Како вие би се однесувале кон учениците кога би биле професор/ка

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Aу шуба тема...

Јас би била строга и би барала максимална дисциплинираност. Сметам дека ако е некој мирен на час може да му влезе нешто во главата и во случај да не биде којзнае колку сконцентриран. И знам дека би давала посебни задолженија за казна ако се пречекори некоја граница.

Би им помагала на учениците да го совладаат материјалот, а доколку оценам дека некое дете помалку сфаќа, би нашла некој начин со одреден материјал (само за да не пишам единица).

Добро, знам дека зад таа строгост по малку ќе попуштам и ќе толерирам, ама ако ја злоупотребат таа толеранција, тогаш лошо ќе си поминат.

И би им дала мој број на телефон за да можат да ме побараат во било кое време ако нешто не им е јасно и им е потребна моја помош. Камо да имаат волја да учат, се` би направила да помогнам.
 

EVIL-B

Hip-Hop Legend
Член од
2 декември 2007
Мислења
357
Поени од реакции
4
Пред се би се трудел да ги воспитам и да ги научам колку што е можно повеќе за предметот кој би го предавал.За дисциплински мерки не би бил строг (посебно не на деца до 4 одд) но не би дозволил да ја злоупотребат добрината како пример да ме навредуваат да бегаат од моите часови и сл.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ооооо јас ќе бидам многу строга.Посебно за дисциплина.За учење и можеби не толку многу.Па добро се случува некогаш некој да не може да научи поради некоја си причина ама како што ќе бидам за дисциплина строга...абе и мравка да пројде има да се слушне.
 
Член од
12 септември 2007
Мислења
502
Поени од реакции
4
ќе се обидам да бидам фин.ама па зависи и од тоа како тие ќе се однесуваат кон мене.ако нешто се обидуваат да си играат мајтап,ќе бидам строг.сакам да има дисциплина,ама да не биде ептен,она мува да пролета да се слушне.А,за учење,да тука би бил малку построг,прво ќе си научиш па ќе си добиеш добра оценка.Не толерирам лижење газови
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.717
Поени од реакции
11.556
Ке се правам наудрен и ке пишам многу 1-ови. :vozbud:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
така ке се зафркавам на часови нема да ги испрашувам многу ама ако се праат манги одма во забелешка и 1 им лупам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom