Секогаш имам потреба од личноста која ми значи и иако сакам да сум силна, не можам толку брзо и лесно да преболам. Се ни изгледа толку лесно затоа што поминало некое време и се помируваш со фактот дека не сте веќе заедно.
Минатата година на многу лош начин се разделив со една личност која премногу ја сакав, па после тоа се ми мирисаше на него, на улица секој човек од далеку ми личеше на него, дозволував да ми се приближат мажи кои барем во нешто беа слични на него. Но, што повеќе време поминуваше сфаќав дека не е добро за мене да се оптеретувам толку многу за нешто кое поминало и не може да се смени.
Да простиш е најдоброто нешто кое може да помогне да преболиш, затоа што така се ослободуваат чувствата на гнев, навреда, болка, став, вина. Да простиш не значи дека се согласуваш и прифаќаш она кое се случило. Тоа помага да сфатиш која била причината за постапката, да сфатиш како самиот си станал дел од целиот развој на ситуацијата, да му посакаш се најубаво на партнерот со надеж дека тој ќе биде сакан после вашата разделба.