плавоока, и јас сум плав во очите, доволно ќе биде само да те погледнам. Не знам на што се палиш ти, ама ако се симнеш доле на земјава, ќе видиш дека не мора машкото да носи книга со однапред напишани pick up реченици, само за да започне разговор со девојка, без разлика колку е таа атрактивна. Разговор може да се започне зборувајќи за било каква тема.
Сите отвораме ѕвездени портали на почеток. Сите.
Стеф, ти ли си бе?
Чек да се симнам од облаков на кој сум заседнала, па да ти реплицирам...
Така е! Разговор можеш да започнеш за било што! Апсолутно се согласувам со тебе!
Почнувајќи од квантна механика, па преку HTML и CSS, па движењата на светските берзи, па економско политичката ситуација на Блискиот исток и во Сирија, постулатите на либерал-капитализмот, езотеричните, феминистички, религиозни концепти, па се до тоа како се месат штрудли и штиркаат кошули. Која жена ќе одолее на вакви муабети? Ниедна! На колена ќе ти паднат сите, не ќе може да постигнеш.
Ти препорачувам да го искористиш ваквиот талент, подучи ги другиве мажи кои појма си немаат, греота е, и тие кутрите да се омрсат барем еднаш у животов
Поготово оние со пари, џипови, авиони и камиони....изгореа за жени, изгореа. Џабе парите и богатството, ниедна не ги сака, оти не можат муабет саглам да сврзат.
--- надополнето: 15 август 2013 во 15:54 ---
Најлесно ти е да запознаеш девојка у читална. Сеа почина сесија и ете ти шанса. Идеш у читална со книга(мора да е Хемија), пикираш девојка идеш седнуваш спроти неа ја ставаш книгата пред тебе и и викаш "Девојко меѓу нас има Хемија"... И после ваљда знаеш, би требало полесно да е...
Ама пази, Хемијата треба да иде у пакет со Физика, иначе може да те корпоса