Добро, цитирај научно истражување кое вели дека канабисот лечи рак.
Канабисот не лечи рак, ама ако гледаш така, лек за рак нема.
Канабисот ги олеснува симптомите - докажано. И се применува во огромен број земји како лек. Не е само Холандија и САД. Има и други развиени земји што го користат за таа намена.
Друго својство што го има е да го намалува растот на некои видови на рак. На пример рак на бели дробови. Докажано е дека со консумација на канабис се намалува растот и дури се убиваат постоечките неопластични клетки. Тоа не е лек, ама е одреден начин на третирање на болеста. Исто како што чаеви нема да ти помогнат да излечиш настинка ама ќе ти помогнат да оздравиш побрзо.
Сега, тоа што кај нас се затруени луѓето со кампањи како ако консумираат марихуана ќе крадат торби на бабички и ќе газат девојчиња што преминуваат сред улица во пижами, тоа е друга работа.
На масата не и е битно да се информира, доволно е да владее мислење дека нешто е лошо. па уште ако ти пуштат реклама од влада дека е лошо и готово. Запечатено е.