Како Кинезите освојуваат медали? Вака...

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Џену грл, ти имаш 17 години, тие деца имаат 8. На 8 години никој на светов не може да ме убеди дека едно дете ќе одбере наместо да си игра џамлии у маало да оди во сала и да вежба цел ден на таков нечовечки начин како Кинезиве. Дечињата плачеа буквално.

Мене ми е јасно дека не може спиејќи да освоиш титула. Работа мора, се знае. И дисциплина и желба и се. Ама го погледна ти клипот? Така сигурно не вежбаш за твоите натпревари. Уште помалку па си вежбала на толку мала возраст.
Има граници, има посебни техники, вежби, начини како да постигнеш извесно ниво во одреден спорт. Ама волку екстремна техника ко оваа на Кинезиве мора да признаеш дека до сега не си видела.
Сосема си у право а и овие децата се под 7 години фиксно....овие тренерите и цела нација очигледно е дека се психопати:tapp::tapp:
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Епа баш заради тоа имаат успех затоа што тренираат од 6 години и тоа тешки тренинзи кои нашиве спортисти ни на 16 не ги тренираат,за да се има успех треба да се почне со тренинзи уште од 6 а не од 16.
 
Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Епа баш заради тоа имаат успех затоа што тренираат од 6 години и тоа тешки тренинзи кои нашиве спортисти ни на 16 не ги тренираат,за да се има успех треба да се почне со тренинзи уште од 6 а не од 16.
Ме интересира ако твоето дете има прилика вака да тренира дали би му дозволил?:nesum:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ме интересира ако твоето дете има прилика вака да тренира дали би му дозволил?:nesum:
Jaс би му дозволила, затоа што би била сигурна дека ќе успее да направи спортска кариера, за кога ќе биде на врвот на светскиот спорт да ми биде благодарен. Олимписките победници и медалоносци во секоја држава, каде и да одат, добиваат почит и се вистински херои, а за тоа што ние живееме во земја со изместени вредности е друга работа. Во држава каде што наместо да ги цениме оние што се вистински амбасадори на оваа земја, спортистите кои го обележаа 20-от век, ние се палиме на Ексклузив шоу и на Кременадлица 13. Да си олимписки медалоносец е нешто најубаво што може да му се случи на еден човек, ама како што кажав, на Балканот каде што владее мрзата, ова не го сметаат за правилно.
Не знам дали знаете како татко му на Иванишевиќ го тренирал. Му пуштал две топчиња наеднаш, ако го утне едното - уште 10 додатни минути тренинг. Понекогаш останувал на тренинг и до 8-9 часа дневно. Ама затоа, денес кога во Америка ќе ја спомнеш Хрватска, прва асоцијација е Иванишевиќ.
Без мака нема успех, општо познато.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Не го гледав видеото, ама одприлика знам како тренираат Кинезите за секој спорт.
1. Гимнастика не се тренира на 12-15 години, туку се почнува ептен рано.
2. Во нашите основни и средни школи место пушење, курвање и пиење кафе да постои една пеестина дисциплина, упорност и строгост од кај Кинезиве, наркоманијата, алкохолизмот ќе беа многу намалени.

Како што кажа Џену, држава со деформирани вредности сме. Во еден град ко Скопје да не можеш да најдеш 10 асални клубови вкупно по сите спортови, тоа многу кажува за иднината на младината.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Џену грл, ти имаш 17 години, тие деца имаат 8. На 8 години никој на светов не може да ме убеди дека едно дете ќе одбере наместо да си игра џамлии у маало да оди во сала и да вежба цел ден на таков нечовечки начин како Кинезиве. Дечињата плачеа буквално.
Мене ми е јасно дека не може спиејќи да освоиш титула. Работа мора, се знае. И дисциплина и желба и се. Ама го погледна ти клипот? Така сигурно не вежбаш за твоите натпревари. Уште помалку па си вежбала на толку мала возраст.
Има граници, има посебни техники, вежби, начини како да постигнеш извесно ниво во одреден спорт. Ама волку екстремна техника ко оваа на Кинезиве мора да признаеш дека до сега не си видела.
Псај, и јас почнав на 8 години со потешки тренинзи, инаку пливам од мојата 4-та година. Јас ја фатив постарата генерација на тренери која навистина се однесуваше на сличен начин како Кинезиве. Еден тренер ни маваше шамари, не гаѓаше со пловка, ни ги пикаше главите во вода сосила, ама денес сум им благодарна на тие тренери, бидејќи стигнав до титулата Балкански шампион.
Виде ли на ЛОИ како се радуваа Кинезите? Имаа и зошто, 51 златен медал не е малку. А за гимнастика како што рече Реднек, треба од мноогу мала возраст да се почне.:smir:
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527

Благодарна? Или повеќе во стилот: „После толку мака ако не успеев, налет.“? Искрено Џену, мило ми е што си го постигнала тој успех, што немаш фрустрации од детство и што си задоволна од начинот на живот кој си го одбрала (односно, со кој си се помирила, зошто на 4 годишна возраст, тоа е одлука на твоите, а не твоја), ама твоите мора да се болно-амбициозни штом те поттикнале на вакво нешто и немале проблем со техниките на твоите тренери.

Извини што ова звучеше во стилот „имаш несовесни родители“, ама не ми беше тоа намерата, а и да го сфати така се надевам не ме мразиш. :) Само мене ми е крајно несфатливо како некој има срце детето што си го родил и кое има кревко телце од вкупно 18 кила, може да издржи без проблем да гледа како некој Мистер Строгоча го млати неговото дете, го дави под вода и го тепа со папучи. Без оглед на амбицијата, ова е веќе насилно и исфорсирано, а нешто што е такво не може да биде добро.

Иако сега веројатно ништо од тоа не ти е тебе важно... Затоа што си Балкански шампион, со тенденции да се искачува уште погоре и да ја направи нашава земја горда.
Ама по која цена бе...?

Искрено, кога би морала да бирам меѓу тоа моето дете да стане семкар и Светски шампион со тренинзи ко кинескиве, радо би го одбрала првото. Барем никој нема да го тепа дур продава семки.

И никогаш не би форсирала да стане нешто на возраст на која не е свесен за своите одлуки. Ама тоа сум само јас. :)
 
Затоа сме пичка народ, дека размислуваат повеќето ко тебе :toe:

Инаку имам слушано дека нашиов најдобар голман ракометар Борко(не знам како се презиваше) тренерот го тепал со пумпа од точак ако нејќел да тренира. Знам уште ред примери ама ај да не набројувам.
 
Не ти се лутам, не се грижи.:smir:

Моите не ме запишаа на пливање за да ме малтретираат, ме запишаа за да научам да пливам и поради срцевите проблеми кои ми се јавија кога бев мало бебе. Верувала или не, кога научив да пливам убаво, моите ме прашаа, сакаш да продолжиш да пливаш професионално или не? Јас им реков да, сакам, колку и да ги слушав дерењата од некои тренери, сфатив дека така ќе се исчеличам, видов дека пливањето е многу убав спорт и дека го гради компетитивниот дух на една личност.
Мајка ми која е бивша одбојкарска репрезентативка на СФРЈ, најмногу настојуваше да не одам на пливање,(не дека се фалам со успесите на мајка ми, но ти ги спомна моите родители) да не се малтретирам уште од најрани години,(а како дете на спортист, нели родителите би требало најмногу да ме форсираат?) ама ете, уште од мали години сум сакала спорт и натпреварување, можеби и така ми било шкртнато. Еве на пример, моите родители се стоматолози и имаме ординација. Никогаш не ми рекле : Запиши се на стоматолошки, ќе работиш со нас. И да одлучам да собирам ѓубре, ми рекоа дека би ме поддржале.
Погоди што? Кога во трето одделение(9 години некаде) отидов на кардиолог, срцевите проблеми ги немаше:wink:
Но тоа што се "малтретирам" на тренинзи е моја работа и мене ми годи. Затоа Џену Грл нема матичен лекар, затоа Џену Грл не се разболела од грип од памтивек, додека сестра и која е пушач секој месец мора да е на некој клинички оддел и да прима некакви инфузии.

Ме праша погоре по која цена го правам ова. Го правам затоа што кога ќе победам и ќе ја чујам нашата химна како се интонира, се чувствувам како најгордата македонка воопшто во светот. Пливањево може да ми обезбеди стипендија на некои од факултетите во САД, дури можев да заминам оваа година во САД, но решив барем средношколските денови да ги поминам тука.

Немој да мислиш дека имам нешто против тебе, само дискутираме:)
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Епа супер што сама си одбрала да го живееш тој живот и што ти е мерак да успееш на тој пат на кој си тргнала. Ама, поентата е дека има деца чии родители за нив избираат каков живот ќе живеат. Едноставно викаат ова ќе праам шампионче...
И ајт на тренинг. Детето ни криво ни должно, треба да душата да му излага за да биде задоволен родителот. Тоа е лошото.
Иначе, ако ти сакаш сама, тогаш супер. Ама да пратиш четиригодишно дете на гимнастика и упорно да го тераш против негова воља да оди на тренинзи, тоа нема смисла, тоа е тортура.
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Немој да мислиш дека имам нешто против тебе, само дискутираме:)
Напротив, јас се плашев ти да не добиеш таков впечаток. :smir:

Епа супер што сама си одбрала да го живееш тој живот и што ти е мерак да успееш на тој пат на кој си тргнала. Ама, поентата е дека има деца чии родители за нив избираат каков живот ќе живеат. Едноставно викаат ова ќе праам шампионче...
И ајт на тренинг. Детето ни криво ни должно, треба да душата да му излага за да биде задоволен родителот. Тоа е лошото.
Иначе, ако ти сакаш сама, тогаш супер. Ама да пратиш четиригодишно дете на гимнастика и упорно да го тераш против негова воља да оди на тренинзи, тоа нема смисла, тоа е тортура
.
Ова отприлика и јас ќе ти го одговорев.
Мене ми е мило што ти си одбрала некои повозвишени цели од обично играње жмурка на толку мали години, всушност тоа значи дека веројатно си била паметно и релативно зрело дете. Твоите биле уште попаметни што ја оставиле таа одлука на тебе и не те направиле стоматолог instead.

Ама мислам дека секое дете заслужува да има нормално, палаво, мирно, ненасилно детство полно со игри и слобода, наместо да биде принудувано да трпи таква физичка тортура (ко Кинезиве) поради каприците на татко му и мајка му.

Сепак, има и такви што сами ја имаат желбата и потенцијалот, кои не се цел живот под притисок на нечии туѓи желби, луѓе како тебе. Да немаше такви, спортов може и ќе го забранеа поради бруталност и присила. :icon_lol:

Redneck Rebel напиша:
Затоа сме пичка народ, дека размислуваат повеќето ко тебе :toe:

Инаку имам слушано дека нашиов најдобар голман ракометар Борко(не знам како се презиваше) тренерот го тепал со пумпа од точак ако нејќел да тренира. Знам уште ред примери ама ај да не набројувам.
Ова требаше као да ми ги отвори очите и да си речам „вау, вредело насиљево“?!
Ако треба да сме шампиони по пат на ќотек со пумпа од точак, ондак боље да сме пичка народ. Иако не сметам дека сме, зошто барем во спортот, и особено ракометот, сме релативно успешни.

На крај краева има и други полиња во кои можеме да се истакнеме без да има потреба од пумпи од точак. :wink:
 
С

Спенсер

Гостин
Само да знаете колку се каам, шо како помал не почнав да тренирам нешо, шо било,пливаење,тенис,фудбал, тоа ми е голема грешка у живот,затоа би идел на ваков тренинг како кинезите бе, можда нема цел да го издржам али ке одам,
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Ова требаше као да ми ги отвори очите и да си речам „вау, вредело насиљево“?!
Ако треба да сме шампиони по пат на ќотек со пумпа од точак, ондак боље да сме пичка народ. Иако не сметам дека сме, зошто барем во спортот, и особено ракометот, сме релативно успешни.

На крај краева има и други полиња во кои можеме да се истакнеме без да има потреба од пумпи од точак. :wink:
Не требаше :icon_lol:
Прво, во ракомет сме успешни затоа што Трифун има пари и купува Русинки, Украинки и Србинки што биле правилно тренирани, а нашиве ракометарки реалност е дека не ги бива за кур.

Исто е реалност дека нашиот народ размислува: да не го пратам на фудбал нога ќе скрши, на бокс нос ќе скрши, на одбојка ќе шине нешто, од карате тепач ќе стане... подобро дома да си седи. И после кога ќе дојде некој натпревар на ТВ и ќе изгубиме, криви се не знам кој, а не сфаќаме дека во цела Македонија има неколку асални клубови со минимална посетеност.

Значи дали е подобро да биде удрено неколку пати во цела спотртска кариера некое дете( и да не успее како спортист важно ќе стане човек од него) или да се откаже после некое време и да се пијанчи во маало, или да чмае до доцни часови во град ??
Заради тие "тепања" и форсирања некои луѓе стануваат светски спортисти, или барем оттргнуваат од улица или пороци. Испаѓа дека таа строгост во најмала рака е злонамерна :smir:
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Зошто кажува The video is no longer available? Ајде некое друго видео ако сакате ставете за да видам што тренинзи имаат кинезите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom