Сосема си у право а и овие децата се под 7 години фиксно....овие тренерите и цела нација очигледно е дека се психопатиЏену грл, ти имаш 17 години, тие деца имаат 8. На 8 години никој на светов не може да ме убеди дека едно дете ќе одбере наместо да си игра џамлии у маало да оди во сала и да вежба цел ден на таков нечовечки начин како Кинезиве. Дечињата плачеа буквално.
Мене ми е јасно дека не може спиејќи да освоиш титула. Работа мора, се знае. И дисциплина и желба и се. Ама го погледна ти клипот? Така сигурно не вежбаш за твоите натпревари. Уште помалку па си вежбала на толку мала возраст.
Има граници, има посебни техники, вежби, начини како да постигнеш извесно ниво во одреден спорт. Ама волку екстремна техника ко оваа на Кинезиве мора да признаеш дека до сега не си видела.
Ме интересира ако твоето дете има прилика вака да тренира дали би му дозволил?:nesum:Епа баш заради тоа имаат успех затоа што тренираат од 6 години и тоа тешки тренинзи кои нашиве спортисти ни на 16 не ги тренираат,за да се има успех треба да се почне со тренинзи уште од 6 а не од 16.
Jaс би му дозволила, затоа што би била сигурна дека ќе успее да направи спортска кариера, за кога ќе биде на врвот на светскиот спорт да ми биде благодарен. Олимписките победници и медалоносци во секоја држава, каде и да одат, добиваат почит и се вистински херои, а за тоа што ние живееме во земја со изместени вредности е друга работа. Во држава каде што наместо да ги цениме оние што се вистински амбасадори на оваа земја, спортистите кои го обележаа 20-от век, ние се палиме на Ексклузив шоу и на Кременадлица 13. Да си олимписки медалоносец е нешто најубаво што може да му се случи на еден човек, ама како што кажав, на Балканот каде што владее мрзата, ова не го сметаат за правилно.Ме интересира ако твоето дете има прилика вака да тренира дали би му дозволил?:nesum:
Псај, и јас почнав на 8 години со потешки тренинзи, инаку пливам од мојата 4-та година. Јас ја фатив постарата генерација на тренери која навистина се однесуваше на сличен начин како Кинезиве. Еден тренер ни маваше шамари, не гаѓаше со пловка, ни ги пикаше главите во вода сосила, ама денес сум им благодарна на тие тренери, бидејќи стигнав до титулата Балкански шампион.Џену грл, ти имаш 17 години, тие деца имаат 8. На 8 години никој на светов не може да ме убеди дека едно дете ќе одбере наместо да си игра џамлии у маало да оди во сала и да вежба цел ден на таков нечовечки начин како Кинезиве. Дечињата плачеа буквално.
Мене ми е јасно дека не може спиејќи да освоиш титула. Работа мора, се знае. И дисциплина и желба и се. Ама го погледна ти клипот? Така сигурно не вежбаш за твоите натпревари. Уште помалку па си вежбала на толку мала возраст.
Има граници, има посебни техники, вежби, начини како да постигнеш извесно ниво во одреден спорт. Ама волку екстремна техника ко оваа на Кинезиве мора да признаеш дека до сега не си видела.
Благодарна? Или повеќе во стилот: „После толку мака ако не успеев, налет.“? Искрено Џену, мило ми е што си го постигнала тој успех, што немаш фрустрации од детство и што си задоволна од начинот на живот кој си го одбрала (односно, со кој си се помирила, зошто на 4 годишна возраст, тоа е одлука на твоите, а не твоја), ама твоите мора да се болно-амбициозни штом те поттикнале на вакво нешто и немале проблем со техниките на твоите тренери.Псај, и јас почнав на 8 години со потешки тренинзи, инаку пливам од мојата 4-та година. Јас ја фатив постарата генерација на тренери која навистина се однесуваше на сличен начин како Кинезиве. Еден тренер ни маваше шамари, не гаѓаше со пловка, ни ги пикаше главите во вода сосила, ама денес сум им благодарна на тие тренери, бидејќи стигнав до титулата Балкански шампион.
Виде ли на ЛОИ како се радуваа Кинезите? Имаа и зошто, 51 златен медал не е малку. А за гимнастика како што рече Реднек, треба од мноогу мала возраст да се почне.:smir:
Затоа сме пичка народ, дека размислуваат повеќето ко тебеИскрено, кога би морала да бирам меѓу тоа моето дете да стане семкар и Светски шампион со тренинзи ко кинескиве, радо би го одбрала првото. Барем никој нема да го тепа дур продава семки.
И никогаш не би форсирала да стане нешто на возраст на која не е свесен за своите одлуки. Ама тоа сум само јас.
Не ти се лутам, не се грижи.:smir:Благодарна? Или повеќе во стилот: „После толку мака ако не успеев, налет.“? Искрено Џену, мило ми е што си го постигнала тој успех, што немаш фрустрации од детство и што си задоволна од начинот на живот кој си го одбрала (односно, со кој си се помирила, зошто на 4 годишна возраст, тоа е одлука на твоите, а не твоја), ама твоите мора да се болно-амбициозни штом те поттикнале на вакво нешто и немале проблем со техниките на твоите тренери.
Извини што ова звучеше во стилот „имаш несовесни родители“, ама не ми беше тоа намерата, а и да го сфати така се надевам не ме мразиш. Само мене ми е крајно несфатливо како некој има срце детето што си го родил и кое има кревко телце од вкупно 18 кила, може да издржи без проблем да гледа како некој Мистер Строгоча го млати неговото дете, го дави под вода и го тепа со папучи. Без оглед на амбицијата, ова е веќе насилно и исфорсирано, а нешто што е такво не може да биде добро.
Иако сега веројатно ништо од тоа не ти е тебе важно... Затоа што си Балкански шампион, со тенденции да се искачува уште погоре и да ја направи нашава земја горда.
Ама по која цена бе...?
Искрено, кога би морала да бирам меѓу тоа моето дете да стане семкар и Светски шампион со тренинзи ко кинескиве, радо би го одбрала првото. Барем никој нема да го тепа дур продава семки.
И никогаш не би форсирала да стане нешто на возраст на која не е свесен за своите одлуки. Ама тоа сум само јас.
Напротив, јас се плашев ти да не добиеш таков впечаток. :smir:Немој да мислиш дека имам нешто против тебе, само дискутираме
Ова отприлика и јас ќе ти го одговорев.Епа супер што сама си одбрала да го живееш тој живот и што ти е мерак да успееш на тој пат на кој си тргнала. Ама, поентата е дека има деца чии родители за нив избираат каков живот ќе живеат. Едноставно викаат ова ќе праам шампионче...
И ајт на тренинг. Детето ни криво ни должно, треба да душата да му излага за да биде задоволен родителот. Тоа е лошото.
Иначе, ако ти сакаш сама, тогаш супер. Ама да пратиш четиригодишно дете на гимнастика и упорно да го тераш против негова воља да оди на тренинзи, тоа нема смисла, тоа е тортура.
Ова требаше као да ми ги отвори очите и да си речам „вау, вредело насиљево“?!Redneck Rebel напиша:Затоа сме пичка народ, дека размислуваат повеќето ко тебе
Инаку имам слушано дека нашиов најдобар голман ракометар Борко(не знам како се презиваше) тренерот го тепал со пумпа од точак ако нејќел да тренира. Знам уште ред примери ама ај да не набројувам.
Не требашеОва требаше као да ми ги отвори очите и да си речам „вау, вредело насиљево“?!
Ако треба да сме шампиони по пат на ќотек со пумпа од точак, ондак боље да сме пичка народ. Иако не сметам дека сме, зошто барем во спортот, и особено ракометот, сме релативно успешни.
На крај краева има и други полиња во кои можеме да се истакнеме без да има потреба од пумпи од точак. :wink: