Стев
Rockscourge Stevahn
- Член од
- 19 декември 2019
- Мислења
- 4.539
- Поени од реакции
- 4.378
Дел од ова што го кажувач звучи познатоКако возрасен чичко да ви раскажам една дамнешна историја околу почитување закони.
Германија е чиста земја? Чиста е! Се почитува закон? Се почитува!
Е не било од секогаш така. Германците си биле ѓубриња како и секој народ, додека не им дошол акот.
Имено си фрлале другарчињата ѓубре кај им текнело. Смрдело не се трпело. И не ме фаќајте за збор кој Лудвиг бил, ама му прекипело на кралот и донел уредба. Кој не си го исчисти ѓубрето од своето земјиште, државата има право да му го земе. Втора точка, ако комшијата не си го чисти ѓубрето, неговиот сосед има право да го пријави, а со пријавата има право да му се додели сопственоста на него. И така, почнале инспекции, тужакање( за кодошење да земеш земјиште и не е лоша опција). За неколку години Германија станала цакум-пакум. Од тогаш, германчето се научило на ред и кодошење, што му останало до ден денес!
Една раскажана историја од мој тетин, исто за германчето. Кога си купиле кола нашиве решиле да се прошетаат по околината на градот кај работеле( Франкфурт мислам дека беше). Нејсе поминуваат во полето трактор си ора. После саат време се враќаат по истиот пат, трактористот изорал и го мете асфалтот кај што вртел. Нормално го прашуваат, шо бе батка кај вас сите ли вака правите? Дааа, од дедо и прадедо ние сме овака, си чистиме после себе. И некако под мустаќ си додал: а и казните се у п*чку мајчину, ако те фатат или ако те пријави некој
Кај нас во Долно Лисиче накај Јурумлери, секоја втора година се чисти дивата депонија и одма после тоа се создава уште поголема. Како памтам 40+ години е така.
Инспекција и можност со слика и видео да се испрати анонимна пријава, ќе видите како ќе се среди. И туѓото ќе го исчистат кога ќе ги фатат.
Ова е пример за ѓубре и депонии, применлив во секоја сфера.
Ама, прв чекор е техничка и политички независна јавна администрација и саглам судство! Е тука, господ напомош!
Сигур
Кукаст крст и кристална ноќ