Како да најдам работа во оваа држава Р.Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата lepotance
  • Време на започнување Време на започнување
Имам завршено економски факултет во Скопје и немам којзнае колку висок просек а работа барам во Скопје и сега почнувам да барам ама како што гледам има големи неправилности на нашиов пазар на труд __врски и слично__
Пробај во приватни фирми, тие не бараат врски (има и такви но поретки се).
 
Mora li da e u Skopje?
Ima nov oglas sea, baraat direktori na novo otvoreni firmi na Mars, ama ima eden problem, platata ja prefrlale samo u banka na Mars.:toe:
 
За работа е лесно да се најде, ама за платена работа со 40 часовна недела е тешко
 
Партиска книшка, татко бизнисмен, пари и врски.
 
Не ја барај ти нејзе остави таа да те најде тебе.
 
Не ја барај ти нејзе остави таа да те најде тебе.

да да секако.. седи си дома и чекај. можда ке дојде на врата да ти куцне и да те побара за на работа и самиот бил гејтс...:pos2:
 
Пробај во приватни фирми, тие не бараат врски (има и такви но поретки се).
токму така, кој сака да најде работа ке ја најде
чист пример јас
на 20 години почнав да барам работа, аплицирав на преку 50 работни места, по 3 месеци ми се „посреќи“, цела година работев за 9000, сега платата ми ја покачија на 12000 и ми рекоа дека ако вака продолжам да се трудам и работам на секои 6 месеци ќе расте за 1000 плус
поентата не ми е да се фалам, и онака никој не ми го знае идентитетот, поентата ми е да кажам дека работа не се наоѓа со клатење врата туку со труд и пот
ако немаш вујко владика мораш да ги засукаш ракавите, инаку ќе пцуеш држава и влада и се живо
 
И јас го делам истото мислење.

Ако сакаш да најдеш работа, ќе најдеш и точка!

Имам 23 години, ова ми е четврто по ред работно место.

Првото ми беше волонтерески, невладина организација.

Второ во приватна аутсорсинг фирма, просечна плата, добри услови - да потсетам дека сам ја најдов работата, преку оглас. Бев на обука 5 дена, која не ми беше платена - ама издржав.

Третото, странска невладина организација, пониска плата од претходната, скратено работно време, но добра отскочна даска за понатаму.

Сега, државна админстрација - благодарение на работата од претхнодно ме повикаа да работам во јавен сектор. Не сум задоволен и постојано сум во потрага по подобра работа во приватен сектор. Но, сега можам да бирам.

Ниедна од овие работи ги немам добиено благодарение на партиска книшка и татко бизнисмен.

Ако сакаш да најдеш работа, редовно ќе следиш: www.najdirabota.com.mk - секој ден имаш по минимум 5 огласи кои се реални и на кои можеш да пратиш CV и каде што постојат можности да бидеш избран.

Според дефиниција: Невработен човек е оној човек кој не е во работен однос, но истовремено активно бара и сака да најде работа.

Признавам, ситуацијата е црна, ама секој што сака може да најде работа.

Имав можност да можам да помогнам за вработување во такси компанија, верувајте прашав преку 100 невработени луѓе, од тие едвај 10тина се согласија, од тие 10 само 5 останаа до крајот и почнаа со работа. Тоа не значи дека нема работа, туку дека не сакаат Македонците да работат.
 
За работа е лесно да се најде, ама за платена работа со 40 часовна недела е тешко

Токму тоа.

Во Македонија е лесно да се најде работа. Муфтаџии „бизнисмени“ има на секој чекор. Работата е што и факултет ќе имаш, совесен работник и сите работи и ќе те ебаваат во мозок да работиш 60 саати неделно за 10000-15000 денари, а оние со 18000 ууууууу на коњ е човекот ...ќути и работи.

И 50% од вие што ќе го прочитате ова, ќе се согласите дека треба таквиот работник да ќути и да работи, оти 18000 се во прашање. Можеби за 20 годишен тоа се убави пари, ама ајде кога ќе гледате фамилија, кога ќе плаќате кредити, деца, па ќе ти треба и една кола од 2000 евра да купиш, ќе ве видам дали ви е доволно.
 
Е сеа...кај ви даваат работа уште сакате да ви плаќаат
шега, шега (макар невкусна)...не фрлајте веднаш со дрва и камења :)

Што повеќе невработени или што повеќе неплатени или мизерно платени вработени, толку помалку шанси за работа и подобри примања - налик на спирала од амортизер, закачена со краевите еден за друг. Заради тоа многу нашинци бегаат странство, темите од типот Нахилдо се преплавени со наивни (но во потрага по надеж) невработени и слабоплатени лица, населението демографски "старее".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom