Како влијае музиката во вашиот живот?

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Музиката е многу битна во животот на било кој човек. Многу луѓе, едноставно не можат да го замислат светот без мелодија. Од прв поглед можеби прашањето за тоа како влијае музиката на нашиот живот се чини многу просто и многу едноставно но сепак има многу повеќе околу тоа. Ме интересираше како вие гледате музиката, дали музиката ви го дефинира начинот на кој гледате на работите, како ви ги дефинира погледите на светот, погледите на луѓето, на општеството, дали влијае врз вашиот начин на живот, дали ви го дефинира начинот на облекување, на одбирање на друштво, на одбирање на излегување во кафиќи, дали ја користите музиката за лечење односно намалување на стрес, намалување на депресии, дали можете да издржите еден ден без да слушате музика или еден ден без вашата омилена песна, како музиката влијае на вашето здравје, дали се замарате многу што музика слушате и каква порака носи таа или едноставно слушате она што ви се сервира, дали одредениот период во кој чуствувате одредени емоции ви ја диктира музиката што ја слушате и многу понатамошни прашање кој би ве охрабрил да ги прашатe или одговорите.

Значи, како музиката влијае на вас и вашиот живот и на тие околу вас? :)
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Секогаш музиката може да ти ја подобри состојбата.Без разлика дали си среќен,во бедови или слично...

за луѓето,погледите...не ми се ограничени со музиката,нема логика во тоа :)

неможам без неа :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ме исклучува од светов. Ме носи на места каде реалноста не ми дозволува.
Допирам нешто кое без музика не можам да го допрам.
Ми ги дразни мислите, ми помага да пишувам.
Ми дава енергија, ме прави среќен, некогаш тажен но уживам и во второто, има посебен филинг. Прави да се чувствувам семоќно, како да можам се да променам.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
Откако почнав "активно" да ги слушам Пинк Флојд, буквално можам да кажам дека ми се смени животот. Заради нив прв пат во рака земав гитара и прв пат почнав да свирам да синтисајзер. Со Пинк Флојд влегов подлабоко во водите на прог-рокот и пост-рокот и во концептуалните албуми и типот на песни кои не се вообичаени за другите артисти.
Исто така ниту еден ден не може да ми помине без музика. Едноставно сум зависен од музика. :)
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Music is something that makes you enjoy everything, even if you're in the HELL!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484


Да можеше да се опише со зборови лесно ќе беше...доказ дека неможе се двајцава.

:cuc:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Да се цитирам од друга тема и извадок од "Апсолутен слух":

"А дека ми зборувала, не е вистина, музиката никогаш не ми зборуваше, таа се закачуваше за мене со тенки нишки што не ги осознавав, длабоки како алги, музиката ги доведуваше до површината и ненадејно ќе провреше врвче, јас требаше само да го фатам и да го потегнам. Музиката не беше откритие од општ вид, ами таа откриваше работи „за мене“, таа беше криумчар кој ноќе ја минуваше границата, а од другава страна оставаше нешта што не ги насетував. Згора на тоа, музиката и мене ме криумчареше, таа ми помагаше да ги преминам меѓите како скриен емигрант, таа ме водеше надвор, а тоа надвор секојпат се разрешуваше низ некаква постапка."

"Одлично се сеќавам на сите видови музика во мојот живот, но не можев веќе да ја слушам, таа му припаѓаше на моето минато, не беше реална. Музиката беше откривање, оној дел од мене што го носеше на површина беше матна и гнила материја, друг пат чиста и исповедлива, со годините учиме како да си допуштаме многу на себе, а за некоја година ќе научиме и да реагираме без никакви скрупули за тоа кои сме. Музиката за мене беше акција."
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Nekoj imase potpis:
Talking about music is same as writing about *nestostonemozedasepisesozborovi* :)

Muzika kako muzika. Ne ja sfakjam kao da se druzam so lugje samo ista muzika sto slusame, ja pominav fazava. Ednostavno, uste edna pricina plus da se druzam so nekoj so koj slusame ista muzika. Ne pravam big deal od muzika. Sepak, ne e nesto za koe treba da se pagja vo nesvest.
Pogolemiot del od vremeto go trosam so muzika vo pozadina. Ili gi isttaknuvam moite mumlacki sposobnosti so toa sto si potpevnuvam nekoja zaglavena-vo-mozok pesna.
Da ne bese muzikata, nemase da go pravam ova sto go pravam. Nemase da primetam kako Florence dur pee tolku dobro go kontrolira glasot sto e fascinantno. Nemase da me boli maliot prst na levata raka od svirenje oktavi vo leva. Sto znam, nemase da znam sto e TSDT I nemase da gi sledam harmoniite dur slusam jazz. Nemase da kazuvam "eve a del" "eve b del, period" "slusaj sea reprizava so varijacii kakva ubavina e" ili na svirka "Lele basov mng mi smeta, trebale malku pocist da go napravat". Nemase da ima koj da mi pravi atmosfera dur se vozam u kola ili dur si lezam vaka navecer u krevet.
Sekogas si ja adaptiram muzikata na raspolozenie. Nema sansi da slusam nesto sto ne mi pasuva atm.
Sekako, odlicen izduvenn ventil I odlicen nacin da izbegas od realnosta I da I dozvolis na melodijata da ti razigra fantazija.
 
А

Антоние

Гостин
Музиката је позивач на моето нескротливо буги.

 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Слушам музика шо мислам дека ретко некој сака таква и не може секој да слуша, ама јас уживам, а тоа ми е единствената дрога која доволно силна да ме крене надвор од овој свет! ПС: Лажам дека слушам U2 и Ганс 'н Роусес за да не им бидам чуден на оние без вкус ;)

 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Како делува? Па позитивно, ми помага да се смирам, расположам, но некогаш и да се потсетам на некој гадни моменти. Влијае на изборот на другари и стилот на облекување.. А без музика не би можел да издржам, кога сум дома ечи, кога сум излезен пак ечи од MP3. А понекогаш и си потпевнувам, не и можел така како немтур да седам без музика..:LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom