дајте дефинирајте ниски вртежи.за шо пример земавте,за бензин,за дизел ли,за толку ниски вртежи шо ако не притиснеш квачило ќе изгаси моторот???
Ниски вртежи се вртежи каде што вртливиот момент е значајно помал од максималниот.
Затоа треба да се бара оптимален вртежен момент кој на секое возило е различен.
Нема такво нешто што се вика „оптимален вртежен момент“. Има оптимални вртежи, оптимална брзина, а она што го нарекуваш „оптимален вртежен момент“ е уствари
максималниот вртежен момент. Секогаш кога вртежниот момент е помал од максималниот (превисоки или прениски вртежи) моторот работи помалку од оптимално.
Максималниот вртежен момент (torque) не смее да се меша со максимална снага (коњи), бидејќи се две различни величини. При максимален torque моторот најцелосно го согорува горивото: затоа баш тогаш е
најголем. Тогаш клиповите со најголема
сила притиска на радилицата.
Пр кај мене имам забележано дека можам да возам со 3-та и 4-та 50. Разликата е со 3-та стискам минимална гас и имам 2.4000 вртежи, а со 4-та стискам повеќе на педалата за гас и имам 1.500 вртежи
Хммм... во принцип, кај модерните инџекшн мотори, доколку си во рамките на значаен вртлив момент, не би требало да има разлика во брзината која ќе ја постигне колата при исто стискање на гасот без оглед дали си во трета или во четврта. Да, звучи парадоксално :lud: но така е.
Да речеме возиш во трета 50. Ја стискаш папучата за гас (тропам на памет сега) 3 сантиметри и возилото забрзува до (пак тропам) 60. Ако возиш во четврта 50 и ја стиснеш папучата за гас 3 сантиметри возилото пак би требало да забрза до 60 на час, не повеќе. Се разбира, во четврта ќе му треба повеќе
време да ја постигне таа брзина, т.е.
забрзувањето ќе биде помало, но на крај
брзината ќе биде иста. Кој не верува нека проба. Повторувам, ова важи само за модерни мотори со ECU!
Патем, ова се гледа и ако сакаш
перфектно мазно да смениш од повисока во пониска брзина: возиш рамномерно 50 во четврта (ниту кочиш ниту забрзуваш) и сакаш само да смениш во трета но притоа брзината на колата да остане иста, т.е. да смениш брзина перфектно мазно. Е сега, за да возиш 50 во четврта папучата за гас треба малку да биде притисната. Стискаш кумплунг, но десната нога не ја тргаш од гасот, напротив гледаш да не се мрдне воопшто папучата за гас. Кога ќе го стиснеш кумплугот, а поради тоа што папучата за гас, нели, уште ја држиш
исто стисната, моторот веднаш ќе почне да качува вртежи, ама не до недоглед (пошто малку ја стискаш папучата, колку за 50 во четврта), туку до одредено ниво. Ако при тие нови, поголеми вртежи убациш во трета, ќе видиш дека тоа се
точно оние вртежи кои се потребни за возење 50 во трета.
Ова испадна малце комплицирано, се надевам дека се разбира што кажувам.