Како да управувате со вашиот мозок?

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Прво да ве запознаам со Timothy Leary.
[SIZE=-1]
Др.[/SIZE][SIZE=-1]Timothy Leary,(1920-1986) Докторираше во полето на психологијата на универзитетот во Калифорнија,Беркли (1950)....Предаваше на Харвард (1959-1963),
За него може да се каже дека беше психолог,филозоф, истражувач, професор,револуционер и прв човек чии посмртни останки беа лансирани во вселената.

Но покрај сето тоа, тој беше адвокат на психоделичните дроги и токму таа професија му донесе многу слава.Многумина знаат да кажат "ееее, ти знаеш ли кој е Albert Hofmann (човекот кој го пронајде LSD-то)" ама малкумина знаат за тоа кој е [/SIZE][SIZE=-1]Timothy Leary .Човекот кој го проучи LSD-то и многу други психоделични дроги.Своевремено тие супстанции не беа забранети.Во тој период Тимоти направи масовна пропаганда на овие дроги.Но всушност не беа дрогите што тој сакаше да им ги покаже на светот.Тој тоа го гледаше како медиум преку кој ќе може послободно да оствари комуникација со луѓето.Се што имаше да каже е дека се имаме навикнато на овој стереотипен начин на живот што не ни замислуваме дека може поинаку.Тој сакаше да ја сподели својата филозофија за животот со другите.

Човеков има изработено филмови кои своевремено ги има прикажувано на Американските филмски платна со цел да им го долови ефектот на LSD -то на публиката.
Епа ете едно такво видео.

[media]http://www.youtube.com/watch?v=SQq_XmhBTgg[/media]

Коментари од типот Дроги "А" "У" не се добродојдени.Слушнете убаво што има човекот да каже и ќе биде убаво да продискутираме околу тоа.(Во видеото никаде не се спомнуваат дрогите)

Моите омилени зборови од него се..Тој што го контролира вашето око , тој го контролира вашиот ум!!!
[/SIZE]
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Убаво го доловил моментот на ЛСД халуцинација
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Абе не е тоа поентата.....лееееее.:nesvest:
(толку ли ве мрзи да слушнете за што се збори во видеото и да размислите за истото.)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Звучи интересно темата, но слабо се разбира на видеото, добро ај слабо знам англиски, имаш некаде само текст можеби? Зашто од ова човек не може да научи ни да џуска. :)
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Звучи интересно темата, но слабо се разбира на видеото, добро ај слабо знам англиски, имаш некаде само текст можеби? Зашто од ова човек не може да научи ни да џуска. :)
Повели....Одзипивај....Симни си го видеото....BSplayer....и наздравје
 

Attachments

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Од виденово и прочитаново, сево ова ме потсеќа на некој хипи, квази-бунтовен фазон но, nevermind.
Просто поиргување со неуро-трансмиторите и сензорните перцептори. Веројатно интересно и револуционено за '60-те но, не и денес.
Го предизвикува и става под знак прашалник нагласувањето на рационалното размислување или она што е познато како IQ,кое толку се фаворизира во запдниот свет, особено од 19-от век, навака. Сака да повика на активирање и на EQ и SQ, кои како да се запоставени од современиот западен човек.

Но, истово не важи за источната култура и за ретките автентични племиња кои денес постојат. Кај нив, никогаш не е прекината онаа нишка на поигрување со свеста и нејзините граници. Многу од племенските религиозни ритуали и одредени напредни медитациони техники, создаваат состојби на умот слични на оваа( со цел, како што тие веруваат, да се поврзе индивидуата со универзумот)
Дури во хипи ерата западниот човек почнува да се враќа на овие нешта. Халициногените средства се само иницијација и потсетување на тоа како се може да се манипулира со свеста. За подоцна да искочат разни њу ејџ техники, како Силва методот кој преку само-сугестија го внесува мозокот во алфа состојба, или хипервентилацијата која ствара неверојатни ефекти само преку контролирање на респирацијата.

Не знам дали ти е познато, но докажано е дека забрзаната активност во режањот на мозокот кој се наоѓа во пределот на слепоочниците, создава привиденија кои ги опишуваат како соединување со Бога, со универзумот, премостување на границата помеѓу духовното и свесното и слично. Конкретно оние кое патат од епилепсија (болест која меѓудругото вклучува магнетен и електронски дисбаланс баш во овој предел на мозокот) во огромен број случаи тврдат дека во состојбата пред нападот го гледаат Бога.
Значи, мала стимулација на мозокот и се доживуваат секакви нешта.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Со оглед на тоа што првпат слушам нешто за Тимоти Леари, ќе го кажам она што го заклучив од видеово. Тоа што го посочува е дека не треба да ги зимаме работите здраво за готово, треба да испитуваме се` што ќе слушнеме, "Question authority, Create and design your own order in chaos, ur own versions of reality", да не се водиме според реалноста што ни ја наметнуваат некои политички и религиозни водачи, туку самите да го искористиме фактот дека мозокот е дизајниран за да дизајнира реалности.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Фала за текстот, сега е подобро. Се сложувам со Натурал грл, а со визиите, и на другите клипови кои изгледаат како халуцинации од ЛСД како да сака да каже дека така некако треба да го сфатиме цел тој хаос што го гледаме секојдневно и ни владее во умот, како зафрканција во илјада и една боја, така да тој хаос ќе стане прекрасен. Како... како циркус. :)
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Од виденово и прочитаново, сево ова ме потсеќа на некој хипи, квази-бунтовен фазон но, nevermind.
Просто поиргување со неуро-трансмиторите и сензорните перцептори. Веројатно интересно и револуционено за '60-те но, не и денес.
Го предизвикува и става под знак прашалник нагласувањето на рационалното размислување или она што е познато како IQ,кое толку се фаворизира во запдниот свет, особено од 19-от век, навака. Сака да повика на активирање и на EQ и SQ, кои како да се запоставени од современиот западен човек.

Но, истово не важи за источната култура и за ретките автентични племиња кои денес постојат. Кај нив, никогаш не е прекината онаа нишка на поигрување со свеста и нејзините граници. Многу од племенските религиозни ритуали и одредени напредни медитациони техники, создаваат состојби на умот слични на оваа( со цел, како што тие веруваат, да се поврзе индивидуата со универзумот)
Дури во хипи ерата западниот човек почнува да се враќа на овие нешта. Халициногените средства се само иницијација и потсетување на тоа како се може да се манипулира со свеста. За подоцна да искочат разни њу ејџ техники, како Силва методот кој преку само-сугестија го внесува мозокот во алфа состојба, или хипервентилацијата која ствара неверојатни ефекти само преку контролирање на респирацијата.

Не знам дали ти е познато, но докажано е дека забрзаната активност во режањот на мозокот кој се наоѓа во пределот на слепоочниците, создава привиденија кои ги опишуваат како соединување со Бога, со универзумот, премостување на границата помеѓу духовното и свесното и слично. Конкретно оние кое патат од епилепсија (болест која меѓудругото вклучува магнетен и електронски дисбаланс баш во овој предел на мозокот) во огромен број случаи тврдат дека во состојбата пред нападот го гледаат Бога.
Значи, мала стимулација на мозокот и се доживуваат секакви нешта.


The only real thing is illusion.
:tv:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Треба пола саат да зјапам во тоа? пуфф кај ке го изгубам времето и очите ке ги заебам :) А за зборовите може имаат поголема вредност
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.343
Поени од реакции
79.162
...Не знам дали ти е познато, но докажано е дека забрзаната активност во режањот на мозокот кој се наоѓа во пределот на слепоочниците, создава привиденија кои ги опишуваат како соединување со Бога, со универзумот, премостување на границата помеѓу духовното и свесното и слично.
Не е докажано, само се предпоставува (како и за многу други работи), бидејќи никој не успеал да симулира (да предизвика) во лабораториски услови "соединување со Бога, со универзумот", преку некаква електромагнетна or somethin' стимулација или на било кој друг начин. Она што е постигнато се некакви визуелни и/или звучни ефекти кои не можат да се споредат со чувството на "соединување со Бога, со универзумот, премостување на границата помеѓу духовното и свесното и слично".
Од друга страна, изглеа на никој не му текнало обратното, односно дека "при соединување со Бога, со универзумот, премостување на границата помеѓу духовното и свесното", се активира нешто во тој дел од мозокот. Односно грубо кажано со тој дел функционираме кога сме таму.
Конкретно оние кое патат од епилепсија (болест која меѓудругото вклучува магнетен и електронски дисбаланс баш во овој предел на мозокот) во огромен број случаи тврдат дека во состојбата пред нападот го гледаат Бога.
Значи, мала стимулација на мозокот и се доживуваат секакви нешта.
болдираното - NOT.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не е докажано, само се предпоставува (како и за многу други работи), бидејќи никој не успеал да симулира (да предизвика) во лабораториски услови "соединување со Бога, со универзумот", преку некаква електромагнетна or somethin' стимулација или на било кој друг начин. Она што е постигнато се некакви визуелни и/или звучни ефекти кои не можат да се споредат со чувството на "соединување со Бога, со универзумот, премостување на границата помеѓу духовното и свесното и слично".
Од друга страна, изглеа на никој не му текнало обратното, односно дека "при соединување со Бога, со универзумот, премостување на границата помеѓу духовното и свесното", се активира нешто во тој дел од мозокот. Односно грубо кажано со тој дел функционираме кога сме таму.
Според моите сознанија, она што е докажано во лабораториски услови е дека: Кај "нормални" луѓе, со инсталирани ЕЕГ електроди во близина на слепоочниците, на кои им биле читани евокативно религиозни или духовни текстови, активноста на нивните режњеви кај слепоочницата почнала се зголемувала до тоа ниво што скоро да била идентична со нивото на активноста кај епилептичарите во текот на нападот.
Да, не се постигнати резултати кои би се поистоветиле со "спојување со Бога", но се дошло до претпоставка дека можеби поседуваме Божја точка(како што ја нарекуваат) во мозокот, чија активност резултира со такви искуства.
Е сега, дали е тоа навистина Божји импут во нашиот мозок, кој служи како врска со Господ, или само сурова шега на природата која не држи во илузија преку таму некоја мозочна активност која нема никаква подлабока суштина, тоа не се знае:)

болдираното - NOT.
Why not?:( :icon_razz

Повторно, според она што дошло до мене како информација, доктори кои работат со епилептичари, велат дека после нападите, пациентите редовно им пријавуваат нешта како: " Постои Божја светлост", "Докторе, одеднаш се постана кристално јасно. Нема повеќе сомнеж" итд.
Затоа што е добро познато дека епилепсијата е поврзана со провали на електронска активност во релевантните области на мозокот кои се далеку поснажни од вообичаените, па поради тоа интензивните духовни искуства на пациентите со епилепсија веќе подолго се поврзуваат со зголемената активност на слепоочните режњеви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom