Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.205
- Поени од реакции
- 34.441
Трејси Кокс во книгата "Суперфлерт" наведува четири едноставни трикови кои може да ги искористите и да постигнете сите да се заљубат во вас. Не би верувале колку е лесно (според неа) да ги освоите оние кои ги посакувате.
Трејси признава дека триковите се засноваат врз манипулации со нечии чувства. Идеално би било кога некој ви се допаѓа едноставно да заврши во вашите прегратки, но во реалноста не е така едноставно, па игрите за освојување се неизбежни.
Не, не се грижете, не станува збор за никаква црна магија, ниту па постои гаранција дека со помош на овие совети некој ќе се заљуби во вас против својата воља, бидејќи доколку би било така - како што вели авторката на книгата - таа веќе би била во врска со Бред Пит.
Понекогаш може да ви се случи со месеци да "бркате" некого - без никакви резултати. Затоа, потребна е некаква тактика како сами себеси би си ја олесниле работата и на крај би завршиле покрај онаа личност која ја посакувате.
Бидете активни на почетокот, а потоа станете недостапни.
"Колку повеќе сте интерактивни со некоја личност, се зголемува веројатноста дека ќе и се допаднете", изјави Дејвид Либерман, американски стручњак за меѓучовечки односи. И Трејси се согласува со него, како и неколку студии обавени до сега.
Значи, на почетокот заборавете на искулираноста или ладниот однос, равнодушноста, избегнувањето и недостапноста. Наместо тоа, пронајдете што повеќе причини за да поминете што повеќе време со личноста која ви се допаѓа.
Кога сте сигурни дека дотичната личност ве смета за симпатични и пријатни, кога чувствувате дека сте ја освоиле и дека дефинитивно 'трза' за вас, потрудете се да станете помалку достапни. Но, бидете внимателни да не претерате со недостапноста. На сите нас ни е познато дека луѓето најмногу сакаат нешто што не може да имаат, нешто што им е недостапно. Но доколку преминете некои граници, може да бидете разочарани - и вие и вашата симпатија.
Не правете убави работи за нив, нека прават тие за вас
Ако направите нешто убаво за некого ќе се чувствувате добро. Вие сте задоволни, а задоволна е и личноста која штотуку ја размазивте. Поради ваквите ситуации често таа личност ја идеализираме, бидејќи мора да е "прекрасна" кога веќе заслужила такво нешто. Резултатот на трудот е уште поголемо 'зацапување' во таа личност.
Кога некој ќе направи нешто убаво за нас, и ние сме задоволни. Но, со тоа доаѓаат и некои други емоции, а не сите од нив се добри. Понекогаш се чувствуваме освоени. Тука е притисокот, бидејќи тогаш и очекувањата се поголеми. Кога нам ни се допаѓа некој, очајнички сакаме да правиме убави работи за таа личност. Но, подобро е да дозволите некој друг да ве размази вас, наместо обратното.
Контакт со очите
Психологот Зик Рубин спровел истражување кое покажало дека заљубените парови гледаат еден во друг 75% од времето додека разговараат. Во некои нормални услови на разговор, луѓето се гледаат од 30 до 60% од времето. Оваа техника некои ја употребуваат и кога сакаат да откријат колку е некој некому привлечен. Ова е многу корисна информација кога сакаме да се допаднеме некому.
Кога гледате диретно во очи некоја личност 75% од времето кое го поминувате разговарајќи со неа, го 'лажете' нејзиниот мозок бидејќи таа личност е свесна дека последен пат со некој така и толку се 'гледала' кога била заљубена. Пробајте ја оваа техника на некој кој ви се допаѓа - и резултатот може да ве изненади.
Уште нешто корисно - доколку не му се допаѓате некому, бидете сигурни дека нема да ви дозволи контактот со очите да трае долго.
Не го тргајте погледот
Психологот Зик Рубин дошол до уште едно круцијално откритие: на паровите кои се заљубени им требало повеќе време да го одвојат погледот еден од друг во моментот кога им се придружила некоја трета личност. А ова може да послужи како уште еден добар трик.
Значи, едноставно е. Додека разговарате со личноста која ја симпатизирате и сакате да ја освоите, кога вам ќе ви се придружи некој трет, не тргајте го веднаш погледот од симпатијата, причекајте некоја секунда. Така ќе и дадете до знаење дека ве интересира повеќе од некој друг.
Па, со среќа.