Како изгледате во очите на другите?

  • Креатор на темата Anck-Su-Namun
  • Време на започнување
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Вака.Бев инспирирана да ја отворам темава од една не многу дамнешна случка.Бев на кафе со едни пријатели (поскорешни) и девојката ми вели:“Да ти кажам право, јас сум мислела дека ти си многу “дигната“.Секогаш си некако намуртена, лута.Секогаш кога ќе сме се поздравеле порано (пред да се задружиме) ти ќе пружиш рака и ќе свртиш глава.Сум мислела дека си некултурна, ама сега откако те запознав подобро гледам дека сум била во грешка па ти си била злато од дејче“ Ова ми го кажа баш вака со овие зборови.
А и не е прва што ми го рекла тоа.
Јас мислам т.е. знам дека сум ведра личност но, како за кого и како со кого.
Со пријателите сум многу добра, секогаш ни е интересно. Но, надвор од друштвото во некое “туѓо друштво“ јас сум многу ладна можам да кажам и дигната и не “фермам“ никого. А сето ота го правам за мое добро. Не можам да си дозволам да бидам со секого добра, а потоа да бидам повредена заради тоа. Ако во тоа “туѓо друштво“ не ми е интересно си стојам понастрана а, ако ми е интересно се надоврзувам во разговорот и така постепено се задружувам со луѓето. Но, понекогаш знам да не отворам уста цела вечер :toe:

Ај кажете нешто за вас. Како Вие изгледате во очите на другите?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Интересна тема.Еве сега и јас како и ти(се пронајдов во приказнава) секогаш ама баш секогаш оддавам погрешна слика за себе.А комуницирам и се дружам со луѓето значи не ги игнорирам или нешто сл. но, потребно е да помине некои извесно време за да се опуштат во дружење со мене. Не знам зашто ама сите ме сметаат за дигната особа и (сега некој да не се навреди) за шмизла.А воопшто не сум таква.Обично после некое извесно време ми кажуваат: „еееееее јас си мислев дека ти си....(ваква или онаква) дека нема шанси некогаш да се дружам со тебе“ али тоа е тоа се навикнав веќе и си извлеков лекција и од тоа,а тоа е дека изгледот секогаш лаже така што никогаш не треба да му судиме на човекот според неговиот изглед.
 
Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Вака сеа,прво ќе те укорам демек,лошо е да мислиш каква си во очите на другите,не треба да мислиш тоа ,ти си посебна бла бла бла дрвење на празно :)

На никој не треба да му се дозволи да има вистински впечаток за Ж и не е можно,а и подобро е така,секад погрешна слика.
Ама еве од тоа шо виделе,и шо биле фини да ми кажат,ја сум било многу ведро мило детенце,нормално де,другар шо ќе ти каже :D.
А за нови и непознати фаци,зависи од моментот,ако сум во несигурна ќитлива фаза,ќе ме видат за срамежлив.
Ако сум пиво ефект,ваљда ќе видат первезњак :P
Ако сум во мрза емо хејт Д урлд фаза,ќе видат намќор,незнам шо е целата таа паника со ќутењето,се може и без зборење некад.

Ама на крај краева со право дрват,ипак не се важни туѓи очи,освен очите на потенцијалниот сексуалниот партнер:devil:
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Па добро, не сум многу ладна со другите ама држам дистанца. Тебе ти е можеби страв од нешто, страв од прифаќање или страв да не те повреди некој ако дознае некои работи за тебе. Можеби грешам. Е сега, неможеме со сите исто да се однесуваме многу јасно, со најблиските јас сум таа што сум и како таква ме сакаат. Со пријателите, значи оние што не ми се до толку блиски сум до некаде опуштена, ама до некаде не. Ги психоанализирам луѓето, е сега не секогаш. Можеби и за мене се збори дека сум ладна, ама по прво запознавање одма увидуваат дека погрешиле. Насмевката е единствената крива линија која поправа многу работи, така да насмевни се, и сите сме поубави кога сме насмеани нели?
 
Абе сеа јас не реков дека не се смеам. Се разбира дека се смеам, само што тие ме начекале во погрешен момент и одма им излегла таква слика за мене.

А кога ќе размислам поубаво мене некако ми се допаѓа оваа слика што ја имаат другиве за мене ( мислам на дигната и ладна ) што знам некако ми дава моќ :vester: :):):)

Како и да е ако сакаат некои луѓе да се задружат со мене ќе мора да се потрудат околу тоа.
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
silen moken jak snaodliv i dobar decko koj saka da im pomogne na site nikogo vo kalta ne ostava za se e vo prva borbena edenica strog so meko srce koe popusta ako sedne nekade so drustvo tesko moze da go stanis do pred nekoe vreme letase so kolata niz ulici i tn
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Абе сеа јас не реков дека не се смеам. Се разбира дека се смеам, само што тие ме начекале во погрешен момент и одма им излегла таква слика за мене.

А кога ќе размислам поубаво мене некако ми се допаѓа оваа слика што ја имаат другиве за мене ( мислам на дигната и ладна ) што знам некако ми дава моќ :vester: :):):)

Како и да е ако сакаат некои луѓе да се задружат со мене ќе мора да се потрудат околу тоа.
Да, зависи и од тебе ти каков впечаток сакаш да оставиш. Искрено тие дигнати и ладни делуваат мистериозно на некој начин, зборувам за оние нормално дигнати, не оние ептен што се замислуваат. Таков пристап е интересен ама зависи во какво друштво си и каков однос сакаш да имаш.:wink:
 
Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Во зависност од тоа какви цвикери носат изгледам вака:
Цвикери со голем диоптер- Изгледам Дебел
Цвикери со мал диоптер-Изгледам Мал
Рејбан Цвикера за сонце (црни) Исончан
Портокалеви цвикери за сонце- Као тешко наркоманче
Со гигантските ѕврцала на бабами- Као Хитлер
Со трансерски тегли-Психоделувачки
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Да, зависи и од тебе ти каков впечаток сакаш да оставиш. Искрено тие дигнати и ладни деливаа мистериозно на некој начин, зборувам за оние нормално дигнати, не оние ептен што се замислуваат. Таков пристап е интересен ама зависи во какво друштво си и каков однос сакаш да имаш.:wink:
I agree

Се согласувам со болдираното :smir: сакам да сум мистериозна :):):):):)
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Kako izgledam vo ocite na drugite? Verojatno kako cudak- nesvatliva pojava ne svojstvena za vakvo opsestvo. :toe: Zosto? Oti delam od seta ziva monotonija oti ne mi e po kef jas da odam po kazici za da me vidat drugite kako so pravat mnogumina tuku odam ednostavno da uzivam vo muzikata da se odmoram od glupavono uciliste da se posmeam so drugarite. Ne setam po carsija i ne gi brojam plockite kako drugite tuku poubavo mi e da sednam vo park na nekoja klupa i da go gledam neboto. Poubavo mi e da slusam underground muzika otkolku turbo folk i podobro mi e da se budalam da skokam i da se smeam po ucilisnite hodnici otkolku da paradiram kako site do WC i nazad.
I da cudak sum ----- ama mi odgovara ne sakam da bidam marioneta na opsestvenata monotonija i na se robotski da postapuvam.

I ostanatitite nema da gi narecam dignati, voopsto ne se. Samo ednostavno lugeto pocnale da sledat eden ist pravec so go vodi vo propast. Pa neka mu bide :uvo:
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Луѓето отсекогаш ме гледале како чудна и мистериозна личност.Порано ми пречеше што ме сметаа за таква и сега знае понекогаш но се навикнав затоа што тоа е мој начин на живот.Ако ги земеме во предвид некои размислувања што ги имам да се делам од другите.И како што кажа grunge_girl за школо мене така ми беше и во школо и на факс.Повеќе сакав да си слушам музика и да одмарам отколку да застанам со останатите и да оговарам или да разговарам за приватниот живот.Ако гледаме така секој човек сам по себе е чуден и тоа е она по што се разликуваме.
 
Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Скоро 90% од прва јас на сите им делувам дигнат,мрчатор,не ретко ми кажале и дека ме мразеле од старт :toe: незнам можеби на прв поглед така делувам,но се трудам со сите да воспоставам од почетокот порелаксирачи однос,поопуштено и слично...како и да е фала Боже што после го менуваат мислењето на подобро :je:
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Шознам...
Од прва,мислам дека скоро никој нема посебно добар впечаток за мене,можеби поради тоа што воопшто не сум се ни потрудил да го создадам.Неможам да кажам дека не ме интересира како изгледам во очите на друг,бидејки,нормално како и секој друг,неможам комплетно да го отфрлам мислењето на општеството за мене.
Сепак,имам мислење дека првиот впечаток не е толку битен,па затоа и не се трудам особено околу тоа.Едноставно,би почекал личноста да ме запознае подобро,да ме види каков сум вистински,и тогаш да создаде некаков став за мене,како и јас за неа.Ако нема трпение за да го исчека тој момент,тогаш веројатно не ни вреди за моето пријателство.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Да ги имав нивните очи, ќе ви кажев
 
B

black angel

Гостин
Kako izgledam vo ocite na drugite? Verojatno kako cudak- nesvatliva pojava ne svojstvena za vakvo opsestvo. :toe: Zosto? Oti delam od seta ziva monotonija oti ne mi e po kef jas da odam po kazici za da me vidat drugite kako so pravat mnogumina tuku odam ednostavno da uzivam vo muzikata da se odmoram od glupavono uciliste da se posmeam so drugarite. Ne setam po carsija i ne gi brojam plockite kako drugite tuku poubavo mi e da sednam vo park na nekoja klupa i da go gledam neboto. Poubavo mi e da slusam underground muzika otkolku turbo folk i podobro mi e da se budalam da skokam i da se smeam po ucilisnite hodnici otkolku da paradiram kako site do WC i nazad.
I da cudak sum ----- ama mi odgovara ne sakam da bidam marioneta na opsestvenata monotonija i na se robotski da postapuvam.

I ostanatitite nema da gi narecam dignati, voopsto ne se. Samo ednostavno lugeto pocnale da sledat eden ist pravec so go vodi vo propast. Pa neka mu bide :uvo:
the same duri me proglasija za satanist poradi nacinot na kol se oblakam i dvizam omg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom