Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Таму да живееш со 350 долари неделно, е `ко да живееш овде, во Македонија, со 2000 денари месечно. Иди скрпи крај со крај!
Ne se sekiraj, ovde penzionerite i zemjodelcite se najbogati luge vo drzavata, sto e obratna situacija nego vo MK. Ovde site babi vozat koli od 50000$ i imaat po minimum dve kuki koi vredat milion dolari.

Baska ako ne si se snasol vo ova opsestvo posle 30 godini raboten staz za sto treba da bides epten glup i 350$ ti se malku da prezivees samo ke otides vo socijalno i ke ti dadat dodatok na penzija za stanuvanje koja moze da odi do 150$ nedelno plus mnogu drugi pogodnosti i bonusi.

Zatoa nemojte da gi zalite penzionerite zosto ovde ziveaat kako bubreg vo loj.
 
H

HITCH

Гостин

Врска нема ова! Точно е само дека ако не си заработил пари за 30 години, колку и да ти даде државата е малку.

Јас мислев дека ти бил познат пензискиот систем во Австралија, ама сум се излажала. Прочитај ги законите малку подетално и прашај луѓе кои живеат таму, не е баш мед и млеко. Државата не дава пари за фрлање.

Куќа од милион долари за Македонија е палата, ама за Австралија е монтажна барака. Стандардот им е многу висок. Кило пиперки таму ти се 15 долари, кај нас се 15 денари. Неделна плата на еден пријател во Перт е 3,500 долари, живеат во куќа (ѕидана) од 5 милиони долари, а возат кола од 15,000 долари. Знаеш колку трошоци има таа куќа??? Треба да се платат сметки: струја, вода, греење, телефон, интернет... се` е трошок, таму нема затајување на сметки `ко овде.
Не значи дека ако твојот пријател вози кола од 50,000 долари дека е богат. Колку кредити имаат за исплаќање??? Куќата од милион долари е негова, изнајмена е или пак на кредит ја зел? Многу чудни математики правите.

Дел од моето семејство е во Австралија и повеќе од пола од мојата фамилија е таму, затоа детално им го знам системот, секој ден го слушам истиот муабет. Таму е убаво, оти ако работиш ќе си земеш плата, ако не работиш државата ќе ти обезбеди. Знам за социалните станови на бездомниците или социалните случаи, им даваат да си бираат кој го сакаат, замисли какво систем е тоа?! Некој да ти даде стан, па уште и да ти рече да бираш. Тоа кај нас го нема, ама кај нас, за разлика од кај нив, мал е бројот на бездомници, а огромен бројот на социални случаи, се` едно дали се фиктивни или не - под завод се.

И таму можеш да се убиеш од работа, ама со една плата едвај да можеш да се прехраниш.

(Уште да напоменам дека 3,500 долари неделно во Австралија се како овдешна плата од 1000 евра месечно, ама трошоците во Македонија и таму не се исти.)
 
Член од
29 јуни 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0

Од една страна те разбирам комплетно и во право си, трошоците се помали, но од друга страна дали квалитетот на животот е ист, споредено со Македонија. Дали можностите за просперитет и сигурност се еднакви.
Ова се мали ситни работи, но сепак многу значат... барем од моја гледна точка.
 
Ако не можеш да скрпиш крај со крај на први не е ситна мака - огромна е! Затоа реков, таму е убаво оти ако немаш пари државата ти дава кров над глава, а ако работиш редовно си земаш плата. Овде не е така.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Врска нема ова! Точно е само дека ако не си заработил пари за 30 години, колку и да ти даде државата е малку.

Јас мислев дека ти бил познат пензискиот систем во Австралија, ама сум се излажала. Прочитај ги законите малку подетално и прашај луѓе кои живеат таму, не е баш мед и млеко. Државата не дава пари за фрлање.

Куќа од милион долари за Македонија е палата, ама за Австралија е монтажна барака. Стандардот им е многу висок. Кило пиперки таму ти се 15 долари, кај нас се 15 денари. Неделна плата на еден пријател во Перт е 3,500 долари, живеат во куќа (ѕидана) од 5 милиони долари, а возат кола од 15,000 долари. Знаеш колку трошоци има таа куќа??? Треба да се платат сметки: струја, вода, греење, телефон, интернет... се` е трошок, таму нема затајување на сметки `ко овде.
Не значи дека ако твојот пријател вози кола од 50,000 долари дека е богат. Колку кредити имаат за исплаќање??? Куќата од милион долари е негова, изнајмена е или пак на кредит ја зел? Многу чудни математики правите.

Дел од моето семејство е во Австралија и повеќе од пола од мојата фамилија е таму, затоа детално им го знам системот, секој ден го слушам истиот муабет. Таму е убаво, оти ако работиш ќе си земеш плата, ако не работиш државата ќе ти обезбеди. Знам за социалните станови на бездомниците или социалните случаи, им даваат да си бираат кој го сакаат, замисли какво систем е тоа?! Некој да ти даде стан, па уште и да ти рече да бираш. Тоа кај нас го нема, ама кај нас, за разлика од кај нив, мал е бројот на бездомници, а огромен бројот на социални случаи, се` едно дали се фиктивни или не - под завод се.

И таму можеш да се убиеш од работа, ама со една плата едвај да можеш да се прехраниш.

(Уште да напоменам дека 3,500 долари неделно во Австралија се како овдешна плата од 1000 евра месечно, ама трошоците во Македонија и таму не се исти.)
Vistinata e nekade na sredina i sve zavisi od koe glediste gledas. Ako mislis deka tvojot rodnina mu e tesko da gi plati smetkite za negovata kuka veruvaj mi deka ne e taka. Kirijata ili kreditot ti doaga na nedelno nivo dodeka smetkite ti se na mesecno. Moite mesecni smetki za site trosoci se nekade 300$ sto e otprilika istite sto gi imav vo SK a jas ne sum vo NZ dojden pred sto godini tuku pred dve taka uste gi znam trosocite tamu i vamu.

Za cenite: Kilo piperki ti e 3$ a domati vo sezona 2$ van sezona 4$, kompiri ti se 0.5$ taka da mozebi se poskupi 30% poveke od SK no sve zavisi koga e vo sezona koga ne e. Samo trosokot vo SK za ishrana mi bese 50% od prihodite a vo NZ mi e 5% od prihodite.

Deka so edna plata nisto rezerva ne ti ostanuva e tocno no ako rabotat dvajca vo kuka togas cela vtora plata ti ostanuva. Dodeka vo MK kako sto znaes i so dve plati od 20000den nisto ne ostanuva.

Za dve godini tuka jas sto dojdov so dva kufera i 10000evra denes imam dve koli i kuka 20% isplatena dodeka za toj vremenski period vo SK nemase da soberam pari ni da si kupam televizor.

Sekoj slucaj e razlicen pa ne sakam da polemiziram politika koj sistem e podobar, ke gi ostavime citatelite da si izvlecat zaklucok.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Statija od kapital:

Печалбарството денес значи трајно иселување

Дејан Азески

Традиционалното печалбарство во Македонија веќе не постои, бидејќи се претвори во трајно иселување на македонските граѓани во странство. Помалите општини останаа со половина население, особено во зимските месеци.
Ако некогаш на печалба се одело сам или двајца браќа, денеска се оди со цело семејство од три генерации. Печалбарите велат дека полесно носталгијата се преболува со фамилијата покрај себе, а за време на зимскиот период и трошоците се помали, а и не мора да ја праќаат целата заработка во земјава, како порано. Но, сите се согласни во едно, дете кое образованието го оформило во Италија и Германија многу тешко се враќа назад во Ростуше или во Виница.
Како што неодамна ексклузивно објави „Капитал“ повеќе од 230.000 македонски граѓани се иселиле од земјава од 1998 до 2011 година во Европската унија и во САД. Бројката, која претставува повеќе од 10% од населението во државата, на терен најмногу се чувствува во помалите и помалку развиени општини.
Мукрем Мехмеди, градоначалник на општина Маврово-Ростуше, вели дека печалбата е карактеристична за овој регион подолго време, но дека иселувањето на цели фамилии како новитет предизвикува нерешливи проблеми за општината од секаков вид.
„На печалбарите не може да им се забележи, тие одат по егзистенциија, а фамилиите ги носат со нив за полесно да ја преболат ностагијата. Но, ние како општина со 40% од населението во странство не можеме да составиме ниту обична паралелка. Од моите школски денови досега три пати е намален бројот на деца. Едноставно животот во Италија им е поубав и децата кои пораснале таму на Македонија гледаат како на интересна дестинација за поминување еден месец од летото“, вели Мехмеди.
Во соседната општина Центар Жупа состојбата е уште полоша. Според градоначалникот Музлим Хасан, кој инаку е поранешен печалбар во Италија и еден од ретките повратници, вели дека повеќе од 60% од населението на општината е во Италија со македонски пасоши.
„Се соочуваме со најразлични проблеми од сите области на нормално функционирање на една општина. Ние отидовме во Италија 80-тите години и сите заминавме без семејства. Кон крајот на 90-тите дојде нов тренд на повлекување цели семејства, што значително ја зголеми бројката. Еден печалбар порано одеше сам, а денес може да повлече фамилија поголема и од шест лица, што е навистина голем број“, тврди Хасан.
Помалите општини формираат паралелки од пет деца, спојуваат класови од различни генерации и држат амбуланта која според бројот на жители не би требало да постои. Состојбата од западниот дел на Македонија се пресликува и во источниот. Од општина Виница велат дека повеќе од 50% од населението во зимскиот период е во странство. Од Виница од пред неколку години функционира и редовна автобуска линија со Северна Италија, кон Торино и областа Пиемонт, што ја одразува потребата и заинтересираноста на виничките семејства за печалба како еден од ретките извори на егзистенција.
Трендот на иселување на цели семејства и региони е забележлив и од нашите кои веќе живеат во странство. Пратеникот од Северна Америка, Павле Саздов, вели дека воопшто не го изненадува ниту степенот на испразнетост на општините ниту огромните бројки на Македонци со привремен или постојан престој во странство.
„Трендот на иселување се забележува и во Канада. Само во Торонто секоја година се доселуваат по околу 150 македонски семејства. За 10 години, колку што јас сум таму, македонската заедница само во Торонто е зголемана барем за 10.000. Станува збор за цели фамилиии, од кои дел доаѓаат со почетен капитал, а сe поголем е процентот на оние со високо образование“, констатира Саздов.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Моментално се зголеми данокот на Австралјанците .... сега сметките им се многу високи!
Ако веќе се одлучувате на иселување, земете ги во предвид и другите земји, зошто реално кажано Австралија е земја со највисоки трошоци...
 
Член од
25 април 2012
Мислења
8
Поени од реакции
5
dopolnitelno na temata.

КОЈ Е МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИК ВО САД?

Дејан Азески

Средовечниот самец со скромно образование од средината на минатиот век е заменет со млад брачен пар високообразовани луѓе помлади од 34 години, кои не пребираат работа во странство и не размислуваат за враќање назад
Македонските граѓани кои се селат во САД во се поголем број се млади луѓе на возраст до 34 години, кои немаат работа во Македонија, а повлечени се од роднини и заминуваат во повеќе од 30 сојузни држави. Ова го покажуваат податоците од Американскиот оддел за внатрешна безбедност.
Според статистиката за 2009, 2010 и за 2011 година, 3.169 Македонци добиле дозвола за легален престој во САД, што е околу 1.000 секоја година. Најинтересни сојузни држави за Македонците се Њу Џерси, Илиноис и Њујорк.
Според познавачите на приликите во дијаспората, симптоматично е што бројот на иселени жени од земјава во САД се изедначува со бројот на мажи, што не било случај во минатото, а бројот на лица во брак доминира пред оние кои во САД доаѓаат сами (758 наспрема 268), уште еден куриозитет на новата генерација.
Во 2011 година се населиле Македонци во повеќе од 20 сојузни американски држави, а ако се знае дека најголем дел од нив (588 од вкупно 1.078) се повлечени во САД од страна на нивни блиски роднини, се констатира дека македонската дијаспора веќе не е концентирана само во неколку држави во кои традиционално се населувала од почетокот на минатиот век.
Пратеникот од Северна Америка, Павле Саздов, потврдува дека во САД и во Канада најмногу се иселуваат млади образовани луѓе со оформено семејство во своите најсилни години и за него ова претставува еден од најголемите проблеми, кој на долг рок може да и нанесе сериозни штети на матичната земја.
„Јас сум најголем поборник против одливот на мозоци од Македонија. Одењето во САД е привлечно, но носи многу тешкотии и за иселениците кои одат таму, но и за Македонија, која останува без, условно речено, најработоспособниот слој, кој во своите најсилни години, меѓу 25 и 50 години, не е во земјава. Затоа, сите заедно треба да рбаотиме да го запреме овој процес, кој според бројките, навистина подолг период зазема застрашувачки размери“, потенцира Саздов.

Одливот на мозоци е тема за која се дискутира во јавноста повеќе од 20 години. Според меѓународни истражувања, Македонија е земја во која најдолго од цела Европа се чека работа, а дури 67% од невработените се со високо образование. Ова дополнително ги тера младите во странство.
За професорот по статистика од Економскиот факултет, Драган Тевдовски, еден од најстрашните фактори е губењето на ресурсите.
„Државата вложувала во едно дете 20 години, како во неговиот физички развој, така и во неговото образование. Со неговото иселување сите тие средства одат во неповрат. Ако се исели човек со цела фамилија, нема потреба зошто да праќа какви било пари во земјава. На долг рок, ни се случува една голема трагедија, која сигурно ќе се одрази низ бројките“, потенцира Тевдовски.

ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ИСЕЛЕНИЦИ СО ВЧУДОВИДУВАЧКИ БРОЈКИ

Во земјава постојано се шпекулира во врска со бројките на македонските граѓани со постојан или привремен престој во странство. Попис не е одржан од 2002 година. „Капитал“ ексклузивно објави дека 230.000 Македонци се иселени само во последните 15 години, но експертите сметаат дека бројките се многу поголеми. Во прилог на ова оди и фактот дека има општини каде што 60% од населението е во странство.
Сепак, државните институции сe уште се резервирани во однос на активирањето на сигналите за паника. Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво, вели дека многу е тешко да се разговара за бројки, воопшто, кога станува збор за иселениците, бидејќи станува збор за повеќе десетици држави во светот. Според него, сe уште не се знае дали имаме иселување или враќање на иселениците во Македонија.
„Ние располагаме со бројка од 430.000 Македонци во светот, но не ме чуди реалната цифра да е и повеќе од два милиони. Исто е со тие со привремен регулиран или нерегулиран престој. Во иднина ќе се обидеме да направиме статистика барем на лицата кои се државјани, а помалку или подолго од година се отсутни од земјава и така ќе утврдиме дали Македонија се иселува или иселениците се враќаат назад“, потенцира Наумов.
Здруженијата на иселеници си имаат поинакви математики. За нив бројките несомнено и масовно се во пораст. Јован Божиновски и Борче Ановски од здружението на Македонците од Шведска велат дека за три децении бројот на Македонци во Шведска е зголемен за минимум 15 пати.
„Ние бевме првите кои од новиот бран дојдовме во Шведска во 80-тите години и таму имаше помалку од илјада егејски Македонци, бегалци од 1948 година. Сега официјално има 18.000 Македонци, а бројот може да е и над 20.000“, вели Божиновски.
За Ановски пак, најголем проблем се новите навики, според кои поимот печалбарство се заменува со отселување на цели фамилии, кои воопшто не размислуваат за враќање.
„Тешко е да се вратиш назад. Кога имаш мала перспектива во Македонија, а во Шведска си отишол и живеееш подолго со цела фамилија, шансите за враќање се минимални“, констатира Ановски.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ИЗУМИРАЊЕ, ЗАЕДНО СО ЖЕЛБАТА ЗА ВРАЌАЊЕ НАЗАД

На третата годишна конференција на иселенички организации, која деновиве се одржува во Скопје, беше истакнато дека мерките за јакнење на врските со дијаспората вродуваат со плод. Но, сe уште останува отворено прашањето за јазикот.
Според директорот на Агенцијата за иселеништво, Васил Наумов, што побрзо треба да се преземат нови мерки во однос на прашањето за јазикот.
„Јас не велам дека некој што не зборува македонски е помал Македонец, но ако поради тој факт почнеме да ја губиме втората или третата генерација Македонци, тогаш навистина треба повеќе да се ангажираме. Јазикот е столб на идентитетот, а сите знаат декај тој е прв на удар кај секој иселеник“, вели Наумов.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Моментално се зголеми данокот на Австралјанците .... сега сметките им се многу високи!
Ако веќе се одлучувате на иселување, земете ги во предвид и другите земји, зошто реално кажано Австралија е земја со највисоки трошоци...
Abe nema beganje od plakanje danok nezavisno vo koja zemja zivees. Na primer mozebi vo MK imame 10% personalen danok no plus na plata imas pridonesi za penzisko i zdrastveno taka da realno plakas 35 do 40% odbitoci na bruto plata. Baska imas 18% DDV odnosno GST na site proizvodi.

Vo Avstralija momentalno GST e 10% a personalniot danok e klizen od 0% do nad 35% sve zavisi kolku plata ima rabotnikot sto e mnogu pofer od ramniot danok. I vo toj danok se vkluceni site pridonesi sto ne e slucajot so MK.

Vo tabelata dole se naoga danokot na globalno nivo na sporedba na poveke razvieni zemji.

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Кај и да отидеш, сигурно ке биде подобро од Македонија.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.034
Кај и да отидеш, сигурно ке биде подобро од Македонија.
зависи колку заработуваш, овде Лион добро објаснува за некој работи али за некој не сакам да речам лаже али во поблага форма не реално ги прикажува работите, прво тој живее во Нов Зеланд а кажува како е во Австралија, па пола Нов Зеланд е иселен во Австралија од толку што е убаво таму, кога се зборува за Австралија све зависи во кој град планираш да одиш, едно е да прикажуваш некое ефтино градче каде е потешко да се дојде до работа а друго е да зборуваш на пример за Сиднеј каде има најмногу работа и е една од најчестите дестинации. Како што спомна некој погоре во Австралија пола милион долари се најобични куќи за живеење, најевтините двособени станови одат од 250,300 илјади па нагоре,друго животот е многу скап така да ако не работат двајца а еден вработен ако не заработува барем 1000 долари неделно тогаш нема да осетиш некоја голема разлика дали си во МКД или Австралија, и уште нешто кога стана збор за пензионерите, исто тука има голема грешка, ако некој пензионер не направил ништо неговиот живот тогаш како пензионер со таа пензија што ја дава државата ке биде обичен бедник, не знам од каде Лавов извади дека сите возат коли од 50 илјади долари, тоа е чиста лага.
 
Samo zborev opsto deka penzionerite vo AU i vo NZ imaat mozebi podobar zivot i od semejstavata so okolu 30 godini toa e sigurno. Site penzioneri so samoto toa sto go fatile vozot mnogu rano so porastot na nedviznostite pa denes imaat po minimum edna kuka da ne kazam i poveke kuki koi gi kupile pred 30 godini za 50000$ a denes istite se minimum nad 500K za edna kuka da ne kazam i poveke biejki na vremeto gradovite bile pomali i sega nivnite kuki se mnogu blisku do centarot i so samoto toa bi kazal deka se nad 800k.

Za toa deka nedviznostite se minimum nad 250k -300k toa e vistina. No sve zavisi kolku se zarabotuva. Ako so prosecna plata vo MK od 300evra kupuvas stan od 60.000 evra ke trebaat minimum 18 godini bez kamata dodeka vo NZ za unit od 300k so plata od 50k bez kamata ke go kupis za 6 godini.

Mozebi razlikata e vo trosocite na zivot taka da so prosecna plata od 40k kako sto pisav si na nula ili mal minus dodeka so dve plati skoro pola mozes da ja zastedis.

Taka da kupis nekoj unit ti trebaat 300k ili 15k ucestvo ili nedelna rata od 400$ sto e grubo okolu 20000$ isplata na kreditot. No ako sporedis deka kiriite se skoro okolu 400$ nedelno poveke ti se isplati prvata opcija.

Znaci da sumirame posle danok prosecna nedelna plata od 600$ minusiras 400$ za kirija ili kredit i so ostatokot plakas smetki i se hranis. Sekako ova e racunica na semejstvo koe zivee uste so steganje vo trosenje kako sto ziveaat 99% od Makedoncite vo starata dobra Makedonija.

Sekoja matematika na sekoe semejstvo e razlicna, no gore dole prihodite mozebi se nesto pogolemi no isto taka i rashodite rastat mnogu poveke so tek na vreme. Ovie zemji se so potrosacko opsestvo taka da treba mnogu samokontrola da gi izbegnes iskusenijata da trosis na setanje, karti za koncerti, odmori po razni ostrovi ili smena na koli ili namestaj.

Toa e moeto mislenje.
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Ти си завршил работа на време другар и живеј го животот како што тебе ти одговара и си решил да го живееш, нас овде не држат во заточеништво пар идиоти со исти облици ама различни бои кои по потреба ги менуваат во зависност од временските прилики и неприлики и кои серат дека сме швајцарија на балканот или ќе бидеме ако ти ја тераат работава. Ама толку е излишно да се пишува за тоа така да...малку и вон тема. Секоја чест што несебично делиш искуства и совети околу твојот начин на гледање и доживување на работите таму и ваму и сигурно некому кој ќе одлучи да го тера патот по кој ти си тргнал ќе му биде од помош.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ај да не отварам тема и да прашам за туристичка виза за Австралија, која е процедурата да не знае некој?
На http://www.immi.gov.au/ е многу комплексно објаснето, има многу категории/подкатегории...
 
Formularot za turisticka viza e eden i mozes da go najdes na toj web sajt, baraj samo visitors visa opcijata. Ambasadata najblisku ti e Belgrad iako ne mora da odis na lice mesto tuku mozes da gi pustas dokumentite po Fedex.

Problemot e sto za site aplikacii od ex Yugoslavia baraat garancija od zitel vo AU ili pak mnogu dokumenti za vrabotuvanje i nedviznosti vo MK
 
Kajgana Shop

На врв Bottom