Како да се подобрат условите за возење велосипед во Македонија?

Член од
25 мај 2012
Мислења
25
Поени од реакции
16
Ќе се подобрат условите кога ќе се крене сообраќајната култура на граганите на задоволително ниво. Со ова не мислам само на возачите и на пешаците туку и на велосипедистите кои според мене најмалку ги почитуваат сообраќајните прописи и останатите учесници во сообраќајот.
Се разбира ќе помогне ако престанат да паркираат коли по велосипедски патеки и да ги средат тротоарите да не си ги виткаме бандажите но сообраќајната култура е најважна.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
40 years ago Copenhagen was just as car-clogged as anywhere else but now 36% of the population arriving at work or education do so on bicycles, from all over the Metro area. 50% of Copenhageners themselves use bicycles each day. They all use over 1000 km of bicycle lanes in Greater Copenhagen for their journeys. Copenhagenizing is possible anywhere.
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 09:45 ---
http://www.copenhagenize.com/

http://www.copenhagencyclechic.com/
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
1. Зборот ми е: да не повлеќе некој жолта линија, и да каже, еве тоа ви е патека, а широка е на пример, 20см.

2. Под ригорозни казни не мислам само на високи парични казни, туку и одземање на возачката дозвола на неколку години.

3. Ај прибери се. Овде не мислам да ги учат в училиште да возат на едно тркало. Децата уште од мали треба да се учат како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, па кога ќе порасанат да не ги третираат велосипедистите како луѓе шо пречат, туку како рамноправни учесници.

4. Ако у мое време се успеа носењето очила од комплекс да стане мода, ако можеше пред неколку години носењето забна протеза да стане моден детал, може и возеењето велоспед. Треба да се направи добра кампања.


1. Не може патека да биде 20 cm. Се знае колку е широка велосипедска патека.
2. Па и сега имаш одземање на возачка. Она со поените. Ако го лупнат тоа ќе се жалат сите како казните се премногу строги, ќе има некој што урла полициска држава итн. Крај не му се наоѓа на Македонецот.
3. Точак у сообраќај има иста улога како и пешак. Шоферите се тие кои треба да се со поголем awareness. Зошто во школо би се учело посебно како да се однесуваш према некој со точак кога истото го учиш и кога земаш часови за кола?
4. Нема да успее бидејќи сообраќање со автомобил е 10 пати поефективно. Никој нема да се замара.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
НОРМАЛНИ УРБАНИ ПРОЕКТИ

Специјални брзи ленти за велосипедистите во Европа

Текст: Д.П

Велосипедските брзи ленти се нов концепт на транспорт кој се прошири низ Европа во текот на последните години, а најмногу е присутен во Данска, Германија, Шведска и Британија. Така на пример, во предградието на Копенхаген велосипедската брза патека е изградена на почетокот на месецот, а градските власти планираат уште 28 такви патеки.



Покрај превозот, рекреацијата и уживањето, Копенхаген со ова планира да заштеди и на трошоци на здравството. Велосипедската мрежа во Данска, годишно заштедува 40 милиони евра за здравствениот систем, а нејзината изградба не чини ни приближно толку.

Ларс Гаардхој, службеник од градските власти на Копенхаген вели дека брзата велосипедска патека ја користат луѓе кои одат на работа или на училиште со велосипед и патуваат повеќе од пет километри. Во местата каде нема добра инфраструктура за велосипедите, граѓаните го користат јавниот транспорт или пак своите возила.

Разликата меѓу ваквите патеки и стандардните, меѓу другото е и во нивното одржување, бидејќи тие се одржуваат на ист начин како и патиштата за моторните возила. При проектирањето се води грижа патеката да биде колку што е можно порамна и права за да овозможи брз проток на велосипедите. Стандардните патеки вообичаено кружат меѓу другите патишта и меѓу објектите, како да се помалку важни сообраќајни делници, но брзите патишта се еднакви по важност, што го покажува и зимското чистење на снегот од нив.



Сите бараат подобри велосипедски патеки, подобро осветлување на нив, одредена брзина на движење и чистење на снегот. Токму и тоа сакаме да го направиме со брзите патеки, на кои може сигурно да возат велосипедистите, со доволно светло и целата неопходна опрема.

На секој километар ипол ќе мора да постават пумпи за велосипедите, а при влегувањето во градовите, работата на семафорите ќе биде така прилагодена, за со возење со 20 километри на час, да се фати зелениот бран.

Данските градови сакаат на тој начин да ги придобијат и возачите на моторни возила, особено оние кои патуваат повеќе од пет километри секој ден. Првата ваква брза велосипедска патека е отворена пред една година, која за 10 проценти го зголеми бројот на велосипедисти меѓу центарот на Копенхаген и предградијата.

Гаардхој вели дека со зголемувањето на бројот на велосипедисти, се намалува и количината на штетни гасови испуштени во атмосферата во Данска, а луѓето се рекреираат што е особено важно за оние кои патуваат на работно место на кое ќе седат во текот на работните часови.



Берлин неодамна отвори 12 нови брзи велосипедски патеки, Лондон работи на 12 вакви патеки, а властите во Шведска одобрија градба на брзи патеки со четири ленти, на делницата од Малме до Лунд.

Истражувањето на германското Министерство за транспорт, спроведено неодамна, покажа дека работниците кои користат велосипед, работат подобро и побрзо од оние што постојано патуваат со автомобил.

Владата во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, од минатата година стартуваше со проект за ваква велосипедска патека која ќе биде долга 85 километри и ќе ги поврзува дизбург, Есен, Бохум и Дортмунд, а слични најави доаѓаат и од Келн и од Дизелдорф.

Швеѓаните за патеката во Малме ќе одвојат 4,1 милиони долари, и пресметале дека инвестицијата брзо ќе се исплати.

specijalni-brzi-lenti-za-velosipedistite-vo-evropa-130997.jpg specijalni-brzi-lenti-za-velosipedistite-vo-evropa-130998.jpg
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Нема велоспипедски патеки ама има тротоари и пак возат на сред улица , а не по тротоар дури коа им свириш не се тргат туку се вртат да видат кој им свири :pos:. Нејсе може да се направи нешто ко Амстердам патеки и предност прво велосипед , па пешак е дури тогаш автомобилите и слично. Тука би додал присуство на полиција и пајак служби за сите непрписно паркирани кои окупират тротоари , па и цели ленти... Да има туш кабини на работните места и нормално паркинг места кои не се кој знае каква инвестиција , па пред супер маркет нема каде да се остави велосипед , а не па на друго место.
ВТФ, тротоарите се за пешаци, велосипедите се движат по велосипедска патека или ако нема патека по коловозот.
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
814
Preku takvoto mi e koga nekoi babi si odat edna DO druga na velosipedska pateka, a baska koga se polu-gluvi so slow-motion ability, ili koga patekite odat pred abtobuskite postojki, taka vekosipedisti se sretnuvaat so 20 pesaci vo 3 na 3 metri prostor. Ova za po trotoarite, a za ulicite i vozacite na koli, druga prikazna.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
86
Веќе е спомнато ама ајде пак:

Прво, да се крене сообраќајната култура на задоволително ниво, и кај пешаците и кај возачите.
Второ, не само да се прават, туку и да се одржуваат велосипедските патеки.

А ако набројуваме конкретни работи:
Да се научат луѓето што е велосипедска патека и за кого е направена.
Да се научат возачите кога треба да застанат и да пропуштат пешаци и велосипедисти.
Да се научат велосипедистите каде треба да возат.
Да се научат пешаците каде треба да одат.
Да се научат одговорните да ги одржуваат велосипедските патеки, или да даваат субвенции за нови гуми наредниве 3-4 месеци :D

Мислам дека ова е најбитното сега за сега.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.721
Поени од реакции
1.125
Во секој град да има посебни велосипедски ленти и казните за СИТЕ возачи (доколку се прекршат некои правила) да бидат повисоки и да важат за СИТЕ.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
А што правиме и со велосипедистите кој немаат осет? Еве за пример ке земам булевар Борис Трајковски, во најголемиот шпиц идотите возат на пат а имаат уредна велосипедска патека(зборувам за од цементара па се до рампа), а на 20 метри од нив имаат и трим патека. Неможе да се обвинуваат само возачите на автомобили општо културата во Македонија е на ниско ниво за ова да се дискутира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom