Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата MSV
  • Време на започнување

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Сакаш да кажеш дека купување на мастики (како пропратен елемент на цигарите) е исто и го изедначуваш со купување на екстази или нешто појако (како пропоратен елемент на марихуаната)?? Се надевам дека погрешно сум разбрала, во спротивно пишуваш излапени муабети..
Сакав да кажам дека марихуаната е влез за во next level само затоа што е криминализирана. Ништо повеќе. Потоа се премислив и го избришав постот, пошто беше офтопик, бидејќи приметив дека темата е за влијанието врз здравјето. Ама ти беше брза :)

Јас колку што знам, и кај тутунот и кај марихуаната, катранот предизвикан од горењето е далеку поштетен од никотинот или тхц-то.
 
-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
зависи од исхраната, гените, количината и околината во која се живее, има примери милион на луге шо дочекале 80 до 90 годишна старост а пијале тутун од 10 год, има и обратно, секако, стресот е поголем килер од никотинот, дрогата конкретно синтетичката лабараториска е сигурен убиец, мах до 7 години се тера, додека паметен џанак на природна дрога моше да живее поише од 25 години, ете ви ја логиката на нештата околу опијатите.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Луѓето имаат право да прават работи, доколку со тоа не ги загрозуваат другите.
Многу конзервативни ставови прочитав од луѓе што секој ден се обидуваат да ни докажат колку се модерни, паметни и убави.
Не ви смета собирање у кафана и цироза на јетра, но ви смета марихуана...но цигари не ви сметаат.

Знаете која е разликата поме+у 10 чаши ракија и еден џоинт? Немањето главоболка и сјебувањето на жеулудникот и мозокот што ракијата ти го прави.
Извинете луѓе но многу сте лицемерни.
Човек што пуши, не ги загрозува другите, посебно доколку практикува да го прави тоа на обележаните места и не во фаца на непушач. Човек што конзумира алкохол, зависи од тоа какво пијанство има, ама најчесто може да ги загрози другите. Со алкохол во себе секој е во нестабилна состојба, која секоја ситница може уште повеќе да ја влоши. Човек што пуши трева е исто таков. Јас незнам кои светци се корисниците на марихуана кои тука ја величаат, ама знам какви биле многуте луѓе со кои сум имала контакт во таква состојба. Дека сум била малер и единствените лоши примери сум ги видела - не верувам. Затоа тврдам да, дека ја загрозуваат околината и тоа како. Знаат да малтретираат, да се насилни, да се чудни, да се едноставно како нелуѓе.
И Брн, што е лицемерно во ова? Тука разговараме за марихуаната, па нема што да коментирам за алкохол или цигари. Алкохол конзумирам можеби два пати годишно, а цигари секој ден. Никогаш и никому со ништо не сум наштетила, а и не обожавам да сум во гнасни и згужвани простории во кои не се дише од чад и кои се преполни со пијани луѓе. А и како што кажа Виктор, со тоа што јас пушам цигари не значи дека не сум свесна за нивното влијание, но никогаш и никому не сум кажала дека се кул, дека треба да пуши, дека не се штетни и дека се дури и корисни. Значи, со што немам право да си го кажам мојот став дека знам колку е марихуаната штетна?

ОК,ти никад не би пишувал да се пијат големи количини алкохол(како страстен конзумер),но сепак не би ни напишал дека УМЕРЕНАТА конзумација е штетна,бидејќи знаеш дека не е,по свое лично искуство.
Гледаш аналогија?
Као ти умерено конзумираш марихуана, па затоа сметаш дека не е штетна? Од кога постојаното е умерено?
Сите пообразовани, повозрасни и постручни луѓе кои пишуваат километарски постови на темава се прости, а ти си најпаметен и се знаеш. Отвори се земјо и голтни ме ... толку имам да ти кажам.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не Дивне, сите треба да се фатиме за раце и заедно да викаме "марихуана, мариуана, марихуана", што би рекол видовити Милан. Сите треба да се правиме неарни, за да си ја разгалиме совеста дека сепак, тоа што марихуаната е дрога, не не прави дрогаши... И уште повеќе, треба да популизираме дека е нештетна, дека лечи рак, притоа не размислувајќи дека некој може ќе си помисли дека стварно лечи:uvo:... Неам ништо против оние што дуваат, ама оние што бамборат дека е нештетна, ја навредуваат мојата,а и својата интелигенција. Јас исто така се слагам со Виктор и ти. И ја сум пушач али сум свесна за сајд ефектите што пушењето ги носи... И никогаш не би кажала дека било кој порок е убав, сонцест, невлијателен било на физичка и психичка база... Ама тука муабетот е-седи не ме знаеш, дувам ја и види ме жив сум мамата, значи не е штетно...:nesvest::back:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Токму така, многу работи се штетни, особено алкохолот и цигарите, но јас како страстен конзумер на алкохол сигурно ви ниедна тема нема да напишам, “Деца, пијте си колку ви душа сака, нема ништо да ви се случи, ниту глава ќе ве боли, ниту бубрези ќе поебете ако претерате.“ Тоа е лага доколку го напишам, покрај фактот дека е неетички да кажам јавно “слободно конзумирајте алкохол, тоа не е лошо“. Ебано лошо е.
Апсолутно си во право, јас не го подржувам конзумирањето на било какви штетни пороци.

Ако се законски дозволени алкохолот и цигарите, тоа не ги прави помалку штетни, тука се согласувам. Меѓутоа, сведоци сме на интензивни државни кампањи на светско ниво, против овие две работи, кои со текот на времето се покажале и докажале како нешта што предизвикуваат зависност. Значи, генералниот тренд е повторно да се направат незаконски.

Илузорно и смешно е да се изедначува алкохол и цираги со марихуаната. Што е уште полошо, ме иритира кога некој пробува да ми докаже дека марихуаната не е дрога, или дека е помалку штетна од цигарите. И двете се проклетствија, тука да сме на чисто.

Но, разликата е што кај цигарите развиваш праг на толеранција и не постои the next level. Каде ќе одиш, што ќе чиниш, ќе пушиш 50 цигари на ден?? Утре сабајле!

А марихуаната е пострашна, кај неа постои the next level, прашање на време е само кога ќе стигнеш таму.

Марихуаната е вратата на рајот. Велам НА рајот, а не велам КОН рајот.
Бидејќи колку и да изгледа розево, позади неа е пеколот. Те мами, те искушува, те зашеметува и на крајот те заробува. По дифолт, човекот не е силно и јако суштество. Повеќе подлегнува, отколку што опстојува пред искушенијата. Затоа, смешни се сите изјави “можам да не дувам, да ја откажам кога сакам“, “не сум зависен/а, дувам само повремено“ и сл. други глупости. Тоа е исто како пушач да ти каже нешто во стилот „не сум пушач, тргам само 5-6 на ден“. Звучи трагично и смешно во обидот да се оправда.

Во крајна линија, цигарите се штетни, но пушачите барем можат да функционираат психофизички нормално, што не може да се каже за оние што дуваат. Убаво опиша Ада погоре, да не повторувам. Марата можеби не предизвикува фатални физички последици, но итекако предизвикува долгорочни социјални и психички последици, депресија, демотивација, параноја, заборавеност, затупеност, немање иницијатива и идеја за животот, со еден збор ЗОМБИ!!

И да се разбереме. Не постојат уживатели на дрога, постојат само корисници на дрога, без разлика на формата којашто се конзумира.
Кое следно ниво? Ако така гледаме и цигарите имаат следно ниво, тоа ниво е интензивна зависност и рак и смрт. Јас не познавам податоци за бројот на конзументи од марихуана кој што преминале на следното ниво, но сепак не верувам дека е голем колку што не убедуваат дека е.
Постојат уживатели на дрога, исто како што постојат уживатели на вино...многу дисторзирани погледи ни наметнуваат медиумите.

Човек што пуши, не ги загрозува другите, посебно доколку практикува да го прави тоа на обележаните места и не во фаца на непушач. Човек што конзумира алкохол, зависи од тоа какво пијанство има, ама најчесто може да ги загрози другите. Со алкохол во себе секој е во нестабилна состојба, која секоја ситница може уште повеќе да ја влоши. Човек што пуши трева е исто таков. Јас незнам кои светци се корисниците на марихуана кои тука ја величаат, ама знам какви биле многуте луѓе со кои сум имала контакт во таква состојба. Дека сум била малер и единствените лоши примери сум ги видела - не верувам. Затоа тврдам да, дека ја загрозуваат околината и тоа како. Знаат да малтретираат, да се насилни, да се чудни, да се едноставно како нелуѓе.
И Брн, што е лицемерно во ова? Тука разговараме за марихуаната, па нема што да коментирам за алкохол или цигари. Алкохол конзумирам можеби два пати годишно, а цигари секој ден. Никогаш и никому со ништо не сум наштетила, а и не обожавам да сум во гнасни и згужвани простории во кои не се дише од чад и кои се преполни со пијани луѓе. А и како што кажа Виктор, со тоа што јас пушам цигари не значи дека не сум свесна за нивното влијание, но никогаш и никому не сум кажала дека се кул, дека треба да пуши, дека не се штетни и дека се дури и корисни. Значи, со што немам право да си го кажам мојот став дека знам колку е марихуаната штетна?
Јас не знам како конзументите на марихуана штетат на другите. Се кријат затоа што е незаконски, се кријат за некој да не ги примети дека се надувани, и не загрозуваат никого освен себеси.
Да, јас сум исто така никотински зависник и знам точно какво е чуството.

Но јас друг проблем имам, мерењето на две или три лоши работи. Со што ги оправдуваат цигарите на тоа ниво за да ги пушат, и зошто не ја одобруваат марихуната?
Ако е лошо, лошо е мислам дека нема тука дискусија секоја од тие работи те носи на полошо на каков и да било начин. Сепак се работи за дрога која што е легализирана во една од најразвиените западни економии. Се разбира се тоа во умерена граница.

Но пак ќе се навратам, убаво рече виктор погоре. Јас ако пушам цигари и пијам алкохол нема да идам наоколу и да кажувам дека е тоа добро...но виктор сепак ги прифатил тие пороци.
Тој не мора да ја конзумира марихуаната за да ја стави на исто ниво со двете погоре, но кажување дека едното е полошо од другото по трет пат е фактот што ме иритира.

Тоа е како да се залагаш за нешто во кое не веруваш.
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Јас не знам како конзументите на марихуана штетат на другите. Се кријат затоа што е незаконски, се кријат за некој да не ги примети дека се надувани, и не загрозуваат никого освен себеси.
Да, јас сум исто така никотински зависник и знам точно какво е чуството.

Но јас друг проблем имам, мерењето на две или три лоши работи. Со што ги оправдуваат цигарите на тоа ниво за да ги пушат, и зошто не ја одобруваат марихуната?
Ако е лошо, лошо е мислам дека нема тука дискусија секоја од тие работи те носи на полошо на каков и да било начин. Сепак се работи за дрога која што е легализирана во една од најразвиените западни економии. Се разбира се тоа во умерена граница.
првото...не се знај каков филм ке истепа тој шо ке конзумира марихуана...некогаш се весели некогаш тажни и од кај знајш дали ке те нападни некој или не...значи човек ко ке е во таква состојба треба да му одиш по кефот за да не настрадаш...а јас така мирен не седам и да му одам по газот оти сакал да се надува то..е не можи..ете така можи да му наштети...второто цигарите не создаваат такви нешта...секакви измислени работи како што е марихуаната....и ај да видам некој нека пуши марихуана како цигара...40 нека испуши денот..има некој??нормално и цигарите носат болести но не влијаат на мозокот така?
 
Wannabemceez

Welcome to my WORLD!
Член од
17 јули 2007
Мислења
909
Поени од реакции
20
Капетанче ај вака брат..колку пати трева имам пушено в мала кај нас и имам нападнато некој???И дали ти знајш таков некој шо те има или има нападнато некој???
Иначе цигарите имат поголема штетност од тревата зошто ке ги испушуш 2 кутии денец,а трева нема теорија толку мн да испушиш во еден ден (не дека нема ама ке се скамени чоек).Незнам нема да се погодиме во ова никогаш...
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Капетанче ај вака брат..колку пати трева имам пушено в мала кај нас и имам нападнато некој???И дали ти знајш таков некој шо те има или има нападнато некој???
Иначе цигарите имат поголема штетност од тревата зошто ке ги испушуш 2 кутии денец,а трева нема теорија толку мн да испушиш во еден ден (не дека нема ама ке се скамени чоек).Незнам нема да се погодиме во ова никогаш...
вистина не ме имаш нападно никогаш ти и не ме имат ни други зато шо ко бев прва година и ко ги гледав другите гледав дека збеснуваја напушените(чача го знајш од бајро) и зато си бев мирен ко ке видев некој таков не оти ми сметаат тие шо пушат ама јас не ја сакам...а чек оти не можиш да испушиш две пакети трева во еден ден а цигари можиш?ако е поздрава поубо ти е да се труеш со цигари одколку здравјето да си го гледаш и да си ја тргаш мара?и за то шо нема да се сложиме нема никогаш...само истите муабети се вртат..и пак ништо не можиме да постигниме...
 
Wannabemceez

Welcome to my WORLD!
Член од
17 јули 2007
Мислења
909
Поени од реакции
20
Не бе брат...гледај...не дека неможи,него не е то работата ке се роботизираш и нема филинг поќе така,ме сваќаш?А таа личност шо ја спомна нема врска со трева,него роба и со тие сра*а и + како насилник си е познат типот така да кај него не прај разлика дали е напушен или не е.Финтата шо е...ќе се напушам и кулирам брат...не се замарам со никој и ништо си го гледам само мојот интерес и ме боли К шо ќе речат другите за мене и бла бла...
Тревата не те носи на насилност...можи да забораваш,се губиш по некад,забораваш шо збораш,се смејш,повраќаш по некогаш ама никад не напаѓаш(бар јас неам нападнато)....
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Као ти умерено конзумираш марихуана, па затоа сметаш дека не е штетна? Од кога постојаното е умерено?
Сите пообразовани, повозрасни и постручни луѓе кои пишуваат километарски постови на темава се прости, а ти си најпаметен и се знаеш. Отвори се земјо и голтни ме ... толку имам да ти кажам.
Не правев аналогија помеѓу мене и ВикторГГ,туку помеѓу алкохолот и марихуаната.
Али ти толку брзаш да ме нападнеш и испровоцираш на било кој начин,што дури не го примети горенаведеното.
Како и да е,се е ОК е од моја страна,твое право е да ме мразиш.
peace
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

:pos: И секако твое право е да си ласкаш дека сите се залетавме тебе да те мразиме...
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
:pos: И секако твое право е да си ласкаш дека сите се залетавме тебе да те мразиме...
Дискриминатор!
Дискриминираш цела една џанкерска субкултура само поради еден човек!
Стразбур за тебе!
:lut:
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
:pos: И секако твое право е да си ласкаш дека сите се залетавме тебе да те мразиме...
Ааааа,сваќам,сваќам...
Јас како ситно-мизерно-хуманоидно-битијченце(шо не е доволно еволуирано да се нарече битие),не сум ни одблиску доволно вреден,за да ја имам таа чест на омразеност од вашите длабокопочитувани мод.админ божества.
Сваќам,тоа е хиерархијата.
*ја наведнува главата и си оди*
*се надева дека коа ќе порасне,ќе го играат повеќе*

Дај бе молимте,не си ласкај самиот себеси.
Стварно ли мислиш дека на мене ќе има било каков ефект,ако ВИЕ ТРОЈЦАТА ме мразите/презирате/индиферентни сте или шо и да е останато?
Али ок,добро,убаво е за егото да мислиш дека имаш некаков импакт врз лугето.
Озбилно,знам.
БРИШИ!!!(пост)
 
Али ок,добро,убаво е за егото да мислиш дека имаш некаков импакт за лугето.
Озбилно,знам.
БРИШИ!!!(пост)
:pos: Ааајде сваќе аќе аќе...

И јас сфаќам многу работи, и ова го сфаќам, иако не ми се допаѓа. Ама фала Богу, уште многу многу работи не сфаќам, и се надевам дека еден ден ќе бидам барем близу до нивно сфаќање, бидејќи така ќе знам дека до некаде сум стигнал, зашто веднаш ако сфатам се`, ќе немам за што да живеам. Ме сфаќаш? :)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ааааа,сваќам,сваќам...
Јас како ситно-мизерно-хуманоидно-битијченце(шо не е доволно еволуирано да се нарече битие),не сум ни одблиску доволно вреден,за да ја имам таа чест на омразеност од вашите длабокопочитувани мод.админ божества.
Сваќам,тоа е хиерархијата.
*ја наведнува главата и си оди*
*се надева дека коа ќе порасне,ќе го играат повеќе*

Дај бе молимте,не си ласкај самиот себеси.
Стварно ли мислиш дека на мене ќе има било каков ефект,ако ВИЕ ТРОЈЦАТА ме мразите/презирате/индиферентни сте или шо и да е останато?
Али ок,добро,убаво е за егото да мислиш дека имаш некаков импакт врз лугето.
Озбилно,знам.
БРИШИ!!!(пост)
Поентата е дека никој тука нема никаков импакт врз другиот.
И мастурбирање со его е да се мисли поинаку.
Очигледно не го разбра Виктор:nesum:

Лично, неам никаков проблем со џанаци, уживатели на дрога или како и да е.
Но, имам проблем кога некој лаже други (во случајов оние со став ко твојот, значи не само ти, него пун курац други на темава) кои убедуваат дека има позитивни моментни марата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom