Како да направиме да го снема антагонизмот помеѓу атеистите и теистите

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Па нема што многу во воведот да се кажува.
Очигледно постои , а со цел да се дојде до вистината мора да се елиминира.Тоа е и целта на форумот-вистината.
Очигледно е дека постои затупавеност и од едната и од другата страна и неприфаќање на спротивната. Ова може да се реши во два чекори.
Првиот е да се стане свесен за проблемот.
Тоа е и доволно да го снема , ама треба повеке време.
Тука доаѓа втората фаза кај што треба да се лоцира и искорени , за побрзо решавање.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.441
Поени од реакции
58.524
Па нема што многу во воведот да се кажува.
Очигледно постои , а со цел да се дојде до вистината мора да се елиминира.Тоа е и целта на форумот-вистината.
Очигледно е дека постои затупавеност и од едната и од другата страна и неприфаќање на спротивната. Ова може да се реши во два чекори.
Првиот е да се стане свесен за проблемот.
Тоа е и доволно да го снема , ама треба повеке време.
Тука доаѓа втората фаза кај што треба да се лоцира и искорени , за побрзо решавање.
Извини со длабока почит, ама ништо не те разбирам:

1. Целта на форумот е вистината??? :)
2. Атеистите не го прифаќале мислењето на верниците и обратно? Не збори... :)
3. Ова било проблем кој се решавал во два чекори???

Ништо не ми е јасно... Што треба да прифатат верниците а што атеистите за да се реши некаков проблем...?
 
Член од
22 август 2010
Мислења
27
Поени од реакции
5
Антагонизмот не може да го снема, пред се заради радикалите од двете страни. Од едната страна се религиозните фанатици за кои атеистите се безбожни грешници поради кои страда светот (значи страдањето е Божја казна). Од друга страна се „тврдите“ атеисти кои коренот на скоро секое зло го гледаат во религиозните луѓе кои го уназадуваат светот и го кочат напредокот и поради кои - пак страда светот. Значи, тешко на светот и од едните и од другите! :)
Јас имам многу блиски пријатели кои се атеисти, како и верници на други религии. Зошто мене не ми пречи да се дружам со „безбожници“ и „неверници“? Зошто на нив не им пречи да се дружат со мене? За едните би требало да сум „испран мозок“, за другите „неверник“, „ѓаур“ и сл. Но тие ме прифаќаат исто онака како што јас ги прифаќам нив. Значи, не е проблемот до атеизмот или до религијата, проблемот е до луѓето.
Би ги прашал прво „моите“, т.е. верниците: Што ќе постигнете со докажување на постоењето на Бог на форумов? Што ќе постигнете со побивањето на оваа или онаа научна теорија? Како што гледате, ниту еден атеист овде не стана верник поради недостатоците во Дарвиновата теорија, дури и ако ги прифати како недостатоци. Која е смислата во докажувањето на постоењето на Бог да се повикувате на Библијата, кога таа за атеистите очигледно не е никаков авторитет? И конечно, зарем на Бог му треба нашето докажување или заштита? Јасно ми е дека една од обрските на секој верник е да ја шири вистината, т.е. да ги пропагира оние доктрини кои неговата религија го смета за вистина. Но тоа не се прави со непрестано „верглање“ на едни исти работи. Можеме да им кажеме на другите во што веруваме и која е основата за нашето верување, и со тоа сме ја извршиле основната обврска. Не целосно, секако, но продолжувањето со активноста треба да се ограничи само онаму каде што има интерес за тоа. Најголем дел од другите само културно ќе го ислушаат нашето претставување на нашите верувања, и пак ќе си останат на своето. Секоја понатамошна упорност преминува во фанатизам, и предизвикува одбивност, и ефект спротивен од очекуваниот. Ако мислите дека не треба да се дружите со „грешници“ - не се дружете. Затворете се во кругот на своите истомисленици и не им пречете на другите... се додека читајќи ја Библијата не наидете на приказната за Самарјанинот и не ја сватите нејзината порака (или се додека во Кур`анот не наидете на проповед аналогна на оваа приказна).

И за атеистите имам слични прашања: Што мислите дека ќе постигнете? Дека на нам „заблудените“ ќе ни ги „отворите очите“? И дека со тоа светот ќе тргне напред кон розова иднина со експресна брзина? Кажете ми ве молам како тоа верниците го кочат напредокот? Ги убиваме со каменување научниците? Ги уништуваме продуктите на технолошкиот напредок? Ги палиме на клада научните книги? Некој можеби и го правел тоа некогаш и некаде. Да се родев во тоа време, да живеев покрај тој некој и таму, и јас ќе му се спротивставев. Но сега? И овде?
Можете да свртите и дел од прашањата поставени до верниците погоре во овој пост како да се поставени и за вас, и одговорете ги.
И уште нешто: ги читате постовите на голем дел од верниците на форумов, како и нивните аргументи, па би сакал онака искрен, другарски одговор од вас: дали ви личиме на дебили? Испрани мозоци? Лоботомирани? Неписмени и необразовани, па поради тоа суеверни? Ако имате време и волја можете да побарате некои текстови на пример на Митрополитот Методиј Златанов, или да побарате информации за Павел Флоренски. За оние кои ќе го направат тоа, прашањето би се однесувало и за овие луѓе: дали сметате дека тоа се луѓе кои имаат/имале проблем со интелектот или образованието?
Секој од нас си има своја причина зошто верува во она во што верува. Најмалку што можеме да направиме за да го надминеме антагонизмот е да го почитуваме мислењето на другиот, колку и да не се сложуваме со него.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па нема што многу во воведот да се кажува.
Очигледно постои , а со цел да се дојде до вистината мора да се елиминира.Тоа е и целта на форумот-вистината.
Очигледно е дека постои затупавеност и од едната и од другата страна и неприфаќање на спротивната. Ова може да се реши во два чекори.
Првиот е да се стане свесен за проблемот.
Тоа е и доволно да го снема , ама треба повеке време.
Тука доаѓа втората фаза кај што треба да се лоцира и искорени , за побрзо решавање.
Бидејќи верните не се верни од пелени, тоа значи дека и верните го имале својот атеистички период од животот. Искуствено земено, штом атеистите поверуваат (во Христа Бога), тоа значи дека атеистите автоматски го надминале посочениот антагонизам.

Тешко дека некој верен, кој се утврдил во верата, може да прејде во атеизам.

Што се однесува до Вистината, јасно е: Христос Е Вистината, Патот и Животот. Атеистичкото трагање по вистината е чиста „утка„, оти оние кои нешто бараат, треба и да очекуваат да најдат „нешто„, а не да најдат некакава случајност. Оние пак, кои Го бараат Бога, нека се надеваат дека ќе Го најдат.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што се однесува до Вистината, јасно е: Христос Е Вистината, Патот и Животот. Атеистичкото трагање по вистината е чиста „утка„, оти оние кои нешто бараат, треба и да очекуваат да најдат „нешто„, а не да најдат некакава случајност. Оние пак, кои Го бараат Бога, нека се надеваат дека ќе Го најдат.
Се додека го имате овој арогантен и тврдоглав став, никогаш нема да се надмине овој антагонизам! Како можеш ти да кажуваш што е вистина, пат и живот за било кој друг освен за тебе? Да беше вашиот став дека тоа е ВАША вистина, пат и живот, тогаш ќе можевме да дискутираме. Но се додека вие наметнувате некоја своја вистина на останатите, ќе си останете утки!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Она што треба верниците да го сфатат е дека Бог не постои, не оној што го продаваат религиите, бидејќи тоа се само зборови. Атеистите треба да сфатат дека Бог е единственото нешто што вистински постои :), но дека нема врска со религиите.
Кога и едните и другите ќе ја преземат одговорноста за своите постапки а не да ја префрлаат на некојси. Верниците за се се вадат на Божја волја, за разлика од некои атеисти бивши верници разочарани во семоќниот дедо Мраз, полни со горчина, всушност кон себеси. Се бара само свесност и работа на себеси.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Она што треба верниците да го сфатат е дека Бог не постои, не оној што го продаваат религиите, бидејќи тоа се само зборови. Атеистите треба да сфатат дека Бог е единственото нешто што вистински постои :), но дека нема врска со религиите.
Кога и едните и другите ќе ја преземат одговорноста за своите постапки а не да ја префрлаат на некојси. Верниците за се се вадат на Божја волја, за разлика од некои атеисти бивши верници разочарани во семоќниот дедо Мраз, полни со горчина, всушност кон себеси. Се бара само свесност и работа на себеси.
Тоа е тоа .
Вистината е во нас , вистината не знае за неубави работи(да не ги редам) а една е и оваа - антагонизамот.
Мора да видите во вас дека тој е програма , вие сте надвор од него .
Имате контрола над него .
Насмејте му се како и на секоја неубава работа , немојте да стварате антагонизам спрема умот.
Егото е многу итро , секогаш ке бара задна врата.
Само на насмевка нема што да прави .
Тоа е вистината , тоа е живеење во моментот.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.767
Решението е едноставно... да им се испрати одговор на нашите предци за нивните незнаења преку некој вид временско патување...

Религијата е производ на човековата слабост, своевремено кажал Ајнштајн. Слабоста или неможноста да ги открие сите тајни...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
A kako da go snema antagonizmot megu vernicite od edna i vernicite od druga religija?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.767
Или пак решението може да биде уште поедноставно... да ги снема едните или другите.
 
Член од
22 август 2010
Мислења
27
Поени од реакции
5
Игор, за жал испадна утка темава. :(
Па, што да се прави... пробавме.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
:) Мора работата да иде споро.
Егото е толку агресивно да секогаш сака триумф , се друго е неприфатливо за него.
И ако знае дека не е така , се бори до смрт. :)
Ама јас викам капка по капка вир.

--- надополнето ---

A kako da go snema antagonizmot megu vernicite od edna i vernicite od druga religija?
Е тоа малу морген.....:) многу тешко .
Само подигање на свеста над проблемите кои истата ги поставила (како што би рекол Ајнштајн)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Се додека го имате овој арогантен и тврдоглав став, никогаш нема да се надмине овој антагонизам! Како можеш ти да кажуваш што е вистина, пат и живот за било кој друг освен за тебе? Да беше вашиот став дека тоа е ВАША вистина, пат и живот, тогаш ќе можевме да дискутираме. Но се додека вие наметнувате некоја своја вистина на останатите, ќе си останете утки!
Не се работи за никаков тврдоглав став, туку се работи за вистинтата-атеистите и верните имаат различно поимање на категоријата „вистина„. За атеистите, вистината секогаш ќе остане недостигната категорија, оти самите атеисти немаат ни груба претстава како би требало да „изгледа„ вистината. За верните, Христос Е самооткриената Вистина и за верните, Вистината веќе е позната и конечна категорија. За атеистите, вистината секогаш ќе биде надворешна категорија, а за верните, вистината не се состои во „најновите„ откритија, туку вистината е категорија на духот.
 
Х

Ханзо

Гостин
Се додека го имате овој арогантен и тврдоглав став, никогаш нема да се надмине овој антагонизам! Како можеш ти да кажуваш што е вистина, пат и живот за било кој друг освен за тебе? Да беше вашиот став дека тоа е ВАША вистина, пат и живот, тогаш ќе можевме да дискутираме. Но се додека вие наметнувате некоја своја вистина на останатите, ќе си останете утки!
Се додека го имате овој арогантен и тврдоглав став, никогаш нема да се надмине овој антагонизам! Како можеш ти да кажуваш што е вистина, пат и живот за било кој друг освен за тебе? Да беше вашиот став дека тоа е ВАША вистина, пат и живот, тогаш ќе можевме да дискутираме. Но се додека вие наметнувате некоја своја вистина на останатите, ќе си останете утки!

Works both ways, huh? Искрено, повеќе сум сретнал арогантни и тврдоглави атеисти кои ги исмеваат и омаловажуваат верниците и агресивно го наметнуваат својот став отколку обратно. Антагонизмот ќе остане, повеќе заради човековата тенденција да се собира во групи па да лае на се останато, отколку заради вистинска верба. Да беше до второто, секој ќе си ја гледаше својата работа.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
....она што недостасува е ПОЧИТ....

....антагонизмот не е последица на различните ставови туку е последица на непочитување на другиот.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom