Го имам погледнато видеото како и 3-4 на иста тема каде што се збори за индустриската корист на конопот, но ниту еден кредибилен извор не тврди дека лечи 600 болести вклучувајќи го ракот, тоа кој и да ти го рекол, те излажал ко мало дете. Може Рокфелер да забранува до утре ако сака производство на таков лек (дури и да си доволно глуп да веруваш во такви теории), гласината ќе се прочуеше и лекот ќе го правеа по дома. Дури и 10% смртноста од рак да беше намалена поради коноп, јас ќе ти го прифатев аргументот како валиден, ама вака извини но сето ова ти се snake oil приказни.
Конопот ми е мене добро познат (не ми се смејте, не сум џанак), апла се интересирам за биологија и сум љубител на ботаника. Сум растел секакви чудноватии од Мосо и Нигра бамбуси до Venus fly trap, а еве сега ќе растам и Moruga Scorpio пиперче, така да знам 2-3 работи за зелениве пријателчиња. Стварно е конопот чудо од растение и стварно може да се искористи за огромни заштеди при греење (но ни приближно колку што тврди видеото), но лековит не е.
Јас еднаш поверував на народни иљачи, кога ми рекоа дека е добро да јадам свежа боровинка ако имам проблем со стомакот, па лапнав 100тина грама и завршив вечерта на интензивна, на лаважа. Замисли изненадување, боровинките (и било која бобинка или семка) била ептен лоша за моето оштетено црево. Ради тие народни лекови можев да си го оставам животот токму таму и тогаш, во таа постела, во моите најубави години.
Затоа не го л'жете народот така дрско, доста е што семејствата се емотивно растроени ради некој близок болен од рак, малку ли мака имаат па уште вие ќе профитирате на нивна сметка и ќе им давате лажна надеж. Колку треба да е безобразен човек за да заработува на ваква ранлива група? Стварно ли тие пари ви се слатки после, кога ќе помислите дека низ солзи се спечалени и со последна надеж дадени?