Мене ми се чудни споредбите на алкохол цигари и трава, многу пушачи на форумов кој што неизбежно пијат алкохол го одобруваат тоа а сепак ги подржуваат кампањите против рак и така натака.
Ако нешто е законски тоа не значи дека е по автоматика во ред или правилно.
Ако се законски дозволени алкохолот и цигарите, тоа не ги прави помалку штетни, тука се согласувам. Меѓутоа, сведоци сме на интензивни државни кампањи на светско ниво, против овие две работи, кои со текот на времето се покажале и докажале како нешта што предизвикуваат зависност. Значи, генералниот тренд е повторно да се направат незаконски.
Илузорно и смешно е да се изедначува алкохол и цираги со марихуаната. Што е уште полошо, ме иритира кога некој пробува да ми докаже дека марихуаната не е дрога, или дека е помалку штетна од цигарите. И двете се проклетствија, тука да сме на чисто.
Но, разликата е што кај цигарите развиваш праг на толеранција и не постои the next level. Каде ќе одиш, што ќе чиниш, ќе пушиш 50 цигари на ден?? Утре сабајле!
А марихуаната е пострашна, кај неа постои the next level, прашање на време е само кога ќе стигнеш таму.
Марихуаната е вратата на рајот. Велам НА рајот, а не велам КОН рајот.
Бидејќи колку и да изгледа розево, позади неа е пеколот. Те мами, те искушува, те зашеметува и на крајот те заробува. По дифолт, човекот не е силно и јако суштество. Повеќе подлегнува, отколку што опстојува пред искушенијата. Затоа, смешни се сите изјави “можам да не дувам, да ја откажам кога сакам“, “не сум зависен/а, дувам само повремено“ и сл. други глупости. Тоа е исто како пушач да ти каже нешто во стилот „не сум пушач, тргам само 5-6 на ден“. Звучи трагично и смешно во обидот да се оправда.
Во крајна линија, цигарите се штетни, но пушачите барем можат да функционираат психофизички нормално, што не може да се каже за оние што дуваат. Убаво опиша Ада погоре, да не повторувам. Марата можеби не предизвикува фатални физички последици, но итекако предизвикува долгорочни социјални и психички последици, депресија, демотивација, параноја, заборавеност, затупеност, немање иницијатива и идеја за животот, со еден збор ЗОМБИ!!
И да се разбереме. Не постојат уживатели на дрога, постојат само корисници на дрога, без разлика на формата којашто се конзумира.