Зошто да ја натераш да ти раскине, не разбирам и зошто да и даваш причина?
Штом си ја отворил оваа тема претпоставувам дека ти не сакаш да ја раскинете врската, а штом не сакаш да раскинете тогаш нема зашто да и даваш повод и причина за тоа. Мојот совет ти е да излезете на кафе и директно да ја прашаш зошто е ладнокрвна кон тебе, кажи и ако сака да раскинете тогаш подобро е да раскинете отколку да се однесува на тој начин, а ако не сака да раскинете тогаш нека ти каже зошто се однесува така.
Не се замарај со повод, причина и неверство. Директно зборувајте, нема ништо да изгубиш, само ќе заштедиш време и нервоза
.