Да се навратиме пак кон
браќата Миладиновци. Димитар и неговиот брат Константин се имаат школувано во гимназијата во Јанина, неофицијалната престолнина на власите во Епир. (ДИМИТ'Р И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, 1986 Sofia, стр. 198-201 , Димит'р Рајков). Биле и двајцата учители на влашки јазик, во пелистерските влашки села Трново и родното село на нивните родители Магарево (пак таму, стр. 201).
Интересно е, што
во нивните млади години не го познавале македонскиот јазик, нит словенското писмо, па во една преписка меѓу Димитар и Константин Миладинови забележано е дека "ќе одат во Русија да го научат словенскиот јазик, за да предаваат бугарски во Македонија" (Братја Миладинови. Преписка. Издирил коментирал и редактирал Н. Трајков. С., 1964, стр. 126.). За разлика од словенскиот јазик кој не го владееле, многу добро го научиле италијанскиот јазик, кој како романски е многу сличен со влашкиот (Табаков, Н. Братја Миладинови. Биографија. С., 1966, стр. 12.). Инаку и двајцата престојувале и работеле едно време во албанскиот Драч.
Прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на школување во Москва, во 50-те години на 19 век, како руски стипендисти од страна на руската амбасада во Цариград (Табаков, Н. Братја Миладинови. Биографија. С., 1966, стр. 204).
Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов (Ив. Хаджов. Александ'р Рачински за Братја Миладинови. Училиштен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, стр. 114).
Русите за Контсантин и Димитар Миладинов имале отворени шпиунски досиеја. Според руските дипломатски служби, Димитар Миладинов бил нивен шпиун за ширење на бугарската нaродност во Македонија (Селишчев, А.М. Сем'ја Д. Миладинова. Из донесениј консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 67).
На 25.5.1861 г., рускиот консул во Битола г. Хитрово пишува до азијатскиот департамент на руското министерство за надворешни работи дека "учителот Миладинов е познат по своите заслуги во полза на бугарската народност и распространувањето на образованието меѓу православните жители на Македонија, беше неодамна упасен од турците поради сомнение за врска со руските агенти" (Селишчев, А.М. Сем'ја Д. Миладинова. Из донесениј консула М. Хитрово (1864 г.) — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 65).
За бугаризацијата што ја спроведувал Миладинов, финансира и осмислена од страна на тогашна Царска Русија, пишуваат и останатите дипломати во Македонија.
Чарлс Калберт, британскиот конзул во Битола во извештајот до британскиот амбасадор Хенри Булвер во Цариград и до англискиот државен Секретар Џон Расел по повод апсењето на Димитар Миладинов пишува: "
Димитар Миладинов е еден руски пропагандист“ (Никола Трајков. Братја Миладинови..., стр. 215.). Понатаму британскиот конзул објаснува до своите претпоставени: " Доста големата преписка на Димитар Миладинов, составена од добиени писма и преписи од испратени писма, не остава ни најмало сомнение, дека тоа лице
е агент на руската пропаганда" (Никола Трајков. Братја Миладинови..., стр. 217.).
Англискиот дипломат од Битола St. Pisani до неговиот надреден Sir H. Bulwer пишува дека “
Миладинов примал плата од руската влада и неговиот брат живее во Русија како агент на пропагандата“ (ориг. “Miladenoff, he said, was receiving a salary from the Russian Govt and his brother is residing in Russia as an Agent of the Propaganda“ , извор St. Pisani
, Public Record Office, Foreign Office 195/685 Turkey, Monastir; “Братја Миладинови – преписка", ред. Никола Трајков, III. Дипломатически документи -АНГЛИјСКА ДИПЛОМАТИЧЕСКА ПРЕПИСКА
, Писма 94 — 96 .).
Миладинови, како руски соработници во Македонија, ја презеле улогата на руските конзули по Балканот и испраќале свои ученици на школување, односно бугаризација; дури, Димитар Миладинов испраќал млади Македонци во Русија без знаење и согласност на нивните семејства, кои се противеле на нивната бугаризација. Забележан е протестот на македонскиот револуционер Ѓорѓи Капчев од Охрид до турските власти, каде тој го обвинува Димитар Миладинов дека без знаење на семејството го пратил брат му Иван Капчев на школување во Русија (ДИМИТ'Р И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ стр. 215/216, Димит'р Рајков, Софија 1986 г.).
Кузман Шапкарев има дадено повеќе имиња на Македонци кои Д. Миладинов ги испратил на обука во Русија, како пријателот Рајко Жинзифов, Константин Н. Станишев, Никола Делииванов, Георгија поп Стаменов од Дојран, Андреја Стојанов од Воден. Воедно, многумина Македонци, Димитар Миладинов исратил во Цариградското бугарско училиште за да станат бугарски учители кои ќе предаваат по новоотворените бугарски училишта во Македонија (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 402, Кузман Шапкарев, изд. Б'лгарски писател, Софија 1984).
За Зборникот на Миладиновци...
Васил Чолаков, пријател на Константин Миладинов во преписка со Фрањо Рачки опишува
како Зборникот на Миладиновци станал б`лгарски “мојот покоен другар Констандин Миладинов ме замоли да му дадам сто песни од источните краишта на Бугарија, за да може на својата збирка да и даде наслов Б`лгарски народни песни (Драган Ташковски, “Раѓањето на македонската нација“, стр. 104). Меѓутоа, Константин Миладин свесен дека словенските лингвисти ќе ја забежат јазичната разлика меѓу македонските и бугарските песни, тој ги превел бугарските песни на македонски јазик. За овој македонски превод на бугарските песни, бугарскиот лингвист Л. Каравелов пишува “браќата Миладиновци направиле неколку јазични грешки, особено во тоа што ги измениле во јазикот и ги дале на свое наречје (А. Стоилов, Показалец за печатените през XIX век б`лгарски народни песни, Софија 1918 г., стр. 11).Во Зборникот на Народни Песни од Македонија, браќата Миладинови измислуваат 3 песни каде се спомнува бугарското име. Имено, требало да го претстават македонскиот фолклор како бугарски, а немало во Македонија ниту една песна, предание каде се спомнува бугарското име или некој бугарски владетел. За овие нивни измислици пишува и ширачот на српската пропаганда, Симеон Кончар во својата брошура "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год., кој пак тврди дека Македонците се Срби, оти никаде во нивниот фолкор не се спомнува бугарското етничко име, ниту пак постоела бугарска национална свест кај Македонците.
За да не стана преочигледна политичката врска на браќа Миладинови со Русија, самиот Зборник на народни македонски песни ги обајавуваат во Загреб, а не во Русија, како што претходно било договорено со нивните руски ментори. Тој факт го потврдува и Димитар Миладинов во писмо до Константин Роби од 17 јули 1857 г. каде што му најавува дека Зборникот ќе се објави во Москва (Трајков, Н. Братја Миладинови. Преписка. Софија, 1964 г., стр. 33).
Димитар Миладинов- Македонците се словено-пелазгиски народ
Важно е да истакнеме дека Димитар Миладинов премногу добро знаел какво е етногенетското потекло на Македонците и за него Македонците биле “словено-пелазгиски народ“ (види писмо на Димитар Миладинов до Наум и Николаки Роби од 20 август 1857 г. објавено во "Братја Миладинови – преписка" стр. 35, ред. Никола Трајков, Б'лгарска академија на науките, Институт за историја. Издателство на БАН, Софија 1964 г.). Општопознато е дека Пелазгите се најстарите жители на Балканот, а античките историчари ги представуваат Пелазгите како предците на античките Македонци.
(Горе) Писмото на Димитар Хр. Миладинов до Наум и Николаки Роби од 20.Авг.1857 г.
Во истото тоа писмо, Миладинов се динстанцира заедно со браќата Роби од пелазго-словенскиот народ па изјавува “ние ќе се скараме ли сo пелазго-словенскиот народ?
Кузман Шапкарев е зет на Димитар Миладинов за една од неговите ќерки. Неговото крстено име е Космос Пасхали. Во својата биографија Кузман Шапкарев запишува “дедото и стриковците на татко ми биле нешто влијателни во Цариград...Кога станало грчкото востание на Хиос, меѓу многуте обвинети и обесени во Цариград Грци, обесиле и двјаца од нашите, имено дедо му и едниот од стриковците на татко ми“. Од една страна вели дека меѓу обесените Грци биле и негови предци, за понатаму да истакне дека потекнува од Бугари, подоцна преселени во Охрид, познати како Пасхалевци, но дека старото семејно презиме им било Шапкареви. За своето презиме пишува “Старото презиме Шапкареви, само ние двајцата браќа го подновивме во 1856 г. откога почнавме да учиме бугарски“ (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 27, Кузман Шапкарев, објавено во Б'лгарски писател, Софија 1984). Дилема за секој читател на автобиографијата на К. Шапкарев е зошто еден “бугарин“ од “бугарско“ семејство не знаел бугарски, па морал да учи бугарски, како и зошто неговите предци “Бугари“ од Цариград учествувале во востанието на Грците од островот Хиос? За разлика од тоа што морал да учи “бугарски“, Кузман Шапкарев без никакво едукација говорел влашки и албански јазик, а творец е и на влашко-бугарски и албано-бугарски речник (Б'лгарски прикаски и вѣрованија с' прибавление на неколко Македоновлашки и Албански, С'брал' и издаваК. А. Шапкарев', Сборник' от' б'лгарски народни умотворенија, кн. VIII и IX, 1892, 1894.Софија, Печатница на “Либералниј Клуб'“).
Од преписките на Кузман Шапкарев со неговите пријатели од Охрид дознаваме дека во својата Биографија излажал дека го променил своето презиме во Шапкарев 1856 г., исто како што излажа дека дедото на Димитар Миладинов избегал од с. Магарево од влашките зулуми за да го скрие влашкото потекло на Миладинови. Во сите свои писма до охриѓани, Кузман Шапкарев се потпишува како Космос Пасхалис или Паскали и секогаш комуницирал на грчки јазик, за што сведочат подолуобјавените писма.
(Горе) Писмо на Космос Пасхалис, Георгиос Тсакарис и Јоанис Евроф до Димитре Робе од 1861 г. (извор "Братја Миладинови – преписка", стр. 176, ред. Никола Трајков, БАН, Софија).
Кузман Шапкарев лаже дека во 1856 г. го променил своето презиме Пасхалидис во Шапкарев. Уште поинтересна забелешка на ова меѓусебно комуницирање на “бугарските будители“ е зошто меѓу себе секогаш комуницирале на грчки јазик, со грчки имиња и презимиња, токму во времето кога се најжестоки “борци“ за бугаризација на Македонија? Заклучокот може да го донесе секој читател. Луѓе од немакедонско потекло, биваат плаќани од странци да шират бугаршитина во Македонија, а самите не можеле да ја практикуваат истата.
Вујко на Кузман Шапкарев е Јанаки Стрези, познат учител и собирач на народни умотворби. Неговиот дедо по мајчина страна, Георги Стрези цел живот бил домаќин на грчкиот владика Калиник во Охрид (види. За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 475, Кузман Шапкарев).
Најголем впечаток остава меѓусебната комуникацијата на рускиве стипендисти или како што во тоа време отоманските власти и странските дипломати ги нарекуваа “руски агенти“. Секогаш комуницирале на грчки јазик и грчко писмо, а ги користеле нивните родени крстени имиња, а не словенизираните. Така, Кузман Шапкарев се потпишувал и именувал како Космос Паскалис, Јанаки Стрезов како Јанаки Стрези, Димитар Миладинов како Миладинис, Миладинос или Миладинович во зависност од тоа каде живеел (Н. Еничарев, “Кузман Шапкарев за Прилеп и Охрид“, стр. 238, 239 и 237). Додека престојувал во Белград во 1861 г., Димитар Миладинов го променил своето презиме во Миладиновиќ (види сликата подоле).
Иако руски пропагатори во Македонија, делото на Миладинови и нивните ученици Жинзифов и Шапкарев е особено значајно за македонската историја, јазик и литература. Сите тие се надарени поети, прозеисти, собирачи на македонски народни умотворенија и иако несвесни, пишувајки на македонски јазик, истиот го промовираа. Го промовираа и македонскиот фолклор, како уникатен и својствен само на македонскиот народ, едно богатство и сведошто на посебноста на еден цел народ.