На детето мора да му се каже дека е посвоено, според мене најдобро е да му се каже на возраст од 5-7 години. Доколку не му се каже може да дознае од други, а тогаш ќе биде многу поболно за него, ќе се чувствува предадено и ќе мисли дека неговите родители го лажеле цел живот, односно не му ја кажале вистината.
Ова го кажувам од искуство, јас сум посвоена. Родителите, поточно мајка ми ми кажа на некои 4 или 5 години, прво ми кажуваше некои приказни за некое бебенце кое што неговите го оставиле на некое место и потоа го нашле други луѓе кое што го зеле и го чувале и сакале како свое. Може вака изгледа смешно, но за дете на таа возраст мислам дека тоа е еден од подобрите начини за прво да му се доближи целата ситуација, за подоцна да му се каже "вистината". Подоцна мајка ми ми кажа дека сум посвоена и ми раскажа се како се случило, дека не можеле да имаат деца и дека решиле да посвојат. Буквално се ми раскажа и ми кажа дека не е важно дали ми е биолошка мајка мајка или ме посвоила, важно е само дека премногу ме сака и се грижи за мене, тоа за мене беше доволно