 
H

^HITMAN^

Гостин
Најголемите комунисти ни го воведоа капитализмот и не доведоа до ова ниво на кое што сме денес. И истите тие кои профитираа, големите газди во поранешниот систем си останаа газди и после менувањето на системот.
Еве еден пример на кој секогаш се смеам дури и суратот кога ќе му го видам - Стојан Андов, од комунист преку ноќ се преобрази во либерал. :pos2:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Како се одвиваше комунистичкио режим во Македонија?Како се постигна толку голем успех и подобар стандард за многу краток период.Дали е тоа клучот што ќе ги отвори нашите врати кон подобар животен стандард?
Па не беше тешко да постигнеш било што доколку претходно немало ништо.

И тоа не е постигнато благодарение на комунистичкиот режим туку со потта на обичните луѓе.

Насекаде во светот се напредуваше, под различни политички уредувања.

Национализацијата на земјиштето, одземањето земја од селаните, непланската индустријализација го замреа селскиот живот и земјоделското производство. Дојдовме во ситуација 1/3 од населението да се наоѓа во главниот град.

Јас не познавам човек што го искусил комунизмот и би сакал да се врати. (Тука не ги земам во предвид партиските секретари)
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Имаше една парола на ЈБТ гимназијата, уште во времето на едноумието. Ми беше интересна и ја запаметив, потоа кога се присетив на неа, се натажив, бидејќи се пронајдов во неа, како дел од тнр изгубената генерација!
вели: Ние сме деца на комунизмот кој не лажеше!
 
Член од
12 јануари 2010
Мислења
87
Поени од реакции
23
Tака е, мед и млеко течело кога претходно пиеле само вода. И тоа мед и млеко течело за оние кои претходно немале ништо. Прашајте ги оние кој настрадаа со реформата за Национализација, Експропријација и Аграрна реформа од 1952 год. кога луѓето имале дуќани, овци, говеда, па и фабрики мали и доаѓа Тито и им вика- "Од денес ова не е повеќе ваше, ова е наше", им одзема се што имале и ги присилува да работат во нивнуот дуќан како работници за плата. E тоа ти е комунизмот, каде чистачка во болница и лекар зимаат плата со разлика од 2,000 денари, каде трудот не се вреднува и цени, каде корупцијата беше на максимално високо ниво и каде 50 години луѓето од 6 држави го дрвеа иако знаеја дека ќе дојде крајот, кога ќе дојде ред да се сведат рачуните и тоа на најкрвав начин.
Гледај сега работник во рудник зема плата од 20000 денари а пратеник во собрание 60000 денари која е потешка работа?Јас како што гледам во капитализмов сега максимално се искористува трудот на народот а минимално се плаќа.Ти би работел келнер за 6000 ден а работиш 12h и постојано си на нозе?
 
Ти мислиш дека во Македонија капитализмот и демократијата се на ниво како во Германија? Јас не кажав дека денешното општествено уредување во МК е перфектно. А инаку во оптимални услови, пратеничката работа е 1000000 пати потешка од онаа на работникот во рудник. Не се мери тежината на работата само според физичкиот напор. Каде е времето кое пратеникот го изгубил во студирање, магистрирање или докторат, а? Кога ќе му се вратат тие пари и тоа време нему, а? Пратеникот донесува одлуки потешки од милион тони ископана руда. Ќе повторам, зборувам за оптимални услови, а во Македонија ни демократијата ни комунизмот/социјализмот не беа/се доведени до оптимала.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не беше комунизам туку некојси отпрвин самоуправенсоцијалистичкисистемсо...не знам, некој свој систем си тераа, ниту беше режим, барем не јавно.
За ова е многупати зборено, се успеа со парите од надвор-бесповратни, помош.
Се спомена низ етерот за на времето 2 можни зачленувања во ЕУ, едно 70-тите, едно кога беше Марковиќ шеф сале. Ради што не сме влегле не знам, ама овие 20 години ја плаќаме таа цена, на големо, скоро сите бивши ју држави.

За келнерот, дали на пример тој може да го води ресторанот? Најверојатно е полесно да послужи отколку да организира цел процес на работа.

Истото би било и со рударот, доколку бил способен да заврши соодветно школо, да влезе во шема како пратеник, да покаже и докаже нешто...за сето тоа е потребна способност, колку и да не делува така.
Не е до толку едноставно да се објаснат овие разлики и специјализација во процесите, но сепак постои, дури постоеше и во претходниот систем каде за одредени струки наградите за трудот беа многу потценети (па и сега не се нешто многу исплатливи).
Пратеникот донесува одлуки потешки од милион тони ископана руда. Ќе повторам, зборувам за оптимални услови, а во Македонија ни демократијата ни комунизмот/социјализмот не беа/се доведени до оптимала.
Да, ова е тоа што е доста битно, но навидум од страна гледано делува едноставно.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Во комунизмот или социјализмот се јадеше и пиеше на вересија... и кога дојде до рецесија никој не си собра вересија...сето тоа зачинето со демагогија од лажни комунисти, а уште по неписмени социјалисти...на народот му остана само сеќавање од една кратка кулминација пред самиот распад, со кој тапоглавите и неписмени комунисти сакаат да се сокрие сета неспособност и промашеното време за едно такво уредување.
 
Член од
12 јануари 2010
Мислења
87
Поени од реакции
23
Ти мислиш дека во Македонија капитализмот и демократијата се на ниво како во Германија? Јас не кажав дека денешното општествено уредување во МК е перфектно. А инаку во оптимални услови, пратеничката работа е 1000000 пати потешка од онаа на работникот во рудник. Не се мери тежината на работата само според физичкиот напор. Каде е времето кое пратеникот го изгубил во студирање, магистрирање или докторат, а? Кога ќе му се вратат тие пари и тоа време нему, а? Пратеникот донесува одлуки потешки од милион тони ископана руда. Ќе повторам, зборувам за оптимални услови, а во Македонија ни демократијата ни комунизмот/социјализмот не беа/се доведени до оптимала.
Ги имаш видено пратеницине ? ако не зборува никој ќе заспијаат на фотеља не работат физичка работа се досасдуваат и само се расправаат за банални работи
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.346
Поени од реакции
7.470
Вчера вечер (петок) во 19 часот, во Мала Станица се отвори изложбата насловена како „Прогонувани, затворани и осудувани за самостојна Македонија”. Пред околу стотина гости изложбата ја отвори координаторот на истоименото здружение, господинот Никола Андонов. Покрај него, на присутните им се обратија со свои говори и проф. д-р Милан Бошкоски, како и проф. д –р Звонимир Јанкуловски.
Целиот текст е на блогот на Алек Карека.

Ете како се одвивал комунистичкиот режим во Македонија. Слично било и со другите републики.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ех Тончи, уште ве лажат :)
Туку, ретки биле изгледа случаи да не му имаат затворено или избркано барем еден член од фамилија. Кај мене и од двете страни, едниот дедо затворен Идризово и одземена куќа Битола, другиот буквално избркан од нивите ради колективите-за малку ради нива ќе одел на стрелање. Цела среќа имале што останале живи. Колку тоа било тешко, толку и ознаката непријател на државата, тоа било уште пострашно.

Ретко кој спасил глава (сигурно голем број членови овде имаат своја слична приказна), ама ете...некои велат подобро се живеело :)

Инаку интересен блог и добра информација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom