Како влијае музиката во вашиот живот?

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Јас кога и да ја слушнам Деми Ловато се смирувам...кога ме боли глава или кога сум болен..а и кога не ми е ништоп само уживам и се исклучувам од секојдневните проблеми!
 
H

HoT IcE

Гостин
Зависи каква музика, во кој период од денот и со кого ја слушам, но во глобала ми влијае позитивно и релаксирачки и кога е потребно, и кога не е потребно. Откако почнав да слушам Deep, Lounge & Chillout House приметив доста промени во нервниот систем, многу сум порелаксиран, посмирен, значи самата музика си го прави своето, и највеќе уживам во ваква музика да слушам.
Дефинитивно музиката е нешто без кое неможам да го поминам денот, мобилниот повише го користам како Walkman отколку за конткакт, но не сум оној тип на човек што сегде иде со слушалки на уши, тоа е.
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Слушам музика шо мислам дека ретко некој сака таква и не може секој да слуша, ама јас уживам, а тоа ми е единствената дрога која доволно силна да ме крене надвор од овој свет! ПС: Лажам дека слушам U2 и Ганс 'н Роусес за да не им бидам чуден на оние без вкус ;)

Јака музика е оваа, тешка за слушање ама доста инспирира, моменталното расположение може за 180 да ти го сврти, ја слушав едно време тоа со класика, ама неам воља веке а и плус не ми е погодна за учење :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
јас сум
Скопски копиљ +(титово пионерче) па шизик од старо корзо,
ЈНА обавезно-инаку тешко до женска за женидба,потоа чеканот
40 години со некојси „мозоци“ над глава,па сега еден куп внуци,
и камен во жолчката,песок во бубрезите и тромбоза во нозете,
но за музука сум секогаш наоѓал време,без музика мислам и не
би постигнал волку и во ова сега и во она мое некогашно време.
Не сум ја слушал странската само оти не ја разбирам ни збор
Но затоа пак тука биле:Про арте,Индекси,Роботи,Црвени корали,
Грешници,Група ЦД, и 22о, ВИС Странци,Црни бисери и други.
И сега многу често ја слушам оваа музика а не оваа сегашнава.
Моја молитва секое утро ми е „ Одисеја“ - пее Миша Јовиќ
--------------------------- Опатија 1973 год.
Никој не знае што го чека,денот што ќе донесе
секое утро ни носи траг во косата
времето помонато и тоа што доаѓа-слика иста
се што свети,и не мора да блесне
Одисеја -Одисеја
пат до слава и богаство.
отсекогаш бил исти од искона
пат на трње,или пат на орхидеи,
Одисеја- Одисеја
Живот тое е само една нова О Д И С Е Ј А
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ме регенерира и релаксира, често правам музикотерапија, кај мене е присутна од сабајле до вечер, зависи од расположението кој жанр ќе преовладува, основата ми е рокенкрол и сум голем фан на тој неверојатен жанр.
Кога не можам да заспијам во позадина свири Cafe del Mar, тоа е подобро од било кое апче за спиење.
Кога сум под стрес или учам класиката ми дава енергија и ми го одмара мозокот
 
M

Muranyi

Гостин
Јас сум зависник од музика,без неа не би можел да си го замислам денот.Каква музика слушам,зависи пред се од моето расположение,обожавател сум на метал,рап и транс(хаха каква комбинација,нели:)),но слушам и други жанрови,освен турбофолк(да бидам искрен од турбофолк можам само Аца Лукас да го слушам,но тоа е многу ретко,кога сум во алкохолизирана состојба).
Инаку,во последно време обожавам да си пуштам психоделичен транс и да трчам на кеј,така ослабев 8 кила за овие месеципол и се заборавам кога трчам(пред некој ден истрчав 12 км што е рекорд за мрцина како мене:D).Без музика,не би можел ни километар да истрчам,така да слободно можам да кажам дека таа е мојот двигател во многу животни аспекти.
 

CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Сум од тие, зависници од музика, и не можам да замислам ниту еден ден без музика. Музиката ми го крева м о м е н т а л н о расположението. Морам да признаам дека слушам од се по нешто, немам одреден жанр. Омилени песни си имам. Кога ми се допага една песна, отекувам, ја вртам само таа и ми станува хит на неделата. Знам кога сум тажна да пуштам такви лигави мелодии и да се исплачам убаво, за потоа кога сум расположена да пуштам песни за играње и да играм пред огледало. :oops: Слушам македонска, Енглеска:P српска, шпанска, италијанска, француска музика и од сите жанрови, важно да пее нешто радивцето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom