Како би му кажале на вашето дете дека е посвоено?

PuMbA

BUCENCE
Член од
22 февруари 2006
Мислења
1.064
Поени од реакции
2
Сине сега кога порасна..јас и мајка ти имаме нешто да ти кажеме.Ти си посвоен
мислиш дека е тоа правилен начин.?! ОД кај знаеш како тоа ќе го поднесе ипак не е секојдневна работа нели?!
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Сине(без разлика дали е машко или женско) јас и татко ти уствари појма неаме кои ти се мајка и татко. ТИ уствари си на позајмица кај нас до 18 години а после моеж да раскинеш договор или па да го продужиш уште малце.
ПОјма неам. Али ако се најдам у таква ситуација најверајтно ќе си биде кажано се што е можно порано.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Тоа би го направила најрано кога ќе мислам дека детето разбира доволно за да ме сфати. Значи, некои 12-14 години... "Знам дека ова што ќе го слушнеш нема да те остави рамнодушен/на, но јас и татко ти сакаме да ја знаеш вистината, за да знаеш повеќе за себеси. Сакаме да знаеш дека те сакаме најмногу. Ние не сме твои биолошки родители, ти си посвоен/а. Ти си најубавото нешто што ми се случило во животот и те чувствувам како да си излегол/ла од мојата утроба, без разлика на тоа што не си. Се надевам дека ова нема да измени ништо во нашите односи. "
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Тоа би го направила најрано кога ќе мислам дека детето разбира доволно за да ме сфати. Значи, некои 12-14 години... "Знам дека ова што ќе го слушнеш нема да те остави рамнодушен/на, но јас и татко ти сакаме да ја знаеш вистината, за да знаеш повеќе за себеси. Сакаме да знаеш дека те сакаме најмногу. Ние не сме твои биолошки родители, ти си посвоен/а. Ти си најубавото нешто што ми се случило во животот и те чувствувам како да си излегол/ла од мојата утроба, без разлика на тоа што не си. Се надевам дека ова нема да измени ништо во нашите односи. "
Пристапот ти е одличен, ама во однос на возраста треба малку порано да се каже, отприлика од 5 до 7 години кога веќе ќе почне да се прашува кој е, од каде, зошто е... На 14, а денес и порано веќе влегува во пубертет, а потешки за разбирање од пубертетлии се само оние кои доживуваат втор пубертет на малку повеќе од 14. :wink:
Ако некогаш треба некому да кажам вакво нешто јас само би ги избегнала зборовите: "ти си посвоен/а", не знам некако ми звучат лошо. Би нашла замена за да звучат малку поблаго.
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Посвоеното дете треба да расне со сознанието дека мајка му и татко му не се негови биолошки родители, но дека тоа е минорно во споредба со се друго што значи родителството. Првпат кога некоја бремена жена ќе му го привлече вниманието, треба да се разговара со него, на начин соодветен на возраста, а тоа е на некои 3-4 години, и натаму да се продлабочува разговорот во различни периоди од созревањето кога детето ќе има нови прашања на оваа тема.
 

kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
секое дете има право да знае на време дека е посвоено бидејќи коа би дознало како повозрасно тогас настануваат компликациите.нормално дека би му кажала тогас кога кје биде во соодветните години да расудува оценува и постапува како што мисли али не би чекала да стане полнолетно па тогас да му кажам тоа е најголема грешка на сите родетели.:nenene:
 

GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
33
На детето мора да му се каже дека е посвоено, според мене најдобро е да му се каже на возраст од 5-7 години. Доколку не му се каже може да дознае од други, а тогаш ќе биде многу поболно за него, ќе се чувствува предадено и ќе мисли дека неговите родители го лажеле цел живот, односно не му ја кажале вистината.

Ова го кажувам од искуство, јас сум посвоена. Родителите, поточно мајка ми ми кажа на некои 4 или 5 години, прво ми кажуваше некои приказни за некое бебенце кое што неговите го оставиле на некое место и потоа го нашле други луѓе кое што го зеле и го чувале и сакале како свое. Може вака изгледа смешно, но за дете на таа возраст мислам дека тоа е еден од подобрите начини за прво да му се доближи целата ситуација, за подоцна да му се каже "вистината". Подоцна мајка ми ми кажа дека сум посвоена и ми раскажа се како се случило, дека не можеле да имаат деца и дека решиле да посвојат. Буквално се ми раскажа и ми кажа дека не е важно дали ми е биолошка мајка мајка или ме посвоила, важно е само дека премногу ме сака и се грижи за мене, тоа за мене беше доволно:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom