simonce* напиша:
ko 1-NIKAD NE bi mu kazala,
ko 2 100%ke go pogodi mnogu
ko 3 valjda ke ima poremetuvanja
mari напиша:
Најискрено не би му кажала зошто се знае дека тоа мн. ќе го погоди и не би му кажала никогаш..
Koга го прочитав првиот пост, сакав цела тема да ја прочитам прво, па да дадам коментар. Арно ама, овие два поста последни ги прочитав и не можев да не искоментирам веднаш. Сигурна сум дека моето мислење ќе се совпадне со мислењата на другите кои пишале на темава.
Детето има право да знае дека е посвоено, има право и да сака да ги побара и запознае вистинските родители кога позрело ќе размислува. Сепак не е лесно да се каже вакво нешто, моментот е сигурно тежок и реакциите на детето секако дека нема да се рамнодушни. Може и да се почувствува предадено затоа што не му се кажало порано или затоа што го оставиле биолошките родители. Нормално е да го погоди. Штом остануваме погодени од обична банална расправија, сигурно и за вакво соопштение.
Себично е да се молчи, а грев да се лаже. Цел живот треба да живееш со мислата дека лажеш дете кое те сака, цел живот ќе треба да живееш со грижа на совест и измачувачки мисли од типот „Што ако дознае, а јас не сум кажал/а“. Едноставно, не е фер да биде исклучено од вистината.
Подобро да му се каже, па потоа само да одлучи што ќе прави, бидејќи сигурно нема да му кажеш кога ќе има 10 години и не разбира ништо.
Нормално е родителот да се плаши дека детето ќе го остави, ќе сака да биде со вистинската мајка, но најчесто ваквите случаи имаат убав крај.
Знам за случај кога на дечко му е кажано дека е посвоен, па имаше реакции. Направи се' за да ја запознае биолошката мајка, но сфати дека не може да ја сака колку што ја сака мајката која го пораснала, одгледала и помогнала во неговото воспитување и да стане личност каква што е ден денес.