Како знаеш што навистина сакаш?

Кој најчесто влијае врз твојот избор?


  • Вкупно гласачи
    37

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Оваа тема ја посветувам на оние што привршуваат средно училиште, а тежнеат да се запишат на факултет, и на оние кои што завршиле високо образование, но се соочуваат со проблемот, што навистина сакам од себе и дали изборот што го правам е оној вистинскиот кој ќе ми ги задоволи потребите што ги имам.

Не сакам многу да филозофирам на почеток, тоа задоволство го препуштам на Вас, кои што ќе се одлучите да коментирате на оваа тема.

Прашањето е многу едноставно - „Како знаеш што навистина сакаш?“ односно „Дали она што го сакаш е дел од твоите желби и е цел на реализација на истите - задоволство? Што се случува кога она што го сакаш не испаѓа онака како што си го замислил(ла)? Дали најубавиот сон подоцна се претвора о најголем кошмар - зошто?

За сега е доволно.. понатаму ќе видиме како ќе се развива темата, па можеби ќе прозлезат и други прашања..

П.С. Не се потрудив да погледнам подобро дали веќе има ваква тема.. но ако има.. слободно, или избришете ја оваа или присоединете ја кон веќе постоечката..
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
21 век сме ало, зарем некој друг да одлучува за мене, би се чувствувал окупирано доколку друг е во мојата глава...
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
21 век сме ало, зарем некој друг да одлучува за мене, би се чувствувал окупирано доколку друг е во мојата глава...
Можеби ти одлучуваш сам за себе, можеби и навистина знаеш што сакаш, но има луѓе каде што тоа не е случај...
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Можеби ти одлучуваш сам за себе, можеби и навистина знаеш што сакаш, но има луѓе каде што тоа не е случај...
Таквите личности за мене се при-глупи барем така ги разбирам!
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Таквите личности за мене се при-глупи барем така ги разбирам!
Ок.. Како тогаш знаеш какви филмови сакаш, каква облека да носиш или пак каква музика да слушаш?
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Ок.. Како тогаш знаеш какви филмови сакаш, каква облека да носиш или пак каква музика да слушаш?
Психа! - Како би ти го објаснил на друг начин, набљудуваш, споредуваш... - Многу е полесно доколу е чувство :D - Мој метод! - Башка кај секој е различно видувањето за различни работи!
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Психа! - Како би ти го објаснил на друг начин, набљудуваш, споредуваш... - Многу е полесно доколу е чувство :D - Мој метод! - Башка кај секој е различно видувањето за различни работи!
И..?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Човекот е по природа социјално суштество, а тоа значи дека и средината влијае на неговите одлуки, но зависи од интеленгенцијата на самиот индувидуа. Попаметните обично мислат рационално со своја глава, се информираат пред донесување одлуки и сл. Таборот од спротива обично ја бира линија најмал отпор и дозволува нивните одлуки да бидат носени од некој друг, друштво, телевизија и сл.
 
D

dystopian

Гостин
Мене ми дозволија сам да бирам, ама штета што немам голем избор.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Сам свој човек најубаво, после цацко ќе ти биде крив ако не ти е по кеиф.
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Па верувам на многумина ви е позната приказна/анегдота што ќе ја напишам набрзина.

Си бил еден момак што сакал да стане успешен човек. Еден ден лутајќи низ градот, случајно наслушнал за некој Гуру што знае се и може да помогне на луѓето во потрага по среќа и успех во животот. Момакот го исконтактирал Гуруто и тој му рекол ако сака да стане успешен, утредента, во 5 часот во зори, да дојде на брегот. Момакот се изнервирал, па тој сака да стане успешен човек, а не да се заебава у 5 сабајле на плажа со некој луд старец. Како и да е гуруто го завршил разговорот со истата порака, па младичот се согласил.

Рано изутрината тие се сретнале на плажата. Гуруто се претставил и го повикал младичот заедно да влезат во водата. Бил доста скептичен но кога веќе дошол немал што да изгуби. Влегле во водата, па кога нејзиното ниво ги достигнала нивните гради, старецот ја фатил главата на момакот и ја ставил под вода. Ја држел така долго време. Младичот се борел но безуспешно. И кога веќе едвај ја одржувал својата свесност старецот го извадил. Бил шокиран, почнал да вика и колне. Сепак старецот го почекал да се смири и тогаш му објаснил:
" Додека беше под вода, една единствена желба ти беше да дишеш. Не мислеше на ништо друго, со сето свое постоење посакуваше само, барем на момент, да можеш да дишеш. Кога нешто ќе посакуваш толку силно, како во тој момент здив, тогаш тоа ќе го оствариш и ќе постанеш успешен и среќен човек."
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
да бидам искрен 2 фактори:
семејството и околината
***
семејство: имав завршено електро и се запишав на информатика. Искрено сакав да се запишам на нешто поврзано со историја и географија (моја желба од мал)
околина: Информатичките кадри се побарани спрема историја/географија
***
како друга причина која влијае на изборот требало да бидат финансиските средства
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Едно е да ,сакаш друго е да можеш има разлика, на пример јас сакам да пејам како бруно марс а можам да испејам како Ефто Пупиноски :tapp:
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
I choose what I want by some of my logic and needs, then masturbate and think again, if I still think the same, then thats what I want.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom