Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.409
колку е само ова вистинито и точно,што е напишано,и не ви се случуваКако да ги задржиш младите во државава? Едноставно, обезбеди им пристојни услови за студирање. Не да зборуваш колку си модерен, напреден, со нови методи на испитување и слично. Не ги фрустирирај младите, натерај ги да го сакаат тоа што го работат, мотивирај ги да бидат гладни за уште. Нашите факултети, посебно акцент ќе ставам на Правниот факултет прават се за да те демотивираат, да те убијат, да ти ја угасат желбата и мотивацијата.
Паметам колку бев среќна на почеток, го обожавав факултетот, предавањата, сакав да учам. Од година на година, станував само поразочарана и поразочарана. Отидов на мастер студии, каде одреден профил на т.н професори 3 месеци си играше мајтап со мене и никаде го немаше да ми даде оцена, закажуваше предавања на - 10 на кои не се ни појавуваше. Еве веќе треба да пишувам мастер теза, комплицираат со глупави административни работи, наместо да ја олеснат бирократијата. И покрај тоа што ги имам сите оцени, треба од почеток да одам кај сите професори за да ме запишат компјутерски иако тоа требаше одамна да биде направено.
Од девојчето кое со радост одеше секој ден на факултет и читаше секој ден, се претворив во апатична особа на која и е сеедно дали ќе ги заврши мастер студиите и со главата веќе сум некаде надвор, нешто што пред една година немаше шанси да го кажам. Од секогаш се гледав себеси во Македонија, каде ќе придонесувам на општеството.
Година подоцна, јас сум исфрустрирана, го мразам факултетот и со радост го чекам денот кога ќе ја добијам мастер дипломата и никогаш повеќе да не стапнам таму назад. Буквално кога ќе излезам нема да се свртам назад, зашо ми се гади. Затоа што намерно и систематски од идеалисти прават зомбија кои одвај чекаат само да завршат и да не се замараат со ништо.
Ретки се тие професори кои не поттикнуваа да бидеме повеќе, да правиме повеќе... Нив секоја им чест. На останатите - алал да ви е, полн факултет снобови и арогантни и суетни личности без нималку љубов за професијата професор, туку тука се само за да ги имаат бенефициите од позицијата која ја имаат.
Порано планирав и докторатот да си го продолжам на Правен, кога веќе сум почнала - да завршам.
Сега?
Сега нема шанси.
Сега велам: Чекај, да им дадам 6000 евра минимум за да дополнително ме исфрустираат? А не брате, можам сама себе да се исфрустрирам и искомплексирам и за тоа не морам никому да му полагам сметки, ниту да му плаќам, бесплатно можам да си го направам тоа. Докторат - надвор, макар било тоа во најблиската земја, ма да колку сум разочарана би било добро тоа да е што подалеку од државава.
Ете драги мои, ете како да се спречи излив на мозоци.
Со тоа што нема да ги фрустрираш, газиш, гмечиш, понижуваш, демотивираш.
Со тоа што ќе изградиш еден фин и пристоен образовен систем, каде студентите ќе го имаат тоа што им припаѓа ним - ИДЕАЛИЗМОТ.
Не барам да бидеме како Оксфорд, Кембриџ, Харвард, ама очекувам достоинствено однесување за држава која се стреми да оди напред. А не да ги дотолчуваш младите луѓе и после се чудиш зашо сите сакаат надвор.
само вам туку и на многу други млади луѓе овдека во оваа држава,
јас на многу места - теми сум го опишувал овој проблем,со вработување на „Мозоците“- кога веќе така ги нарековме,еве и јас така да ги наречем.
Но овдека во оваа наша држава не се запослуват диоломираните „Мозоци“
туку некој други-нечии а никакви.Сум го осетил јас тоа.Посебно откога ќерка ми
во 2005 година заврши на УКИМ.Со тешти маки и дадоа уверение за најдобар студент.И бидеиќи нема работа за неа и такви како неа-најдобри,продолжи на подипломски и со тешки-„тешки“ маки го заврши со 10.Тешки затоа што не беше нивна,и ја маткаа со години,што трошоци даде само за телефони.Тешки маки,
тие нелуѓе не сакаат да им се таму умешаш,наместо да ги радува податокот што се појавува некој поспособен и од нив,изгледа баш и тоа ги плаши,каде тие после би се нашле,тие не научиле некој да биде пред нив.Јас разбирам да нема работа за некој што едвај завршил фак.-ама да нема за најдобриот прогласен од самите нив,и тоа со години,тогаш не е во ред и нешто со оваа држава.И затоа некој од нив среќата ја бараат надвор.И одат и успеваат ама ако се стварно Мозоци.
Е овдека не важи тоа правило ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, друго е нешто во прашање.